Таско (рапер)
Таско | |
---|---|
Tаско во 2019 година | |
Основни податоци | |
Родено име | Христијан Тасковски |
Роден(а) | 26 февруари 1996 |
Потекло | Скопје, Македонија |
Жанр(ови) | Рап, Трап |
Инструменти | Вокал |
Години на активност | 2011— |
Продукциска куќа/ќи | Urban Records |
Христијан Тасковски (често Кристијан Тасковски), подобро познат како Таско (р. 25 февруари 1996 година во Скопје) — македонски рапер и текстописец.[1][2][3]
Животопис
[уреди | уреди извор]Христијан Тасковски е роден на 25 февруари 1996 година во Скопје.[1] Како дете, тој започнал да пишува поезија и да победува на натпревари за текстопис.[4] Завршил средно училиште за електротехника во родниот град. После тоа, тој се запишал на еден, а потоа и на друг факултет, но не ги завршил студиите, туку се посветил на музиката. Пред активното занимавање со музика, тој бил полицаец.[5]
Започнал да се занимава со музика во 2011 година кога ја снимил својата прва песна,[5] набргу потоа се запознал со Тракер и започнал да соработува со Urban Records.[4] Тој го направил своето деби на музичката сцена во 2016 година со соработка со Мартин Петровски на песната Ламбурџини.[6] Станал познат во пошироката македонска јавност по објавувањето на синглот Рутина во април 2018 година.[7] Во текот на таа година, следувале соработки со Тракер и 2Бона, со кои објавил неколку песни.[3][8] Во април 2019 година објавил дует со Слаткаристика под името Марадона.[9]
Таско во текот на 2019 година имал турнеја низ Македонија, па во текот на летото одржал концерт во Охрид со Раста[4] и Маја Берович,[10] а во ноември со Раста, Римски и Корона одржал концерт во спортската сала Борис Трајковски во Скопје.[11][12][13]
Покрај музиката, Таско се занимава и со мода — тој е заштитно лице на компанијата Најк во Македонија и учествувал во претставувањето на новата колекција Nike Air Max Throwback Future Pack во текот на април 2019 година.[14]
Со оглед на зголемената популарност во регионот, Таско во 2019 година започнал да соработува со музичари надвор од Македонија, а во февруари 2020 година го издал дуетот Балкан Банда со босанскиот музичар Инас, а еден месец подоцна и песната Ди Каприо со Фокс.
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Ламбурџини (ft. Петро, 2016)
- Рутина (2018)
- Не ме боли (ft. Тракер, 2018)
- Моет (ft. 2Bona, 2018)
- Fuego (ft. 2Bona, Тракер, 2018)
- Air Max (ft. Кун, 2018)
- Ало (2019)
- Vendetta[15] (ft. Јосиф, 2019)
- Марадона (ft. Слаткаристика, 2019)
- Gang Gang (ft. 2Bona, Тракер, 2019)
- Ducati (2019)
- Ghetto Senorita (ft. T-Bratz, Томпе, Промо, Jayoh, 2019)
- Убиј ме (2019)
- Gran Turismo (2019)
- Amnesia (2019)
- Црна мечка (ft. Тракер, 2020)
- Балкан банда (ft. Инас, 2020)
- Di Caprio (ft. Fox, 2020)[16]
- Ice (2020)
- Loco (2020)
- Nevaljala (ft. Лина Пејовска, 2020)
- Криминал (2020)
- Психо (ft. Пајак, 2021)
- 100 Poziva (ft. Лина Пејовска, 2021)
- Bad Boy (2022)
- Ma Idemo (ft. Cvija, 2022)
- Tajne (ft. Раста, 2022)
- Намерно (ft. Пајак, 2023)
- Сафир (ft. Малена, 2023)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Јовановска, Андријана (7 ноември 2019). „„Девојките сега повеќе ме сакаат" – раперот Таско е новиот миленик на тинејџерите“. Reporter.mk. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ „Утринско кафе со Таско: Голем фан сум на филмови со суперхерои“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 24 март 2020.
- ↑ 3,0 3,1 „Тракер и Таско ве возат во нивната – „Црна мечка" (ВИДЕО)“. Vistina.mk. Архивирано од изворникот на 2020-03-24. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Искрено интервју со Таско: Срцето ми беше долг период под опсада, сега сум слободен“. Hashtag. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ 5,0 5,1 „Таско, биографија“. youtube.com. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ „Петро и Таско дебитираат со „Ламбурџини"“. RadioMK. Архивирано од изворникот на 2020-03-24. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ „10 прашања со Таско“. muzichkiregistar.com. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ „Инстаграм гори: Тракер и Таско во иднина се гледаат во "Црна мечка"“. Hashtag. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ „(Видео) СЛАТКАР И ТАСКО СРУШИЈА РЕКОРДИ СО НОВИОТ ХИТ „МАРАДОНА„!“. iNFOMAX.mk. 18 април 2019. Архивирано од изворникот на 2020-11-05. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ „Таско: Новата година претставува среќа, бидејќи славиме уште една успешна година во нашите животи (Фото+Видео)“. MUZIKA24.MK. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ „Зошто младите го сакаат Таско, кој не поднесува лицемери и оние кои зад грб "ставаат" ножеви!“. вечер. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ „Купи Карти За Се - Раста, Таско, Римски, Корона“. Купи Карти За Се (англиски). Посетено на 24 март 2020.
- ↑ Владимиров, Љубисав (10 ноември 2019). „(Галерија) Раста и Таско, тандемот кој растури во „Борис Трајковски"“. Reporter.mk. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ „Враќање во иднината со новата NIKE AIR MAX колекција“. Off. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ „Таско, новата македонска хип-хоп ведета ви ја претставува – „Вендета" (АУДИО)“. Vistina.mk. Архивирано од изворникот на 2020-03-24. Посетено на 24 март 2020.
- ↑ „Кристијан Тасковски - Таско“. muzichkiregistar.com. Архивирано од изворникот на 2020-10-15. Посетено на 24 март 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Таско на мрежното место Deezer
„Таско (рапер)“ на Ризницата ? |