Јан Палах

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јан Палах

Јан Палах (11 август 194819 јануари 1969; чешки изговор: [ˈjan ˈpalax]) бил чешки студент по историја и политичка економија на Карловиот Универзитет во Прага. Тој извршил самоубиство со самозапалување во знак на политички протест против инвазијата на Чехословачка од страна на СССР.[1]

Во август 1969 година трупите на Советскиот Сојуз навлегле во Чехословачка за да ги уништат либерализирачките реформи на владата на Александар Дубчек, наречени Прашка пролет. Јан Палах бил прв од група студенти кои решиле да се жртвуваат во знак на протест против инвазијата. Палах се самозапалил на 16 јануари 1969 год. на прашкиот Вацлавскиот Плоштад. Неговиот чин често се смета за симболичен гест кој го означил почетокот на крајот на Железната завеса.[2][3]

Палах пред смртта упатил широко распространет повик до другите студенти да не го следат неговиот пример. Неговиот погреб се претворил во масовен протест против окупацијата.[4] Еден месец подоцна, на 25 февруари 1969 година, уште еден студен, Јан Зајиц, се самозапалил на истото место. Во април истата година нивниот пример го следел Евжен Плоцек во Јихлава.


Наводи[уреди]

  1. „Чешка одбележува 44 години од смртта на Јан Палах“ (на Македонски). Плус Инфо. 19 јануари. http://www.plusinfo.mk/vest/76891/Cheshka-odbelezhuva-44-godini-od-smrtta-na-Jan-Palah. конс. 16 април 2013. 
  2. „Во Прага одбележана 41-годишнина од самозапалувањето на Јан Палах“ (на Македонски). ИдиВиди. 18 јануари. http://www.idividi.com.mk/vesti/evropa/574713/index.htm. конс. 16 април 2013. 
  3. „Чешка си припомнува на Јан Палах“ (на Македонски). Дојче Веле. 16 јануари 2004. http://www.idividi.com.mk/vesti/evropa/740920/index.htm. конс. 16 април 2013. 
  4. „Човечки факел“ (на Македонски). ИдиВиди. 16 јануари. http://www.dw.de/%D1%87%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D1%84%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%BB/a-2541024. конс. 16 април 2013. 

Надворешни врски[уреди]