Движење на неврзаните
Движење на неврзаните |
||
---|---|---|
Земји членки Земји набљудувачи |
||
Членство |
|
|
Основана | 1961 во Белград | |
Страница csstc.org |
Движењето на неврзаните е меѓународна организација во која членуваат 121 земји членки главно земји во развој. Движењето на неврзаните се занимава со прашањето на националните борби за независност, надминувањето на сиромаштијата, економскиот развој на земјите и се противи на колонијализмот, империјализмот и нео-колонијализмот. Земјите членки на Движењето на неврзаните претставуваат 55% од населението на Земјата и речиси 2/3 од членките на Обединетите нации[1][2].
СФР Југославија до својот распад беше една од основачите и предводниците на Движењето. Нејзините земји наследнички по стекнувањето на независност го изгубија интересот за членување во движењето, но некои, Босна и Херцеговина и Србија, имаат статус на набљудувачи.
Самити на Движењето на неврзаните
[уреди | уреди извор]Самитите на Движењето на неврзаните обично се одржуваат на секои три години.
- Првиот самит на Движењето се одржува во Белград од 1 до 6 септември 1961 година. На самитот учествуваат 25 држави: 11 од Африка и Азија и Југославија, Куба и Кипар.
- Вториот самит се одржува во Каиро од 5 до 10 октомври 1964 година. Учествуваат 46 држави, при што најголем дел од новите членки се новите независни земји од Африка. Главни теми за дискусија се Израелско-арапскиот конфликт и Индиско-пакистанскиот конфликт.
- Третиот самит се одржува во Лусака од 8 до 10 септември 1970 година. Учествуваат 54 држави.
- Четвртиот самит се одржува во Алжир од 5 до 9 септември 1973 година. Светската нафтена криза од 1973 година е главна тема на самитот.
- Петтиот самит се одржува во Коломбо од 16 до 19 август 1976 година.
- Шестиот самит се одржува во Хавана од 3 до 9 септември 1979 година. Главната тема на самитот е односот на Движењето кон СССР и се дискутира околу формирањето антиимперијалистички сојуз со СССР.
- Седмиот самит се одржува во Њу Делхи од 7 до 12 март 1983 година.
- Осмиот самит се одржува во Хараре од 1 до 6 септември 1986 година.
- Деветтиот самит се одржува по вторпат во Белград од 4 до 7 септември 1989 година.
- Десеттиот самит се одржува во Џакарта од 1 до 7 септември 1992 година.
- Единаесеттиот самит се одржува во Картахена од 18 до 20 октомври 1995 година.
- Дванаесеттиот самит се одржува во Дурбан од 2 до 3 септември 1998 година.
- Тринаесеттиот самит се одржува во Куала Лумпур од 20 до 25 февруари 2003 година.
- Четиринаесеттиот самит се одржува по вторпат во Хавана од 11 до 16 септември 2006 година. На самитот е усвоена декларација со која се осудува употребата на прекумерна сила од страна на Израел во текот на Израелско-либанската војна, повикани се Обединетите Нации да бидат порепрезентативни за помалите земји членки, поддржана е иранската програма за јадрена технологија (за мирољубиви цели) и е осудена надворешната политика на САД.
- Петнаесеттиот самит е одржан во Шарм ел-Шеик во Египет од 15 до 16 септември 2009.
Земји-членки
[уреди | уреди извор]Моментални членки
[уреди | уреди извор]Следниве земји се членки на Движењето на неврзаните, по континент, по годината на прием:[1]
Африка
[уреди | уреди извор]Моментално секоја африканска земја (освен Јужен Судан) е членка на Движењето на неврзаните.
