Мики Јевремовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мики Јевремовиќ
Мики Јевремовић
Основни податоци
Родено имеМиодраг Јевремовиќ
Познат(а) и какоМики
Роден(а)27 март 1941
Кралство Југославија Белград, Кралство Југославија
Умрел(а)13 јануари 2017
Србија Белград, Србија
Жанр(ови)Поп
забавна музика
Занимање/њаПејач
Години активност1962–2016

Миодраг Јевремовиќ, попознат како Мики Јевремовиќ (српски: Мики Јевремовић), (Белград, 27 март 1941 — (Белград, 13 јануари 2017) - српски и југословенски пејач на забавна музика.[1][2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 1960-тите и 1970-тите години бил многу популарен во бившата СФРЈ. Учествувал на тогашните фестивали: „Ваш шлагер на сезоната“ („Ваш шлагер сезоне“ (Сарајево)), „Белградска пролет“ („Београдско пролеће“), „Загрепски фестивал“ („Загребачки фестивал“), „Опатиски фестивал“ („Опатијски фестивал“) и „Сплитски фестивал“. Во 1990-тите години учествувал на летните фестивали во Црна Гора. Во 1975 и 1976 година настапил на фестивалот Скопје (Бела хризантема, А брегот нема крај), а во 1986 година настапил на фестивалот Макфест (Бакни ме, залуди ме).

Соработувал со многу композитори во земјата и странство ( Борис Бизетиќ, Микис Теодоракис и др.).


Во седумдесеттите години на XX век, покрај Ѓорѓе Марјановиќ и Радмила Караклајиќ, бил многу популарен во Советскиот Сојуз.

На 29 декември 2016 година доживеал мозочен удар. Наредните две недели бил во кома. Починал на 13 јануари 2017 година[2].

Погребан е во Алеја на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград. [3]

Шах[уреди | уреди извор]

Покрај музиката, голема љубов му бил шахот, па учествувал на повеќе турнири во земјата и во странство. Најголем успех му бил реми со светскиот првак Анатолиј Карпов.[4][5][6]

Најпознати песни[уреди | уреди извор]

  • Мама
  • Пијам (Пијем)
  • Осумнаесет жолти ружи (Осамнаест жутих ружа)
  • Ако некогаш ја видиш Марија (Ако једном видиш Марију),
  • Со кого си кога времето е тажно (С ким си сада кад је тужно време),
  • Поетовата гитара (Песникова гитара),
  • Гркинка (Гркиња),
  • Лихнида, (препев од истоимената песна од Ефто Пупиновски)
  • Нека точат старо вино (Нека точе старо вино),
  • Црн куфер и гитара (Црни кофер и гитара)
  • Нарцисите плачат, љубов моја (Нарциси плачу љубави)
  • Црвено вино
  • Што да му кажам (Шта да му кажем)
  • Те губам (Губим те)
  • Кога би знаел дека е сама (Кад бих знао да је сама)
  • Мојот мал бел пес и јас (Мој мали бели пас и ја)
  • Те сакам повеќе од музика (Волим те више од музике)
  • Сама
  • Музиката нека свири само за неа (Музика нек свира само за њу)

Најпознати албуми[уреди | уреди извор]

  • Сакам само малку мир (Ја желим само мало мира) (Југотон 1973)
  • Те губам (Губим те) (Југотон 1974)
  • Црн кофер и гитара (Црни кофер и гитара) (Југотон 1977)
  • Гркинка (Гркиња) (ПГП РТБ 1983)
  • Јована (ПГП РТБ 1984)
  • Ти си како скапоцен камен (Ти си као драги камен), Романела (ПГП РТБ 1985)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]