Прејди на содржината

Штокавско наречје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Распространетост на штокавското наречје пред преселбите во XVI век според српските лингвисти

Штокавското наречје зафаќа најголем дел од српскохрватската јазична територија. Тоа се протега низ цела Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и во голем дел од Хрватска, источно и југоисточно од нејзините чакавски и кајкавски наречја. Северозападната и северната граница на штокавското наречје ја сочинуваат линијата од Јадранското Море до реката Драва: Нови Винодол - Огулин - Карловац - Сисак - Бјеловар - Вировитица, каде што ова наречје е во допир со чакавското и кајкавското. Од таа линија штокавското наречје го исполнува целиот простор кон исток меѓу јадранскиот брег (оставајќи му на чакавскиот само тенок појас на делот на брегот од Задар до Омиш и до половината на полуостровот Пељешац, како и до островот Млет и Дубровничкото приморје) и до државните граници со Унгарија, Романија, Бугарија, до границата со македонскиот јазик и државните граници со Албанија. Со ова наречје зборуваат и српските односно хрватските национални малцинства во Унгарија, Романија и Италија.

Врз осонва на тоа со кој од гласовите е заменет стариот глас јат, штокавското наречје се дели на екавски изговор, ијекавски изговор и икавски изговор, а во однос на развојот на акцентот и обликот — на постари штокавски дијалекти и помлади штокавски дијалекти (новоштокавски).

Хрватските лигвисти (Брозовиќ, Лисац, Решетар) сметаат дека торлачки (шопски) дијалекти се посебно наречје и да не припаѓат на штокавско наречје.[1][2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. О неким дијалектолошким класификационим терминима; Наш језик; Београд; 1986; 98 стр.
  2. Josip Lisac, Hrvatska dijalektologija 1 - Hrvatski dijalekti i govori štokavskog narječja i hrvatski govori torlačkog narječja, Zagreb: Golden marketing - Tehnička knjiga, 2003