Експлоатација

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Експлоатацијата е искористување на искуство, богатство или вештини на други без награда. Феминистичката теорија тврди дека експлоатацијата е историска категорија која е основа за машките и за женските социјални односи карактеристични за патријархатот.

Роза Луксембург прва предложила дека односите меѓу машките и женските работници ја одразуваат постојаната хиерархија и експлоатација меѓу производителите и потрошувачите. Современиот феминизам го додава и психолошкото објаснување за експлоатацијата според кое жените се „предале” на нивната експлоатација преку интернализирана идеологија, создадена и почитувана од жените. „Супер експлоатација” е термин за присвојување не само на вишокот на труд, туку и на трудот и времето кои се потребни за самиот човечки опстанок, на пример, домашната работа.[1]

Белешки[уреди]

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. http://www.zdruzenska.org.mk/article.asp?id=336. конс. 22 јуни 2007.