Јован Ќирилов
Јован Ќирилов Јован Ћирилов | |
---|---|
Јован Ќирилов на конференција во Словенија | |
Роден(а) | 30 август 1931 Кикинда, Кралство Југославија |
Починал(а) | 16 ноември 2014 Белград, Србија | (возр. 83)
Занимање | театролог, филозоф, писател, театарски селектор, поет |
Активен период | 1955–2014 |
Јован Ќирилов (српски: Јован Ћирилов), (Кикинда, 30 август 1931 - Белград, 16 ноември 2014) — српски театарски експерт, филозоф, писател, селектор на театар, поет и значаен соработник на српската култура.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ќирилов е роден во Кикинда. По завршувањето на училиштето во својот роден град, тој дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Белград во 1955 година. Тој бил на чело на Југословенскиот драмски театар од 1985-1999 година, а пред тоа работел како асистент на режија, помлад драматург, драматург и уметнички директор од 1956 година. Од основањето во 1967 до 2014 година, Јован беше уметнички директор и селектор на БИТЕФ фестивалот, најдолго во историјата на меѓународните театарски фестивали. Од 2001 до 2007 година, бил претседател на Националната комисија на Југославија.
Зборувал германски, англиски, француски, шпански, италијански, српски и студирал кинески.
Починал во Белград по кратка болест на 16 ноември 2014 година.
Творештво
[уреди | уреди извор]Ги напишал драмите:
- „Соба за четворица“ и
- „Куќата на тишината“ (со Мирослав Беловиќ),
сценаријата за филмовите:
- „Права состојба на работите“ (филм на Владан Слијепчевиќ),
- „Штитеник“,
- „Каде по дождот“ (прикажано во Венеција, Москва и Пула),
радиодрамите:
- „Ветровити друмови“ (на германски јазик, Радио Хамбург),
- „Механички секретар“ и други.
адаптации:
- „Проклета авлија“ од Иво Андриќ, заедно со Беловиќ
- „Откритие“ од Добрица Ќосиќ,заедно со Беловиќ
Бил автор на романи, неколку збирки поезија, театролошки есеи, книги за спомени, антологија на драми. Тој превел драми од Кристофер Фрај, Бертолт Брехт, Жан Жене, Стопард, Сем Шепард, Дејвид Мамет, Марбер.
Го превел прочуениот мјузикл „Коса“ од Милош Форман.
Пишувал колумни во списанието НИН, (наречено „Збор на седмицата“, од 1986 до неговата смрт), две колумни неделно во весникот „Блиц“ (наречен „Позориштарије“ и „Со рацете во џебовите“) и театарски вести во Лудус театарски весници.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Интервју са Јованом Ћириловим (Б92)
- Интервју са Јованом Ћириловим (Време, 24 април 2014)
- Последња Реч недеље (НИН, 20. новембар 2014)
- Јован Ќирилов на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Јован Ћирилов - тема броја,
- Легат Јована Ћирилова- скоро осам хиљада књига и 450 кутија архивске грађе (14 март 2017)
|
- Луѓе од Кикинда
- Родени во 1931 година
- Починати во Белград
- Починати во 2014 година
- Српски театролози
- Српски драматурзи
- Српски режисери
- Југословенски режисери
- Српски писатели
- Српски поети
- Српски сценаристи
- Југословенски сценаристи
- Српски есеисти
- Српски публицисти
- Српски преведувачи
- Српски театарски критичари
- Колумнисти
- Погребани во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта (Белград)