Алфредо Краус (шпански: Alfredo Kraus) (Лас Палмас, 24 ноември1927 - 10 септември1999Мадрид) — шпански тенор, еден од најголемите лирски тенори на сите времиња[1]. Неговиот исклучително благороден глас, совршената техника, стилот, шармот и страственоста во интерпретацијата на улогите, како и исклучителниот интелект, култура и наобразованост, го вбројуваат во најмаркантните појави на оперската сцена на минатиот век. Ќе остане запаметен по леснотијата во пеењето во високиот регистар, неверојатниот метал и звучноста на гласот, кои ќе му овозможат да стане ненадминат изведувач на екстремно тешките партии на Артуро во „Пуританци“, Ернесто во „Дон Пасквале“, Едгардо во „Лучија ди Ламермур“, Војводата од Мантова од „Риголето“ и Вертер од истоимената опера[2].