Скопје фест

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Скопје Фест)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Скопски фестивал, Скопје фест или Фестивал на забавни мелодии Скопје — еден од главните музички настани во Македонија.

Фестивалот започнал во 1968 во Универзална сала во Скопје, и продолжил до 1980. Во ова кратко време, фестивалот станал еден од најголемите музички настани во Југославија. Скопје фест било местото каде познати македонски пејачи како Славе Димитров, Зафир Хаџиманов, Нина Спирова, настапувале заедно со југословенски изведувачи. Публиката уживала во повеќе од 50 песни.

Откако Македонија се осамостоила од Југославија, Скопје фест оживеал во 1994, и ја презел титулата за прв музички фестивал на Македонија од Макфест. Фестивалот вклучува некои од најдобрите македонски изведувачи, пеејќи оригинални песни испратени до МРТ, обично придружувани од оркестарот на МРТ (освен некои од последните изданија).

Фестивалот се користел за македонските национални селекции за Евровизија, уште од доцните 1990-ти. Првиот македонски претставник на Евровизија беше македонскиот пејач Владо Јаневски, кој победил на Скопје фест 1998 со песната Не зори зоро за Евровизија 1998.[1]

Победници[уреди | уреди извор]

Година Song Artist
1968 Срамежливи луѓе Виолета Томовска, Љупка Димитровска, Зафир Хаџиманов & Диме Томовски
1969 "Soul Makedonijo" (Соул Македонијо) Bezimeni
1971 Само ти Zoran Milosavljević
Miki Jevremović
1972 "Odi si" (Оди си) Dragan Mijalkovski
"Prispivna za rekata" (Приспивна за реката) Senka Veletanlić
1973 "Tivko tivko" (Тивко тивко) Goce Nikolovski
"Na ovoj den" (На овој ден) Nina Spirova
1974 "Golubica" (Голубица) Dragan Mijalkovski
"V oblak sonce" (В облак сонце) Маја Оџаклиевска
1978 "O, ljubov neverna" (О, љубов неверна) Зафир Хаџиманов
1994 "Ne me dopiraj" (Не допирај ме) Маја Оџаклиевска
1995 "Što te nema" (Што те нема) Лидија Кочовска
1996 "Samo ti" (Само ти) Калиопи
1997 "Manastirski son" (Манастирски сон) Pece Ognenov
1998 "Ne zori, zoro" (Не зори, зоро) Vlado Janevski
1999 "Sejačot" (Сејачот) Sašo Gigov Giš
2000 100% те љубам XXL
2001 "Nostalgija" (Носталгија) Andrijana Janevska
2002 Од нас зависи Karolina Gočeva
2007 "Mojot Svet" (Mojoт Свет) Karolina Gočeva
2008 Во име на љубовта Tamara, Vrčak, and Adrian
2009 Нешто што ќе остане Next Time
2010 Јас ја имам силата Gjoko Taneski feat. Billy Zver & Pejčin
2011 Русинкa Влатко Илиевски
2013 Ќе те чекам јас Ламбе Алабаковски
2014 Лисја есенски Даниел Кајмакоски
2015 Убава Eye Cue

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пред 22 години: Владо Јаневски влезе во историјата како прв претставник на Македонија за Евровизија“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2020-05-24.
  2. „Aleksandar Džambazov“. And the conductor is... Посетено на 20 September 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Профил страна за Скопје фест на ВБУ Музички регистар.