Марио Лемина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Габон Марио Лемина
FC Lorient - january 3rd 2013 training - Mario Lemina.JPG
Лични податоци
Роден на 1 септември 1993 (1993-09-01) (26 г.)
Роден во Либрвил, Габон
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Саутхемптон Саутхемптон
Број 18
Младинска кариера
Лорјан Лорјан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2013 Лорјан Лорјан 18 (0)
2013-2015 Марсеј Олимпик Марсеј 41 (2)
2015-2017 Јувентус Јувентус 29 (3)
2017- Саутхемптон Саутхемптон 25 (1)
Репрезентација
2013 Франција Франција 20 6 (0)
2013 Франција Франција 21 1 (0)
2015- Габон Габон 9 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 16 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 16 јануари 2012

Марио Лемина (роден на 1 септември 1993, во Либрвил) е габонски фудбалер, играч од средниот ред на Саутхемптон и на габонската репрезентација.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Лорјан[уреди | уреди извор]

Лемина ја започнал својата професионална кариера во екипата на Лорјан. Своето деби за првиот тим го направил го направил на 22 јануари 2013, во шеснаесттина-финалето од Купот на Фрнција против Седан.[1] Својата прва сезона како професионалец ја завршил со вкупно 14 настапи, 10 во првенството и 4 во купот.

Лемина во дресот на Олимпик Марсеј за време на сезоната 2013-2014

На почетокот на следната сезона, Лемина ги одиграл сите 4 првенствени натпревари на Лорјан за месец август, пред да го напушти клубот во последните часови од трансферниот прозорец.[2] Тренерот на Лорјан Кристијан Горкуф бил згрозен од неговото заминување изјавувајќи:"Клубот не може да зборува за амбиции кога ги продава своите најдобри играчи. Овој трансфер е само бизнис. Сакам луѓето да знаат дека не сум соучесник во оваа одлука. Јас претрпев. Некако, тоа е недостаток на почит кон мојата канцеларија, и моето минато во Лорјан."[3]

Олимпик Марсеј[уреди | уреди извор]

На 2 септември 2013 година, во последните часови од трансферниот прозорецот, тој потпишал за Марсеј за сума од 4.000.000 €.[4]

На 24 септември, го направил своето деби во дресот на Олимпик во натпреварот против Сент Етјен, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Димитри Паје.

На 23 ноември 2014 година, тој го постигнал својот прв гол во својата професионална кариера, во победата со 3-1 над Бордо на асистенција на Паје.

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 31 август, 2015 година му се приклучил на италијанскиот Јувентус на заем од една година, со право на откуп. Во договорот била вклучена и позајмица на играчите на Јувентус Маурисио Исла и Паоло де Челје во Марсеј.[5] Дебитирал за бјанконерите во Серија А на 20 септември играјќи 76 минути како стартер во победата со 2-0 на гости против Џенова.[6] На 26-ти истиот месец го реализирал својот прв гол за торинскиот клуб, во поразот со 2-1 на гостувањето кај Наполи.[7] На 3 ноември, дебитирал со Јувентус во Лигата на шампионите, влегувајќи на местото на Стефано Стураро во ремито 1-1 против Борусија Менхенгладбах.[8] Во текот на истиот месец станал жртва на воспаление во коленото која го принудила да остане надвор од фудбалските терени во следните четири месеци.[9]

Лемина се вратил во акција на 2 март 2016 година, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Ернанес во 71-вата минута во реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија, во кој Јувентус и покрај поразот со 3-0 на гостувањето кај Интер се пласирал во финалето на турнирот по изведување на пенали.[10] На 6 март го постигнал вториот гол за сезоната, во гостинската победа над Аталанта со 2-0 во лигата.[11] На 25 април со Јувентус го освојува своето прво скудето во кариерата;[12] Четири дена подоцна, во знак на позитивната сезона на Лемина и покрај долгата пауза заради повреди, Јувентус го откупил целиот договор на играчот од Габон за 9,5 милиони евра.[13] На 21 мај 2016 година, го освоил Купот на Италија, играјќи го целиот натпревар во финалето и одиграл значајна улога во акцијата по која Алваро Мората го постигнал одлучувачкиот гол со кој бил победен Милан со 1-0 по продолженија.[14]

Саутхемптон[уреди | уреди извор]

На 8 август 2017, Лемина потпишал петгодишен договор со англискиот Саутхемптон, откако клубот за трансферот на играчот му платил на Јувентус 17 милиони евра (плус 3 милиони во бонуси).[15] Со тоа станал најскапиот трансфер на светците во историјата на клубот.[16] Своето деби го направил на 20 август, во победата со 3-2 над Вест Хем Јунајтед.[17] Својот прв гол за Саутхемптон го постигнал во победата со 3–2 над Вест Бромвич Албион на 3 февруари 2018.[18]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Лемина бил повикан во составот на француската репрезентација под 20 години за настап на Светското првенство 2013 кое се одржало во Турција и на кое младите триколори го освоиле златниот медал; тој одиграл 4 натпревар на турнирот од кои 2 како стартер.

