Гелор Канга
| Гелор Канга | |||
|---|---|---|---|
|
| |||
| Лични податоци | |||
| Полно име | Гелор Канга | ||
| Роден на | 1 септември 1990 | ||
| Роден во | Ојем, Габон | ||
| Држава |
| ||
| Висина | 1,67 м | ||
| Позиција | среден ред | ||
| Клупски податоци | |||
| Сегашен клуб |
| ||
| Број | 8 | ||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
| 2007-2010 |
| 49 | (9) |
| 2010-2012 |
| 50 | (11) |
| 2012-2013 |
| 23 | (5) |
| 2013-2016 |
| 70 | (7) |
| 2016-2018 |
| 39 | (9) |
| 2018-2020 |
| 69 | (28) |
| 2020- |
| 136 | (27) |
| Репрезентација | |||
| 2012- |
| 76 | (4) |
Гелор Канга (р. 1 септември 1990 , во Ојем) — габонски фудбалер, играч од средниот ред на Црвена ѕвезда и на габонската репрезентација.
Кариера
[уреди | уреди извор]Канга е роден во Ојем, Габон. Во својата татковина тој играл за екипите на Мангаспорт (2007-2010), Мисил (2010-2012) и Мунана од Либрвил со која во сезоната 2012-2013 го освоил Купот на Габон.
На 9 февруари 2013 година, потпишал три и пол годишен договор со рускиот Ростов, со што ја започнал својата кариера на европскиот континент.[1] Своето деби во Премиер лигата на Русија го направил на 9 март 2013, против екипата на Аланија.[2] Во сезоната 2013-2014, под водството на тренерот Миодраг Божовиќ, Канга со Ростов го освоил Купот на Русија; во финалето против Краснодар кое Ростов го добил по изведување пенали, Канга го започнал натпреварот како стартер но поради повреда излегол уште во 18-тата минута и бил заменет од некогашниот фудбалер на Ливерпул, Флоран Синама Понгол. Канга бил играч на Ростов до летото 2016 година, а вкупно за клубот одиграл 82 натпревари и постигнал 8 голови.
На 1 јули 2016 година, Канга потпишал двегодишен договор со Црвена ѕвезда, во која стигнал на барање на тренерот Божовиќ кој го тренирал и претходно во Ростов.[3]
На 2 февруари 2018 година, Спарта Прага го купила Канга за необјавена сума.[4][5]
На 31 јули 2020 година, Канга се вратил во Црвена ѕвезда, потпишувајќи тригодишен договор со клубот.[6] Во сезоната 2020-2021, со црвено-белите ги освоил првенството и купот на Србија.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]За репрезентацијата на Габон дебитирал во 2012 година, во пријателски натпревар против Јужна Африка. Од тогаш тој бил редовен репрезентативец на својата земја и настапил за Габон на три изданија на Африканскиот куп на нации во 2015, на домашен терен во 2017 и во 2021 година.
Титули
[уреди | уреди извор]
Мангаспорт
[уреди | уреди извор]- 2007-2008
Мисил
[уреди | уреди извор]- 2010-2011
Мунана
[уреди | уреди извор]- Куп на Габон : 1
- 2013
Ростов
[уреди | уреди извор]- Куп на Русија : 1
- 2013-2014
Спарта Прага
[уреди | уреди извор]- Куп на Чешка : 1
- 2019-2020
Црвена ѕвезда
[уреди | уреди извор]- 2020-2021
- Куп на Србија : 1
- 2020-2021
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Канга стал игроком "Ростова" (ВИДЕО) (руски). FC Rostov. Архивирано од изворникот на 2015-02-09. Посетено на 23 March 2014.
- ↑ „Game Report“. Russian Premier League. 9 March 2013. Архивирано од изворникот на 17 January 2013.
- ↑ „Гелор Канга је нови Звездин играч“. crvenazvezdafk.com. 1 јули 2016. Архивирано од изворникот на 2022-02-05. Посетено на 9 јули 2016.
- ↑ „Guélor Kanga posilou Sparty“ [Kanga reinforce Sparta] (чешки). Sparta Prague. 2 February 2018. Архивирано од изворникот на 5 February 2018. Посетено на 3 February 2018.
- ↑ „Kanga u Sparti“ (српски). mondo.rs. 31 January 2018. Архивирано од изворникот на 2019-07-31. Посетено на 2022-02-05.
- ↑ „Канга поново у Звезди“ (српски). Посетено на 31 July 2020.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Гелор Канга“ на Ризницата ? |
- Гелор Канга на soccerway
- Гелор Канга на transfermarkt
- Гелор Канга на eurosport
- Гелор Канга на whosocred
| ||||||||
| ||||||||