Дидје Ибрагим Н'Донг
Дидје Н'Донг | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 17 јуни 1994 | ||
Роден во | Ламбарене, Габон | ||
Држава | Габон | ||
Висина | м | 1,79||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Дижон | ||
Број | 22 | ||
Младинска кариера | |||
Лорјан | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2011-2015 | КС Сфаксен | 40 | (2) |
2015-2016 | Лорјан | 48 | (2) |
2016-2018 | Сандерленд | 49 | (1) |
2018 | → Вотфорд | 0 | (0) |
2018-2019 | Генгамп | 12 | (0) |
2019- | Дижон | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2013 | Габон 20 | 6 | (0) |
2015- | Габон | 20 | (0) |
* Ажурирано на: 16 јануари 2012 ** Ажурирано на: 16 јануари 2012 |
Дидје Ибрагим Н'Донг — габонски фудбалер, играч од средниот ред на Дижон и на габонската репрезентација.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]КС Сфаксен
[уреди | уреди извор]Роден во Ламбарене, Западен Габон, Н'Донг се преселил во Тунис на многу рана возраст, каде што го ја започнал својата професионална фудбалска кариера играјќи за КС Сфаксен во туниското првенство. Своето професионално деби го направил во сезоната 2011-2012 под водство на тренерот Набил Куки, играјќи како стартер 80 минути во натпревар против Каируан на 26 септември 2012.[1]
Иако тоа бил неговиот единствен настап за сезоната, во текот на следната тој играл многу повеќе под водство на тренерот Руд Крол. Тој бил стартер во 12 од 14 натпревари во лигата (пропуштајќи ги останатите два поради суспензија по заработениот црвен картон во натпреварот од шестото коло против Гафса) и во сите 6 во плејофот постигнувајќи еден гол на 14 април 2014 во победата со 2-0 на гостувањето против Стад Тунисиен и помагајќи му на СФаксен да ја освои осмата титулата во историјата на клубот.[2]
Лорјан
[уреди | уреди извор]На 3 јануари 2015, Н'Донг потпишал 4 и пол годишен договор со францускиот прволигаш Лорјан.[3] Своето деби го имал на 7 февруари 2015 во победата со 3-1 на гости кај Рем, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Рафидин Абдула во 70-тата минута од натпреварот.[4] Својата прва полусезона во Европа ја завршил со 12 настапи сите во француското првенство.
Следната сезона бил постојан стартер за Лорјан започнувајќи во 34 натпревари. Својот прв погодок за клубот го постигнал на 20 септември 2015 во победата со 3-2 на гостувањето кај Монако во Лига 1 со прекрасен удар од преку 25 метри далечина.[5] На 7 ноември 2015 тој бил стрелец и во победата над Троја со 4-1 на Стад ду Мустуар.
Сандерленд
[уреди | уреди извор]На 31 август 2016, тој потпишал перманентен петгодишен договор со Сандерленд, за сума од 13.6 милиони фунти.[6] Со тоа станал најскапиот трансфер на црните мачки во историјата на клубот.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Дебитирал за габонската репрезентација во на 14 ноември 2012 година, во пријателски натпревар против Португалија кој завршил 2-2. Играл на Африканскиот куп на нациите во 2015 и 2017.
Хронологија на репрезентативните настапи
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 15 јануари 2017.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2011-2012 | Сфаксен | Л1 | 1 | 0 | КT | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | 0 |
2012-2013 | Л1 | 12+6[7] | 1+0 | КТ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 18 | 1 | |
2013-2014 | Л1 | 16 | 1 | КТ | 8 | 1 | ЛШ | 8 | 0 | КС | 0 | 0 | 32 | 2 | |
2014-2015 јан. | Л1 | 5 | 0 | КТ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 5 | 0 | |
Вкупно Сфаксен | 40 | 2 | 8 | 1 | 8 | 0 | 0 | 0 | 56 | 3 | |||||
јан. 2014-2015 | Лорјан | Л1 | 12 | 0 | КФ+ЛКФ | 0+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 12 | 0 |
2015-2016 | Л1 | 34 | 2 | КФ+ЛКФ | 5+1 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 40 | 2 | |
авг. 2016 | Л1 | 2 | 0 | КФ+ЛКФ | 0+0 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | 2 | 0 | |
Вкупно Лорјан | 48 | 2 | 6 | 0 | - | - | - | - | 54 | 2 | |||||
2016-2017 | Сандерленд | ПЛ | 16 | 0 | ФА+ЛК | 0+2 | 0+0 | - | - | - | - | - | - | - | - |
Вкупно во кариерата | 104 | 4 | 16 | 1 | 8 | 0 | 0 | 0 | 128 | 5 |
Титули
[уреди | уреди извор]КС Сфаксен
[уреди | уреди извор]- Туниско првенство (1) : 2012-2013
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „LiveTicker: JS Kairouan - Club Sportif Sfaxien“. Worldfootball.net. Посетено на 2013-06-25.
- ↑ „Didier Ibrahim Ndong champion de Tunisie avec le CS Sfaxien“. Les Panthernautes. Архивирано од изворникот на 2015-09-30. Посетено на 2013-06-22.
- ↑ http://www.bbc.co.uk/sport/0/football/30666857
- ↑ Stade Reims - FC Lorient 1-3
- ↑ Голот на Н'Донг против Монако на youtube
- ↑ http://www.skysports.com/football/news/11695/10559098/sunderland-close-on-didier-ndong-john-ruddy-steven-naismith-and-yann-mvila
- ↑ 6 настапи во плејофот
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дидје Ибрагим Н'Донг на soccerway
- Дидје Ибрагим Н'Донг на transfermakt
- Дидје Ибрагим Н'Донг на whoscored
- Дидје Ибрагим Н'Донг на espn
- Дидје Ибрагим Н'Донг на squawka
|