Општини во Хрватска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Општини во Хрватска (хрватски: općine) — административна единица во Хрватска која заедно со градот претставува второстепена управна целина на која се делат жупаниите во земјата.

Во 2017 г. Хрватска со нејзината 21 жупанија била поделена на 128 градови и 428 општини.[1][2]

Надлежности[уреди | уреди извор]

Општините се задолжени со задачи од месно значење кои непосредно ги задоволуваат потребите на граѓаните, а за кои не е надлежна државната власт по пропишан закон. Меѓу нив се вбројуваат: инфраструктурата, урбанизмот и домувањето, јавните служби, социјалата, здравството, образованието, културата и спортот, заштитата на потрошувачот, заштитата на животната околина, противпожарните бригади и цивилната заштита, месниот превоз и др.[3][4]

Општинска управа[уреди | уреди извор]

За месната самоуправа на општината е надлежен општинскиот совет (općinsko vijeće). Советниците се избираат на секои четири години на непосредни избори со пропорционален систем по Донтовиот метод. На чело на извршната власт на општината стои општинскиот началник (općinski načelnik), кој, заедно со неговиот заменик, се бира со мнозинско гласање, а може да се разреши со референдум. Општината има одделенија, предводени од одделенски началници назначени од општинскиот началник на основа на јавен конкурс.[3] [5]

Општините понатаму се делат на месни одбори (mjesni odbori) со избрани совети.

Список на општини[уреди | уреди извор]

Во 2017 г. во Хрватска имало 428 општини.[6] Тука се наведени по жупаниите на кои им припаѓаат:

Бјеловарско-билогорска жупанија[уреди | уреди извор]

Бродско-посавинска жупанија[уреди | уреди извор]

Вараждинска жупанија[уреди | уреди извор]

Вировитичко-подравска жупанија[уреди | уреди извор]

Вуковарско-сремска жупанија[уреди | уреди извор]

Дубровничко-неретванска жупанија[уреди | уреди извор]

Загрепска жупанија[уреди | уреди извор]

Задарска жупанија[уреди | уреди извор]

Истарска жупанија[уреди | уреди извор]

Карловачка жупанија[уреди | уреди извор]

Копривничко-крижевска жупанија[уреди | уреди извор]

Крапинско-загорска жупанија[уреди | уреди извор]

Личко-сењска жупанија[уреди | уреди извор]

Меѓимурска жупанија[уреди | уреди извор]

Осиечко-барањска жупанија[уреди | уреди извор]

Пожешко-славонска жупанија[уреди | уреди извор]

Приморско-горска жупанија[уреди | уреди извор]

Сисачко-мославинска жупанија[уреди | уреди извор]

Сплитско-далматинска жупанија[уреди | уреди извор]

Шибеничко-книнска жупанија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Zakon o područjima županija, gradova i općina u Republici Hrvatskoj“, 28 јули 2006 (посет. 9 септември 2011 г).
  2. Popovača dobila status grada“, „Poslovni dnevnik“, 12 април 2013 (посет. 27 јануари 2014 г).
  3. 3,0 3,1 Zakon o lokalnoj i područnoj (regionalnoj) samoupravi (pročišćeni tekst)“, 18 февруари 2013 (посет. 1 октомври 2016 г).
  4. The Constitution of the Republic of Croatia (consolidated text) - Croatian Parliament.Retrieved October 1, 2016.
  5. Zakon o lokalnim izborima“, 21 декември 2012 (посет. 1 октомври 2016 г).
  6. "Popis gradova i općina" (Microsoft Excel). uprava.hr. Ministry of Public Administration, Croatia. 10 June 2013. конс. 2 December 2015.