Бранко Заревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бранко Заревски бил македонски поет, критичар и публицист.

Биографија[уреди | уреди извор]

Заревски е роден во Битола на 19 ноември 1920 година. Починал во Скопје на 4 мај 1979 година. Завршил средно образование. Работел како новинар и уредник во весникот „Нова Македонија“ и во Заедницата за издавачка дејност на „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1970 година. Посмртно неговите песни се објавени во списанието „Современост“, Скопје, бр. 6, 1979 година и во книгата на Блаже Ристовски Македонскиот стих 1900-1944, Скопје, кн. 1, 1980, стр. 320-345.