Прејди на содржината

Паркети (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паркети
Основни податоци
ПотеклоБитолаРепублика Македонија
Жанр(ови)Гараж
Поп панк
Рок
Години на активност1991 - сега
Мрежно местоhttps://youtube.com/@sashoparket108?si=v6wxrPSjQ5ntx6mG
ЧленовиСашо Паркет
Зоки Паркет
Симс Себастијан Паркет
Ристе Паркет
Поранешни членовиГог Паркет
Пеце Паркет
Марија Паркет
Славе Паркет

Паркети се рок, панк група од Битола, Република Македонија. Формирана е во 1991 година од Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет.[1] Познати се по своите настапи во живо, изгледот и смислата за хумор.

Историја

[уреди | уреди извор]

Паркети биле оформени една деценија по првиот бран на панк музикта, кога веќе сè било слушнато и видено, од Sex Pistols преку Ramones, па и Шарло акробата и Пекиншка патка на просторите на Југославија. Во Битола, на крајот на осумдесеттите години, постоеле само неколку „андерграунд“ бендови кои правеле своја музика и само едно подрумско диско каде не се слушало турбо фолк.[2] Со падот на Југославија, државата повеќе не ги контролирала медиумите, па започнале да се отвораат нови приватни радија и телевизии, што му отворило место на сè и на секој. На Радио Битола и на некои локални телевизии започнале да се прават топ листи на „демо“ бендови на кои секој можел да гласа за својот омилен. Паркети секогаш имале препознатлив и специфичен звук. Нивните текстови секогаш имаат рима, но, како што сакаат да кажат членовите, текстовите се „апстракни“. Пример за „апстракноста“ во текстовите е песната „Супермен“ - „Нешто лета, црвено е, дали е фен? Не е фен - тоа е Супермен“. Првиот албум го снимиле во 1996 година и е именуван „Грижа на совеста“, а вториот - „Газирана хармонија“ бил снимен во 1998 и на него бендот има различен состав, односно на местото на Сашо Паркет - вокалист е неговиот брат. Сашо се враќа во бендот на почетокот на новиот милениум.

Паркети во своите песни обработуваат најразлични теми, но како што нагласуваат и самите, љубовни песни секогаш биле најискрени:

  • Песни без тема: „Портокали“, „Оса“, „Mуви“, „Едно млеко и едно кафе“, „Ева Мендез“, „Да ја ебам бабати на летање“ и други.
  • Песни со љубовна тема: „Бал“, „Mислам“, „На месечина те заборавив”,„Најмногу на целиот свет“, „Барбара“, „Песна со најубави ноти“, „Сакам да те галам“, „Strawberry” и други.
  • Понекогаш имало и песни кои имале допир со социјални теми и теми важни за Паркети а во таа категорија спаѓаат песните „Кафеави Џуџуња“, „Ние сакаме“, „Клара пуши трева“, „Sweet vegetarian“
  • Обработки на песни: „Ацо кабадаја“, „Шеќерна“, „Бандиера Роса“, „Bang Bang”, „Danny Boy” и други.

Концерти

[уреди | уреди извор]

Концертите на Паркети се секогаш оригинални и многу енергични. На нивните настапи имало сè - од моторни пили и експлицитен материјал, до кршење на картонски гитари.[2][3] До сега имаат учествувано на многу фестивали и имаат одржано неколку концерти меѓу кои најголем до сега е концертот во амфитеатарот во Хераклеја, 2009 година.[4]. Имаат одржано и мал акустичен концерт во Домот на културата во Битола во 2011 година.

Евровизија

[уреди | уреди извор]

Паркети имаат два пати учествувано на македонскиот избор за песна на Евровизија, но за жал неуспешно. Првиот пат во 2008 се претставиле со песната „Strawberry“, а вториот пат, во 2010, со песната „Ти си киси феномен“ со која го освоија последното место, и после настапот изјавија дека никогаш повеќе нема да учестуваваат на изборот за песна на Евровизија.

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Изданија на „Паркети“ Архивирано на 28 мај 2016 г. евидентирани од ВБУ Музички Регистар.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]