Павел Киров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Pavel-Kirov.jpg
Роден Желево, денес Грција
Починал 19 ноември 1906
Оштима, денес Грција


Павел или Павле Киров, наречен Кучкара,[1] (грчки: Παύλος Κύρου, Павлос Киру) е грчки андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Киров е роден во костурското село Желево. Другар на арамијата и војвода на ВМОРО, а подоцна и андартски капетан Коте Христов.

Загинал на 19 ноември 1906 година заедно со андартскиот капитан Димитар Далипов во село Ошчима (денес Тригоно) во судир со четите на Пандо Кљашев и Митре Влаот [2].

Германос Каравангелис за него вели:

Павлос Киру, грк, словенофон од Желево, беше еден од нашите најдобри агенти, со учителот Николаос од Желево, Наум и Трајко Ландзакис. На крај го прогласивме за главатор. Бугарите, откако разбраа за тоа, избезумија. Го предадоа на бугарскиот комитет и еден ден, кога излегуваше од селото, една банда го уби [3]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Κύρου, Τάκης. Ο καπετάν Παύλος Κύρου, Φλώρινα, 1978.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Спомени на Пандо Сидов в: „Борбите в Македония и Одринско (1878 - 191). Спомени“, Български писател, София, 1981, стр.647.
  2. Христо Силянов. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр.221.
  3. Каравангелис, Германос, „МАКЕДОНСКАТА БОРБА (СПОМЕНИ)“, приложение към „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ, ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001 г., стр. 366.