Прејди на содржината

Виола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виола
виола прикажана од напред и од страна
виола прикажана од напред и од страна
виола прикажана од напред и од страна
Класификација
Скала
Сродни инструменти

Виолата е гудачки инструмент, сличен на виолината, само нешто поголем. Кај виолата горната граница на висината на тонот е c3 во оркестарска изведба, а во солистичката достигнува и до а3.

Виолата е помалку виртуозен инструмент, а тонот го одликуваат потемни бои од виолината. Мекиот звук на виолата често се користи за пополнување на внатрешните хармонии.[1]

Постои уште една разлика меѓу овие два инструмента, а тоа е нотацијата. Кај виолата записот на нотите се врши во alt-C клуч, додека кај виолината се врши во виолински.

Виолата е претежно оркестарски и камерен инструмент. Соло литературата за неа е оскудна. Волфганг Амадеус Моцарт ја компонирал Концертната симфонија за виола и виолина, а Хектор Берлиоз ја напишал симфонијата "Харолд во Италија" за соло виола. Исто така, постојат и концертите за виола на Георг Фридрих Хендл и Јохан Кристијан Бах.

Историја

[уреди | уреди извор]
Виолата на Лудвиг ван Бетовен во Бонскиот оркестар (Музејот на Бетовен, Бон, Германија)

Постојат две толкувања за настанувањето на овој инструмент, т.е. неговите претходници. Порано се мислело дека виолата настанала од семејството на стари виоли (XV век): виола да брачо и виола да гамба. Постои уште една виола од оваа група, тоа е виола д’аморе, која е наречена така поради мекоста на својот звук.

Денес се смета дека виолата настанала од лирата да брачо, како нешто поголема варијанта на виолината.

  1. „Violin and Viola“. Oakville Suzuki Association. 2009. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2013-07-13.

Поврзано

[уреди | уреди извор]