Чета (воена единица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стандардна ознака на НАТО за чета.

Чета[1][2] — основна тактичка единица на некои родови на копнената војска и заднинските служби. Обично брои од 50 до 500 војници. Опремена е за различни операции во најразлични услови. Се состои од команден вод и уште неколку (обично два до четири) водови кои ја одредуваат неговата припадност кон родот или службата. Може да содржи и еден или повеќе независни одделенија. Една чета може да биде дел од баталјон, здружени тактички, самостојни родовски единици на копнената војска и самостојна. Во зависност од составот, намената и вооружувањето може да биде пешадиска, тенковска, извидувачка, инженерска, падобранска, чета за врски, поморско-пешадиска и сл. Големината на четата се движи до неколку стотици војници, а со неа командува офицер, најчесто со чин капетан.

Во артилеријата, единицата аналогна на четата се нарекува батерија, а во коњаницата ескадрон.

Наводи[уреди | уреди извор]