Биба Додева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Биба Додева
Родена Билјана Додева
14 април 1975
Скопје
Националност македонка
Позната поп пејачка

Билјана Биба Додева (родена на 14 април 1975 во Скопје)[1] — македонска поп пејачка и претседател на здружението „Борка“.

Животопис[уреди | уреди извор]

Уште како многу мала по­кажува интерес за музика, па така неј­зините родители ја запишале во МБУЦ Илија Николовски - Луј, отсек ви­олина. За време на школувањето имала многу јавни настапи и концерти. По за­вршувањето на нижото музичко училиш­те, поради специфичниот став на музи­цирање, наставната комисија и предложила да биде единствена во генерацијата на инструментот виола. Меѓутоа, таа сме­тала дека нејзиниот темперамент музички најдобро се изразува вокално, па така не го продолжила музичкото образова­ние. Продолжила да пее и свири на ги­тара во училишните хорови и оркестри.

Првиот професионален настап се случил на нејзи­ниот осумнаесетти роденден, 1993 годи­на, кога заради забава и по наговор на нејзините пријатели, за прв пат настапила во ноќен клуб, непретпоставувајќи дека тоа ќе биде пресудниот момент во нејзини­от живот во однос на нејзината музичка кариера. Во текот на следните години, настапувала во Скопје и низ Македонија со бендови од различен состав, во зависност од приликите. Во меѓувреме по­кажала интерес и за компонирање, па така 1998 година на Скопскиот фести­вал, освен како изведувач, за прв пат се појавува и како кантавтор на песната "Кој си ти". Неколку месеци подоцна излегол синглот "И до крај", за во 1999 година повторно да се појави на Скопскиот фестивал каде стигнува до четвртото место, со нејзината композиција "Не барај ме". Истата година има нас­тапувано и во Франција, како победник на фестивалот за франкофони 1999 година, a во Германија заедно со Мама бенд.

Во 2000 година настапува на Макфест, повторно како кантавтор, со песната "Лаж­на надеж". Летото 2001 година со рок-синглот "Вистина", за кој е направен и видео­запис од страна на Зоом видеолутион, постигнува голем успех и долго време е на врвот на топ листите на радијата и телевизиските станици. Оттогаш нејзи­ната кариера почнува полека но сигурно да се движи во нагорна линија. 2001 година повторно настапува на Макфест со песната "Одам до крај". На мани­фестацијата Дванаесет величествени е номинирана за една од петте најдобри пејачки во Македонија за 2001 година.

Во февруари 2002 година е еден од учесниците на националниот избор на песна за Евровизија, Скопје-фест 2002, со песната "Необичен круг", со која оства­рува завиден успех. На почетокот на летото 2002, го промовира синглот "Една добра причина" кој е повторно број еден на топ листите. Малку подоцна, во ав­густ 2002 година настапува на Охрид-фест и го освојува првото место од публи­ката што е воедно и Гран при на фестивалот, со песната "Јас и мојот бенд", на Владимир Дојчиновски - Дојчин, која станува евергрин на македонската за­бавна музика. За таа песна, освен уникатниот видео-запис, прочуениот анима­тор Дарко Марковиќ - Дармар, инспириран од оригиналноста на песната, како и од текстот на истата, направи анимиран филм. Во октомври 2002 година, по трет пат учествува на Макфест, со баладата "Кажи љубов" и, како што народот вели, трета среќа. Ја освојува првата награда од публиката - Гран при на фес­тивалот и првата награда за интерпретација. Аранжерот на песната, Владимир Дојчиновски - Дојчин ја добива и наградата Драган Ѓаконовски - Шпато за нај­добар аранжман на фестивалот. Кон крајот на годината за прв пат настапува на фестивал надвор од Македонија, и тоа на фестивалот Малта сонг на Малта, каде поради голем интерес на медиумите, учествува во интервјуа на нивната локална телевизија, претставувајќи се со нејзините дотогашни песни.

Следната 2003 година, за прв пат ја добива наградата Најдобра пејачка за 2002 година, на манифестацијата Дванаесет величествени. На истата манифес­тација воедно е номинирана и во категориите најдобар хит и најдобар видео-спот. На манифестацијата Златна Бубамара 2003 година ја добива специјална­та награда за најдобри постигнувања во 2002 год како и наградата за најдоб­ра радио реклама заедно со авторот Александар Митевски за рекламата за ски-центарот Маврово. Десетина дена подоцна ја добива наградата Оскар на популарноста од читателите на весникот Вечер, како Најдобра пејачка за 2002 година.

Прво промовирање во соседна Србија и Црна Гора прави со настапот на фес­тивалот Sunflower, во Зрењанин во јули 2003 година. На фестивалот, според гласањето на жирито, е втора во категоријата вокална интерпретација. Во ав­густ истата година, настапува на фестивалот Voice of Asia, во Алма Ата - Казах­стан, каде е наградена со специјална награда од генералниот спонзор на фес­тивалот. Во текот на истата година има забележителни настапи и во Македони­ја, меѓу кои особено значаен е настапот на Самитот на Претседателите на др­жавите од југоисточна Европа, кој се одржа во Охрид, од 27 - 29 август.

Во ноември 2003 учествува на фестивалот во Бања Лука, каде ја освојува наградата за најдобар аранжман. Оттогаш, па до мај 2004 година, работи на подготовките за издавање на својот деби-албум Една добра причина. Албумот е промовиран на 1 јуни 2004 година, и истиот е во издание на издавачката куќа Queen production од Скопје.

Во 2020 настапила повторно на Макфест со песната "Птица" и го освоила осмото место.[2]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

  • Една добра причина (Queen production, 2004.)
  • Незаборавни (2020)

Синглови[3][уреди | уреди извор]

  • Врати се - 2014
  • Како некогаш - 2019
  • Скопје - 2019
  • Новогодишна - 2019
  • Птица - 2020

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Биба Додева“. web.archive.org. 2012-05-11. Посетено на 2020-10-05.
  2. „Официјални резултати од гласањето на стручното жири за "Макфест 2020". Посетено на 2020-10-06.
  3. „Профил на Биба Додева“. www.muzichkiregistar.com. Посетено на 2020-10-06.