Знамиња на југословенските социјалистички републики

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Знамињата на југословенските социјалистички републики се знамиња не секоја од шесте составни републики. Републичкото знаме се бесело заедно со знамето на СФРЈ на државни празници и други свечености.

Поединечните знамиња на југословенските социјалистички републики биле:

СР Босна и Херцеговина
СР Македонија

СР Словенија
СР Србија
СР Црна Гора
СР Хрватска

Знамињата се базирани на стари знамиња на претходните составни нации на Кралството СХС и Кралството Југославија, кои во главно ги користеле пансловенските бои, црвена, бела и сина. Кон сите е придодадена комунистичката црвена ѕвезда. Македонското и босанското знаме се исклучок: македонското знаме е само црвено (заради новоформираноста на републиката), додека пак босанското е црвено со југословенското знаме во аголот, заради мешаниот карактер на населението таму.

Поврзано[уреди | уреди извор]