Ведат Далокај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ведат Далокај
Vedat Ali Dalokay
Податотека:Vedat dalokay.jpg
Роден(а)10 ноември 1927
Елазиг, Турција
Починал(а)21 март 1991
НационалностТурчин
Зданијаџамија Шахџахан

Ведат Далокај (роден на 10 ноември 1927 - починал на 21 март 1991) бил познат турски архитект и поранешен градоначалник на Анкара.

Рани години[уреди | уреди извор]

Далокај е роден во Елазиг, Турција во 1927 година. Тој завршил основно и средно образование во истиот град. По ова заминал за Истанбул, а дипломирал на Техничкиот универзитет во Истанбул во 1949 година. Во 1952 година завршил пост-дипломски студии на Институтот за урбанизам на универзитетот во Париз, Франција.

Кариера[уреди | уреди извор]

Тој има добиени неколку награди за своите проекти во Турција. Едно од најпознатите дела на Далокај е џамија Шахџахан која се наоѓа во Исламабад, Пакистан и е една од најголемите во светот[1].

Во времето кога започнал конкурсот за изградба на џамија Коџатапе во Анкара, тој се пријавил на истиот и победил. Но, како резултат на контроверзни критики, неговиот проект бил повлечен.

Смрт[уреди | уреди извор]

Ведат Далокај починал во сообраќајна несреќа, заедно со неговата сопруга и неговиот син.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивска копија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-11-23. Посетено на 2011-03-08.