Верица Каранфиловска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верица Каранфиловска
Родена 24 август 1983
Скопје
Националност Македонка
Занимање пејачка
Татко Драган Каранфиловски-Бојс

Верица Каранфиловска (родена на 24 август 1983, во Скопје) — македонска пејачка, најдобро позната по претставувањето на Македонија на Евровизија 2000 како дел од групата XXL со песната „100% те љубам“.

Ќерка е на познатиот Драган Каранфиловски-Бојс, кој пишувал песни за групата. Како дете настапила на многу детски фестивали со нејзиниот татко. Подоцна ја напуштила групата за да започне со соло кариера. Првиот сингл Заведи ме го објавила во 2003, а потоа и Романтична и Песна за Ана. Завршила филолошки факултет и денес живее во Катар.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Muzika.Net.Mk > Изведувачи > Верица Каранфиловска“. web.archive.org. 2004-11-12. Архивирано од изворникот на 2004-11-12. Посетено на 2022-05-09.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]