Огнен Неделковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Огнен Неделковски (роден на 13 февруари 1972 година во Скопје) е драмски писател, текстописец и романописец.

Биографија[уреди | уреди извор]

Огнен Неделковски дипломирал драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1994 година, во класата на проф. Горан Стефановски. Прогласен е за студент на генерација во учебната 1993/94.

Магистер по драматургија. Магистрирал во 2018 година, на ЕФТА во Скопје. Работел како сценарист во МРТВ, а бил и раководител во Советот за радиодифузија на РМ и во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (каде што и денес работи.) Автор е на 10 радио драми, две едночинки изведени во рамките на претставите „Утешение грешним“ и „Грешните се утешија“ во Театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес.

Како сценарист, се испробал во повеќе жанрови („Пет години Балкан“ – 8 епизоди за кариерата на Тоше Проески, „Говорете македонски“, краткиот филм „Жарче“, ТВ серијата за деца „Големи и мали“, ТВ сериите „Сашко и Сашка“ и „Ѓоре Шнајдерот“, забавните емисии „Розови очила“ и „Во шема“, ТВ спотови, ТВ и радио реклами.

Огнен Неделковски е текстописец на околу 1200 текстови за поп и фолк песни. Песните се изведувани од поп и фолк елитата на македонската музика. Тоше Проески има отпеано 26 негови текстови: „Тајно моја“, „Усни на усни“[1], „Сонце во твоите руси коси“, „Има ли ден за нас“, „Излажи ме уште еднаш“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ и други.

Дела[уреди | уреди извор]

„Монографијата за Спомен куќата на Тодор Проески“;

Либретото за мјузиклот „Тајно моја“;

„Ловци на лажни вести од зграда 39“, роман за тинејџери[2];

„Жарче“, соавтор на сценарио филм;

"Авантурите на Итар Пејо", сценарио, телевизиска серија;

„ФАУСТ ВО Д МОЛ“, сценарио, краток филм:

"Преспав", сценарио, телевизиска серија;

"Си беше еднаш еден звук", сценарио, краток филм.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2021-12-26. Посетено на 2021-12-26.
  2. https://zenskimagazin.mk/intervju-so-ognen-nedelovski-pred-promocijata-na-romanot-za-tinejdzeri-nie-si-legnuvavme-vo-1930-ne-se-grizevme-za-politika-i-gi-sakavme-prle-tihi-i-marija-