Прејди на содржината

Бојан Јовановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Боки 13
Роден Бојан Јовановски
19 август 1986
Скопје, Македонија
Занимање шоумен, водител, пејач, менаџер и имитатор.

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 (Скопје, 19 август 1986 ) — македонски шоумен, водител, имитатор, менаџер и пејач,[1] познат по својата екстравагантност. Во 2019 година судските власти во Македонија покренале постапка со која се обвинува Јовановски, подоцна и притворува, за рекет, односно изнуда на парични средства од македонски стопанственици заради олеснување при судски процеси во кои се вмешани стопанствениците. Основач е на телевизијата 1ТВ и невладина организација, кои исто така се вмешани во скандалот „Рекет“.[2][3]

Бојан Јовановски завршил Факултет за туризам, но својата кариера ја гради во естрадните води. Своите почетоци ги забележува со организирање на церемонијата за доделување 13 награди на популарноста[4] по што го добива и прекарот „Боки 13“. Оваа манифестација Бојан ја прекинува со одржување и продолжува со водителските води каде досега имал неколку телевизиски емисии на неколку македонски телевизиски канали. Во меѓувреме, Бојан Јовановски започнува и со пејачката кариера и има свои композиции на македонски и српски јазик. Својата популарност ја достигнал со имитаторството на познати балкански пејачи и по својот женски стил на облекување. Во текот на својата досегашна кариера Бојан има одржано неколку концерти меѓу кои концертот во Охрид, концертот во Скопје, Штип, Битола и останати места во Македонија. Исто така конкурирал и на македонскиот избор за песна на Евровизија со пејачката Биг Мама.[5]

Како пејач досега ги има снимано следните композиции:

  • „Преко стола“ - на српски јазик
  • „Отвори се“ - на српски јазик
  • „Холивуд“ - на македонски јазик
СпотГодинаРежисер
Холивуд2008
Bomba.com 2008
Отвори се 2009Томато продукција
Деца ночи 2010Дејан Миличевиќ
Калигула 2012Дејан Миличевиќ
Само една песна таговна 2024Даниел Јовески
Све 2026Весна Петрушевска
13 причини2026Весна Петрушевска
13 разлога2026Бојан Јовановски,Давор Арџиќ
TBA2026

Правни постапки

[уреди | уреди извор]

Јовановски бил казнет со €15.000 за шверц на дизајнерска облека преку Меѓународниот аеродром во Скопје во март 2018 година.[6] На 15 јули 2019 година, Бојан Јовановски бil уапсен по налог на Обвинителството за организиран криминал под сомнение за рекетирање.[7] Овој настан се случил по објавувањето на видео и аудио снимка од неименуван извор од страна на италијанското списание „Ла Верита“, на кои се гледа како Јовановски добива мито од 1,5 милиони евра од македонскиот бизнисмен Јордан Камчев, кој пак бил обвинет за организиран криминал, за Јовановски да влијае врз обвинителката Катица Јанева, со која тврдел дека има блиски врски, да суди во корист на Камчев.[8] Јовановски, исто така, споменал на снимките дека контактирал со премиерот Зоран Заев, во врска со случајот. Заев цврсто ги негирал овие шпекулации, нарекувајќи ги неосновани и потсетил дека тој е оној што го пријавил случајот против Камчев.[9] На 18 јуни 2020 година, Јовановски бил осуден на девет години затвор за незаконско влијание и перење пари.[10]

Во април 2022 година, Јовановски бил прогласен за виновен и по обвинението за измама на двајца македонски бизнисмени за близу еден милион евра преку неговата невладина организација „Меѓународен сојуз“.[11]

Затворската казна од 9 години била намалена во 2025 година, на 5 години затвор, поради влошена здравствена состојба на Бојан Јовановски.[12]

  1. ↑ Боки станува пејач[мртва врска]
  2. ↑ „Затворска казна од 9 години за Бојан Јовановски и 7 години за Катица Јанева за случајот Рекет“. 18.6.2020. Посетено на 9 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. ↑ „Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен од затвор“. 28.11.2023. Посетено на 9 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. ↑ Ограбена куќата на Б. Јовановски[мртва врска]
  5. ↑ Exclusive.com.mk[мртва врска]
  6. ↑ time.mk
  7. ↑ „Makedonska policija uhapsila Bokija 13“. N1.rs (српски). July 2019. Архивирано од изворникот на 27 January 2020. Посетено на 18 August 2019.
  8. ↑ Објавени снимки од италијанскиот весник Ла Верита
  9. ↑ „Zaev: Neć da mi vladu sruše kriminalci i sujetan novinar“. N1.rs (српски). August 2019. Архивирано од изворникот на 18 December 2019. Посетено на 18 August 2019.
  10. ↑ „Boki 13 osuđen na devet godina zatvora, bivša tužiteljka na sedam“. N1.rs (српски). June 2020. Архивирано од изворникот на 9 December 2020. Посетено на 19 June 2020.
  11. ↑ Dedakin, I. (April 7, 2022). „"Vrhunac devijantnog uma": Boki 13 osuđen na 9 godina robije“. Nova S (српски).
  12. ↑ Од 9 на 5 години затвор

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]