Рахим Бурхан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рахим Бурхан
Rahim Burhan
Роден 24 ноември 1949
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Познат по режијата на:
Не! Не
Крвави свадби
Божицата на виолината
Занимање режисер

Рахим Бурхан (ромски: Rahim Burhan; Скопје, 24 ноември 1949) е македонски режисер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Бурхан е роден во Скопје на 24 ноември 1949 година. Тој е основач и раководител на Театарот на Ромите „Пралипе“ (на македонски „Братство“) во 1971 година во Скопје. Од 1991 година театарот „Пралипе“ соработува со театарот „Андер Рур“ во Милхајм, Германија[1]. Режирал многу претстави како: „Не! Не“, „Божицата на виолината“ („Маутие“), „Крвави свадби“, „Бибахтали“ („Несреќа“), „Соске“ („Зошто“), „Тхагар Едип“ („Кралот Едип“), „Орестија“, „Отело“, „Јерма“, „Ѕидот, водата“ и други. Живее во Нојс, Германија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бубевска, Александра (12 септември 2004). „Режисерот Рахим Бурхан повторно во Македонија“. А1. Посетено на 2009-12-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]