Розамунд Пајк
Розамунд Пајк | |
---|---|
Пајк на фестивалот во Торонто во 2010 | |
Роден(а) | 27 јануари 1979 Лондон, Обединето Кралство |
Занимање | глумица |
Активен период | 1998–сè уште |
Партнер | Роби Унијаки (2009–) |
Деца | 2 |
Розамунд Мери Елен Пајк[1] (родена на 27 јануари 1979 г.) е англиска глумица.
Таа ѝ станала позната на светската јавност по улогата на бонд девојката Миранда Фрост во филмот Умри некој друг ден од 2002 година. Тоа била нејзина прва филмска улога за која ја добила наградата Емпајер за најдобра нова глумица. Пајк потоа играла во филмот Гордост и предрасуда (2005) кој бил адаптација на истоимениот роман на Џејн Остин и во драмата Неодолив развратник (2004), за која ја освоила британската независна награда за најдобра глумица во споредна улога. Улогите во филмовите Образование (2009) и Произведено во Дагенхам (2010) и донеле уште две номинации за истата награда. Таа исто така настапила во блокбастерите Џони Инглиш: Повторно роден (2011), Гнев на титаните и Џек Ричер (2012).
Нејзина најзначајна улога во досегашната кариера е улогата на Ејми Елиот-Дан во трилерот Исчезната на Дејвид Финчер од 2014 година, која и донела многу награди од здруженијата на филмски критичари како и номинции за Оскар, Златен глобус и БАФТА за најдобра глумица.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Пајк е родена во Лондон како единствено дете на оперските пејачи Каролина и Џулијан Пајк.[2] Таткото на Пајк моментално е професор по музика и раководител на оперските студии на Бирмингемскиот конзерваториум.[3]
Поради оперските кариери на своите родители, таа до својата седма година постојано патувала со нив низ Европа.[3] Пајк добила стипендија за училиштето Бадминтон во Бристол,[3] и додека ја глумела Јулија во театарската претстава Ромео и Јулија во Националниот младински театар, била забележана од агент кој и помогнал да ја започне својата професионална кариера.[3]
Откако била одбиена од многу драмски училишта, таа се запишала на студии по Англиска книжевност на колеџот Ведхем во Оксфорд, на кои дипломирала во 2001 година.[4]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Покрај англискиот јазик, Пајк течно ги зборува и германскиот и францускиот јазик. Таа знае да свири на виолончело.
Додека живеела во Оксфорд, Пајк била во врска со глумецот Сајмон Вудс која траела две години.[5] И покрај нивното прекинување на врската, тие глумеле љубовници во филмот Гордост и предрасуда. Во август 2007 година, Пајк се верила со режисерот Џо Рајт со кој започнала врска на снимањето на Гордост и предрасуда, кој бил режисиран од негова страна.[6] Нивната свадба била планирана за мај 2008 година, но тој ја откажал свадбата и парот се разделил.[7] Од декември 2009 година, таа е во врска со Роби Унијаки, математички истражувач.[8] Тие имаат два сина, Соло (роден на 6 мај 2012 г.)[9] и Атом (роден на 2 декември 2014 г.).[10][11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Rosamund Mary E Pike. England and Wales Birth Registration Index 1837–2008, FamilySearch. Retrieved 21 November 2014.
- ↑ Cavendish, Lucy (18 March 2009). „Rosamund Pike interview“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 22 May 2010.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Judith Woods (24 September 2010). „Rosamund Pike: From reluctant English rose to Britain's new screen queen“. Daily Mail. Посетено на 25 November 2010.
- ↑ „The name's Pike, Rosamund Pike“. The Guardian. 13 October 2002. Посетено на 25 November 2010.
- ↑ Barber, Lynn (24 May 2009). „I don't sleep around, if that's what you mean ... Would you like some more cake?“. The Guardian. London.
- ↑ Bamigboye, Baz (7 September 2007). „Rosamund Pike gets a ring from Mr Wright“. Daily Mail. Посетено на 26 May 2009.
- ↑ Barber, Lynn (24 May 2009). „I don't sleep around, if that's what you mean ... Would you like some more cake?“. The Guardian. London.
- ↑ Sawer, Patrick (20 September 2014). „Rosamund Pike: How my ex-addict lover (age 53) gave me new lease of life“. The Telegraph. Посетено на 13 October 2014. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Nicholl, Kate (6 May 2012). „Baby joy for Bond girl Rosamund Pike as she gives birth to son Solo“. Daily Mail. Посетено на 14 May 2012.
- ↑ „Rosamund Pike Welcomes a Son“. People. 4 December 2014. Архивирано од изворникот на 2015-02-16. Посетено на 4 December 2014. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Colette Fahy (12 February 2015). „'I was just sitting there butt naked!' Rosamund Pike reveals she stripped off to breastfeed son Atom backstage at BAFTAs“. dailymail.com. Посетено на 13 February 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Розамунд Пајк“ на Ризницата ? |
- Розамунд Пајк на Семрежната филмска база на податоци (англиски)