Во јануари 2015 година, бил избран во 23-цата играчи што требало да ја претставуваат репрезентацијата на Габон на Африканскиот куп на нации 2015, но тој одбил да настапува, тврдејќи дека сеуште "нема договор" со земјата во која е роден.[19] На 2 јуни, тој најавил дека сака да ги брани боите на земјата на потекло на неговиот татко и одбрал да ја претставува репрезентацијата на Габон на сениорско ниво, иако имал можност да настапува и за Франција.[20] На 28 август истата година. тој бил повикан за прв пат во репрезентацијата на Габон за квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации против Судан и пријателскиот натпревар против Замбија во септември.[21]. Дебитирал на 9 октомври 2015 во пријателски натпревар против Тунис што завршил 3-3 и притоа го постигнал својот прв погодок.

Во јануари 2017 бил повикан во репрезентацијата за Африканскиот куп на нации 2017 на кој неговиот Габон бил домаќин. Дебитирал на турнирот на 14 јануари во натпреварот против Гвинеја-Бисао што завршил 1-1, и со кој бил отворен шампионатот.[22]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 2 септември 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013 Франција Лорјан Л1 10 0 КФ+ЛКФ 4+0 0+0 - - - - - - 14 0
авг.-септ. 2013 Л1 4 0 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 - - - - - - 4 0
Вкупно Лорјан 14 0 4+0 0+0 0 0 0 0 18 0
2013-2014 Франција Олимпик Марсеј Л1 14 0 КФ+ЛКФ 1+2 0+0 ЛШ 4 0 - - - 21 0
2014-2015 Л1 23 2 КФ+ЛКФ 1+1 0+0 - - - - - - 25 2
авг. 2015 Л1 4 0 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 ЛЕ - - - - - 4 0
Вкупно Олимпик Марсеј 41 2 6+3 0+0 4 0 0 0 50 2
2015-2016 Италија Јувентус А 10 2 КИ 2 0 ЛШ 1 0 СИ - - 0 0
2016-2017 А 19 1 КИ 2 0 ЛШ 7 0 СИ 1 0 29 1
Вкупно Јувентус 29 3 4 0 8 0 1 0 42 3
2017-2018 Англија Саутхемптон ПЛ 18 1 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 19 1
2018-2019 ПЛ - - ФАКуп+ЛК - - - - - - - - - -
Вкупно во кариерата 65 4 8+3 0+0 5 0 0 0 81 4

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Франција Франција 20[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mario Lemina : « Un grand moment ! » sur ouest-france.fr
  2. „Lemina à l'OM, Gourcuff « écœuré »“ (француски). 02/09/2013.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  3. „Lemina loss leaves Gourcuff unhappy“ (англиски). 03 септември 2013.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  4. OM : Lemina, c'est 4 millions sur maxifoot.fr
  5. Lemina è un giocatore della Juventus“ (посет. 1 септември 2015 г). (на италијански)
  6. La Gazzetta dello Sport (уред.). „Genoa-Juventus 0-2, il tabellino“. конс. 27 maggio 2016.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  7. Gianluca Monti (26 settembre 2015). La Gazzetta dello Sport, уред. „Napoli-Juventus 2-1: Insigne e Higuain inguaiano Allegri. Lemina, gol inutile“. конс. 10 dicembre 2015. 
  8. Marco Gaetani (3 novembre 2015). La Repubblica, уред. „Borussia Moenchengladbach-Juventus 1-1, Lichtsteiner torna e firma il pari“. конс. 27 maggio 2016. 
  9. Goal (уред.). „Lemina chiarisce: "Non è vero che sta andando male alla Juventus". конс. 22 maggio 2016.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  10. Sportmediaset (уред.). „Coppa Italia, l'Inter si arrende ai rigori: Juventus in finale“. конс. 22 aprile 2016.  Unknown parameter |data= ignored (помош);
  11. L'Eco di Bergamo, уред. (6 marzo 2016). „L'Atalanta cade contro la Juve: 0-2. Allarme rosso, il Frosinone è a -4“. конс. 6 marzo 2016. 
  12. Timothy Ormezzano. „Juventus campione d'Italia: a Vinovo esplode la festa. Allegri: "Sono ancora più orgoglioso".  Unknown parameter |editore= ignored (помош); Unknown parameter |accesso= ignored (помош); Unknown parameter |data= ignored (помош)
  13. „Lemina, riscattato il cartellino“. 29 aprile 2016.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  14. „Killer Morata entra e stende il Milan. Goduria Juventus: anche la Coppa Italia“. 21 maggio 2016.  Unknown parameter |autore= ignored (помош); Unknown parameter |site= ignored (помош);
  15. Zvanicno: Mario Lemina je igrac Southamptona“, ju1897.net, 8 август 2017 (посет. 9 август 2017 г). (на српски)
  16. Mario Lemina: Southampton sign Juventus midfielder for £15.4m“, „BBC Sport“, 8 август 2017.
  17. Chapman, Caroline (19 August 2017). „Southampton 3–2 West Ham United“. BBC Sport. конс. 20 August 2017. 
  18. West Bromwich Albion 2–3 Southampton“, BBC Sport, 3 февруари 2018 (посет. 4 февруари 2018 г).
  19. OM : Mario Lemina refuse la convocation du Gabon, www.rtl.fr, 28 décembre 2014.
  20. „Lemina choisit le Gabon“. 2 јуни 2015.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  21. Quentin Moynet (28 август 215). „Can 2017 : Mario Lemina va enfin jouer avec le Gabon“.  Unknown parameter |site= ignored (помош);
  22. Afcon 2017: Guinea-Bissau grab shock draw against Afcon hosts Gabon

Надворешни врски[уреди | уреди извор]