- Алжир (1961)
- Ангола (1976)
- Бенин (1964)
- Боцвана (1970)
- Буркина Фасо (1973)
- Бурунди (1964)
- Камерун (1964)
- Зелен ’Рт (1976)
- ЦАР (1964)
- Чад (1964)
- Комори (1976)
- ДР Конго (1961)
- Џибути (1983)
- Египет (1961)
- Екваторска Гвинеја (1970)
- Еритреја (1995)
- Есватини (1970)
- Етиопија (1961)
- Габон (1970)
- Гамбија (1973)
- Гана (1961)
- Гвинеја (1961)
- Гвинеја-Бисао (1976)
- Брег на Слоновата Коска (1973)
- Кенија (1964)
- Лесото (1970)
- Либерија (1964)
- Либија (1964)
- Мадагаскар (1973)
- Малави (1964)
- Мали (1961)
- Мавританија (1964)
- Маврициус (1973)
- Мароко (1961)
- Мозамбик (1976)
- Намибија (1979)
- Нигер (1973)
- Нигерија (1964)
- Република Конго (1964)
- Руанда (1970)
- Саун Томе и Принсип (1976)
- Сенегал (1964)
- Сејшели (1976)
- Сиера Леоне (1964)
- Сомалија (1961)
- ЈАР (1994)
- Судан (1961)
- Танзанија (1964)
- Того (1964)
- Тунис (1961)
- Уганда (1964)
- Замбија (1964)
- Зимбабве (1979)
Америка
[уреди | уреди извор]- Антигва и Барбуда (2006)
- Бахами (1983)
- Барбадос (1983)
- Белиз (1981)
- Боливија (1979)
- Чиле (1973)
- Колумбија (1983)
- Куба (1961)
- Доминика (2006)
- Доминиканска Република (2000)
- Еквадор (1983)
- Гренада (1979)
- Гватемала (1993)
- Гвајана (1970)
- Хаити (2006)
- Хондурас (1995)
- Јамајка (1970)
- Никарагва (1979)
- Панама (1976)
- Перу (1973)
- Свети Китс и Невис (2006)
- Света Луција (1983)
- Свети Винцент и Гренадини (2003)
- Суринам (1983)
- Тринидад и Тобаго (1970)
- Венецуела (1989)
Азија
[уреди | уреди извор]- Авганистан (1961)
- Бахреин (1973)
- Бангладеш (1973)
- Бутан (1973)
- Брунеј (1993)
- Камбоџа (1961)
- Индија (1961)
- Индонезија (1961)
- Иран (1979)
- Ирак (1961)
- Јордан (1964)
- Кувајт (1964)
- Лаос (1964)
- Либан (1961)
- Малезија (1970)
- Малдиви (1976)
- Монголија (1993)
- Мјанмар (1961)
- Непал (1961)
- Северна Кореја (1975)
- Оман (1973)
- Пакистан (1979)
- Палестински територии (1976)
- Филипини (1993)
- Катар (1973)
- Саудиска Арабија (1961)
- Сингапур (1970)
- Шри Ланка (1961)
- Сирија (1964)
- Тајланд (1993)
- Источен Тимор (2003)
- Туркменистан (1995)
- ОАР (1970)
- Узбекистан (1993)
- Виетнам (1976)
- Јемен (1990)
Европа
[уреди | уреди извор]- Азербејџан (2011)
- Белорусија (1998)
Океанија
[уреди | уреди извор]- Фиџи (2011)
- Папуа Нова Гвинеја (1993)
- Вануату (1983)
Поранешни членки
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „NAM Members & Observers“. Архивирано од изворникот на 27 March 2019. Посетено на 20 March 2019.
- ↑ „About NAM“. mnoal.org. Non Aligned Movement. Архивирано од изворникот на 23 March 2019. Посетено на 20 March 2019.
- ↑ 3,0 3,1 Bühler, Konrad (2001). State Succession and Membership in International Organizations. Martinus Nijhoff Publisher. ISBN 9041115536. Архивирано од изворникот 18 April 2021. Посетено на 18 November 2020.
- ↑ „Cyprus and the Non – Aligned Movement“. Ministry of Foreign Affairs, Republic of Cyprus. Архивирано од изворникот на 23 March 2014. Посетено на 23 March 2014.
- ↑ 5,0 5,1 „XIV Ministerial Conference of the Non-Aligned Movement“. South Africa Ministry for Foreign Affairs. Архивирано од изворникот на 1 June 2013. Посетено на 23 March 2014.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеsuspended
. - ↑ „Final Document of the 7th Summit of the Non-Aligned Movement -(New Delhi Declaration)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 8 October 2011. Посетено на 18 September 2016.
- ↑ Kin, Lai Kwok (2 September 1992). „Yugoslavia Casts Shadow over Non-Aligned Summit“. The Independent. Reuters. Архивирано од изворникот на 8 November 2012. Посетено на 24 August 2012.
- ↑ Indira Gandhi (6 September 1973). Address of Prime Minister Indira Gandhi (PDF). New Delhi: Ministry of External Affairs (India). Архивирано од изворникот (PDF) на 7 February 2022. Посетено на 17 April 2022.
- ↑ „Argentina Withdraws from Non-Aligned Movement“. Associated Press. 20 September 1991. Архивирано од изворникот 1 February 2022. Посетено на 1 February 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница на Движењето на Неврзаните Архивирано на 12 октомври 2007 г.
- 14-от Самит на Неврзаните (на англиски јазик) Архивирано на 5 ноември 2006 г.
|