Зоолошка градина, зоолошки парк, менаџерија или зоо е објект во кој животните се чуваат во кафези, се прикажуваат на јавноста и може да се размножуваат.
Изразот зоолошка градина се однесува на зоологија, дел од биологијата кој се занимава со проучување на животни и е изведен од грчките зборови зоон (ζῷον, „животно“) и логос (λóγος, „изучување“). Кратенката „зоо“ (на англиски се чита „зу“) за првпат била користена во Зоолошките градини на Лондон кои се отвориле како научно-истражувачки објект во 1828 година, а за јавноста во 1847.[1] Бројот на големи збирки на животни во отворени за јавноста низ целиот свет сега е над 1000, од кои околу 80% се сместени во градови.[2]
Зоолошката градина како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
„Во зоолошката градина“ - расказ на македонската писателка Оливера Николова.[3]
„Во зоолошката градина“ (At the Zoo) - песна на американското поп-рок дуо Сајмон и Гарфанкел (Simon & Garfunkel) од 1968 година.[4]
„Зоолошка станица“ (Zoo Station) - песна на ирската рок група „У2“ (U2) од 1991 година.[5]