Слаткаристика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Marko Slatkaristika1.jpg

Марко Маринковиќ - Слаткар познат под сценското име Слаткаристика е роден на 15 август 1986 година во Скопје. Тој започнал со своите музички креации кога имал 12 години.

Биографија[уреди | уреди извор]

На возраст од 15 години, заедно со неговиот пријател Скит Скитара ја формирал хип-хоп групата "Единствена опција", а во 2004 година го издадоа албумот "Рап Тврдина". Заедно со Пука Козметика, Скит, Ел Маријачи, Боро Лаказ, Какар, Зеле, Сиги, Аце НЛ, Че и Димитриј Јеа, во 2008 година го формираа хип-хоп-екипажот "Токсикологија". Во мај 2009 година потпиша договор со продукција Јованов рекордс и го издаде својот прв соло албум под наслов "Слаткаристика Будало", кој постигна значителни успеси со песните "Шопинг", "ФМ", "Да полетам" и "Топ". ..најава на револуцијата на хип-хоп во Македонија.

Исто така имаше свои концерти во Охридско-Античкиот театар, Дом на култура-Штип и Струмица, Спортска сала "Младост" - Битола и Метрополис арена-Скопје. Во мај 2010 година беше издаден ДВД со неговиот голем концерт во Арената Метрополис во Скопје. Во 2011 година ги објави синглите "Класика" и "Екстра, екстра". Во 2012 извади нов албум кои постигна многу гледаност, Олабави ме, Сара, Разговор со совеста, Бум Бам и други. Во 2015 направи неколку хитови- "Бумеранг" и "Дими Џам". Во 2016 излезе една од неговите најслушани песни "Тик Так" која има 10.000.000 прегледи.Исто така излезе и песната Кажи Да која исто така стана хит. Во 2017 излезе песната која беше слушана низ цела македонија и која има скоро 13.000.000 прегледи- Терориста. Веднаш по Терориста ја извади песната Мани - Money. Во 2018 направил неколку песни, од кои се Луда Романтика во ,арт, Отворено Писмо во септември и неговата најнова песна Амстердам која што излезе во ноември. Во 2019 година направи низа проекти со "Урбан Рекордс" како што се песните "Дијаманти" со Два Бона и "Марадона" со Таско. Исто така тој го создаде првиот македонско-грчки музички проект наречен "Мариа".

Спотови[уреди | уреди извор]

Спот Година Режисер
Жолта штампа 2008
Остај ме да пишувам 2009
Шопинг 2009 Јован Јованов
FM 2009
Спушти се доле 2009
Да полетам 2010 Јован Јованов
Биди зелен 2010 Томато продкуција
Екстра,екстра 2011 Exit B Production
Класика 2011 Exit B Production
Tonight 2012 Огнен Шапковски
Олабави ме 2012 Огнен Шапковски
Добро да е 2013 Томато продкуција
Дими Џам 2014 Владимир Дади Ивановски
Тик,так 2016 Flux
Терориста 2017 Огнен Шапковски
Money 2017 Мартин Макариев
Луда Романтика 2018 Flux
Амстердам 2018 Огнен Шапковски
Дијаманти 2019 God Eye Production
Maradona 2019 God Eye Production
Dinero 2019 God Eye Production
Maria 2019 God Eye Production

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]