Јаја Саного

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јаја Саного
Yaya Sanogo 27-02-2016 1.jpg
Саного со Чарлтон Атлетик во 2016
Лични податоци
Роден на 27 јануари 1993 (1993-01-27) (28 г.)
Роден во Маси, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001930000001,93 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Тулуза Тулуза
Број 9
Младинска кариера
Осер Осер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2013 Осер Осер 21 (10)
2013-2017 Арсенал Арсенал 11 (0)
2015Кристал Палас Кристал Палас 10
2015–2016Ајакс Ајакс 3 (0)
2015Јонг Ајакс Јонг Ајакс 3 (0)
2016Чарлтон Чарлтон 8 (0)
2017- Тулуза Тулуза 61 (12)
Репрезентација
2008-2009 Франција Франција 16 18 (18)
2009-2010 Франција Франција 17 16 (9)
2010-2011 Франција Франција 19 9 (2)
2013 Франција Франција 20 10 (5)
2011-2014 Франција Франција 21 8 (5)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Јаја Саного (роден 27 јануари 1993) — француски професионален фудбалер кој игра за англискиот клуб од Премиер лигата, Чарлтон Атлетик, како позејмен играч од Арсенал, на позицијата напаѓач.

Тој ја претставувал Франција во селекциите до 16, до 17, до 19, до 20 и до 21 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Осер[уреди | уреди извор]

Откако неуспеал да заработи место во престижната Клерфонтејн академија, Саного му се приклучил на локалниот клуб Лес Улис, истиот клуб во кој како млад играл и се развивал легендата на францускиот фудбал Тјери Анри.[1] По една година во клубот, Саного го напуштил и дошол во академијата на Осер на возраст од 13 години. Во 2009 година го направил своето деби за вториот тим на Осер во Шампионат де Франс аматер. На 24 јануари 2010, тренерот на Осер Жан Фернандез го повикал Саного во првиот тим за натпреварот од Купот на Франција против Седан кој бил одигран на 26 јануари, еден ден пред неговиот 17-ти роденден. Исто така му бил доделен дресот со број 19.[2] Саного го направил своето професионално деби влегувајќи од клупата во 108-мата минута, а Осер го добил натпреварот по изведувањето на пенали со вкупен резултат 3-0.[3] На 5 мај 2010, тој го имал своето лигашко деби влегувајќи како замена во поразот со 2-1 од Лион.[4] На 6 ноември 2011, Саного го постигнал својот прв преофесионален гол во кариерата стрелајќи во мрежата на Тулуза при победата со 2-0.[5] За време на неговата последна сезона (2012-13) во Осер постигнал 10 гола на 13 настапи во Лига 2.

Арсенал[уреди | уреди извор]

На 5 јули 2013, Саного потпишал за англискиот премиерлигаш Арсенал и го добил дрессот со број 22, кој претходно бил носен од неговиот сонародник Франсис Коклен.[6] На 24 август, Саного го направил своето официјално деби за Арсенал против Фулам на Крејвен Котиџ појавувајќи се како замена за Лукас Подолски во 81-вата минута од натпреварот кој "топџиите" го добиле со 3-1.[7]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Англија Арсенал[уреди | уреди извор]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Yaya Sanogo, l'Aiglon de Bourgogne !“. Mali Football (француски). 28 October 2009. Посетено на 26 January 2010.
  2. „N°25 pour Bourgeois et N°19 pour Sanogo“. AJ Auxerre (француски). 26 January 2010. Посетено на 26 January 2010.
  3. „Auxerre v. Sedan Match Report“. L'Equipe (француски). 26 January 2010. Посетено на 26 January 2010.
  4. „Lyon v. Auxerre Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 5 May 2010. Посетено на 5 May 2010.
  5. „Auxerre v. Toulouse Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 6 November 2011. Посетено на 6 November 2011.
  6. Twitter / Arsenal: New French striker Yaya Sanogo
  7. Phillips, Owen. „Lukas Podolski grabbed a goal in each half as Arsenal secured a slick and clinical victory over Fulham in the teeming rain at Craven Cottage“. BBC. Посетено на 26 August 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]