Сони Андерсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сони Андерсон
Лични податоци
Роден на 19 септември 1970(1970-09-19)(53 г.)
Роден во Гојатуба, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988–1991 Васко де Гама 42 (1)
1992 Гуарани 18 (4)
1992–1994 Сервет 52 (31)
1994 Марсеј 20 (16)
1994-1997 Монако 91 (51)
1997-1999 Барселона 47 (16)
1999-2003 Лион 110 (71)
2003-2004 Виљареал 38 (13)
2004-2005 Ал Рајан 20 (24)
2006 Ал Гарафа 19 (6)
Репрезентација
1997-2001 Бразил 7 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Андерсон да Силва (роден на 19 септември 1970), познат како Сони Андерсон или само Андерсон, е поранешен бразилски фудбалер кој играл како напаѓач.

Благодарение на својот фантастичен завршен удар Сони Андерсон е познат како плоден стрелец на клупско ниво, кој најдобро ќе остане запаметен по неговите настапи во Лион, Монако (играше поголемиот дел од својата кариера во странство во Франција) и Барселона.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Гојатуба, Гојас, Андерсон започнал професионално да игра фудбал со екипата на Васко де Гама, но не успеал да направи ран впечаток; а откако не успеал да постигне погодок во 18 натпревари во неговата последна сезона, тој се преселил во Гуарани. Своето прво искуство во странство тој го имал во швајцарскиот Сервет, и неговото влијание во клубот било инстант, постигнувајќи 20 гола во неговата прва сезона, а потоа му помогнал на клубот да ја освои националната лига во следната сезона, постигнувајќи 11 погодоци само во првата половина од сезоната, откако го напуштил клубот во јануари 1994 година за да прејде во екипата на Олимпик Марсеј.

По шест месеци, со Феникијците кој административно биле исфрлени од лигата поради скандал со корупција, Андерсон се пресели во друг клуб од Лига 1, екипата на Монако. Тој бил дел од победничката екипа во лигата во сезоната 1996–97 и добил поединечни признанија и слично.

Во 1997 година, Сони и се приклучил на Барселона. Тој имал сериозна борба за статусот на прв избор во нападот покрај фудбалери како Луис Енрике и Патрик Клајверт, но тој поминал добро, постигнувајќи 10 пати во Ла Лига сам во неговата прва сезона во клубот, во која Каталонците ја освоиле двојната круна. Во својата втора година, играл помалку, што предизвикало негово враќање кон Франција, откако Олипик Лион и платил на Барселона околу 18 милиони . Тој бил многу важна фигура во офанзивата на клубот од Жерлан и еден од најзаслужните воопшто за првите две од седумте последователни титули во првенството на Франција.

На возраст од 33, Андерсон се вратил во Шпанија, потпишувајќи со Виљареал.[1] Во негова единствена целосна кампања, тој постигнал 12 гола, вклучително и еден против Реал Мадрид (1-0, по само две минути откако се појавил во игра), против поранешнниот клуб Барселона (2-1, во 89-тата минута) и против Валенсија (1-0), а во исто време и помага на популарната Жолта подморница да стигне до полуфиналето на Купот на УЕФА во сезоната 2003-04.

Сони ја завршил својата кариера во Катар. Тој потоа се вратил во Лион, за да работи со напаѓачите во тимот. Во јуни 2007 година, тој одиграл проштален натпревар на Стад Жерлан, во натпревар во кои се соочиле пријателите на Сони и Француските шампиони од 2002 година.

Во мај 2011 година, Андерсон ја започнал својата тренерската кариера, приклучувајќи му се на Нешател Ксамакс во Швајцарија. На 24 јули, по само два првенствени натпревари, тој бил отпуштен.[2]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Андерсон не успеал да го преведе неговиот клупски успех на репрезентативен план. Тој одиграл само седум натпревари, по неговото прво доаѓање во репрезентацијата во август 1997 година, против Јужна Кореја.

Титули[уреди | уреди извор]

Бразил Васко де Гама[уреди | уреди извор]

Швајцарија Сервет[уреди | уреди извор]

Франција Монако[уреди | уреди извор]

Шпанија Барселона[уреди | уреди извор]

Франција Лион[уреди | уреди извор]

Шпанија Виљареал[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Сони радост за Виљареал; UEFA.com, 9 јули 2003 година
  2. Neuchatel Xamax sack entire staff Архивирано на 26 октомври 2012 г.; ESPN Soccernet, 25 јули 2011