Никола Грбиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Никола Грбиќ (роден на 6 септември 1973 година) е српски одбојкарски тренер и поранешен одбојкар, актуелен селектор на Полската машка одбојкарска репрезентација и италијанскиот тим Сер Сејфти Перуџа.[1] [2] Тој бил член на одбојкарските репрезентации на Србија и Црна Гора во 1995-2006 година и Србија во 2006-2010 година, освојувач на златен медал на Олимписките игри Сиднеј 2000 година, бронзен медалист на Олимписките игри Атланта 1996 година, учесник на Олимписките игри (2004 Атина, 2008 Пекинг), повеќекратен освојувач на медали од Светско првенство, Европско првенство и Светска лига, двократен италијански шампион (2008, 2010), руски шампион (2014). Грбиќ бил прогласен за играч на годината во Европа во 2007 година и бил примен во Куќата на славните во одбојката во 2016 година.

Како млад[уреди | уреди извор]

Грбиќ е роден во Клек. Тој има постар брат Владимир, кој исто така е поранешен одбојкар.

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Оженет е со Станислава и има два сина кои вежбаат одбојка.

Кариера како играч[уреди | уреди извор]

Клубови[уреди | уреди извор]

По укинувањето на ембаргото во 1994 година, репрезентативната кариера на Никола продолжила во време кога тој премина во италијанскиот клуб Габека Монтичиари, кој започна 13-годишна кариера играјќи за осум различни италијански тимови и резултирајќи со осум титули во лигата од 1994 до 2013 година. Тој освоил две шампионски титули во Италија (2008 Трентино – 2010 Кунео) и една во Русија (2014 Зенит Казан). Тој исто така освоил и две титули на ЦЕВ Евро Лигата на шампионите (2000 Сисли - 2009 Трентино).[3]

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Со сениорската репрезентација започнал во 1991 година, кога имал 18 години. Потоа, две години (1992-1994) не играл поради меѓународното ембарго. Тој бил капитен на својата репрезентација во периодот 1999–2010 година. Во 1996 година, Југославија, вклучително и Грбиќ, го освоил бронзениот медал на Олимписките игри во Атланта 1996 година. Никола бил награден како најдобар сетер на Европското првенство во 1997 година кога Југославија го освои сребрениот медал. Во 1998 година Југославија во одбојка на Светското првенство освоил сребрен медал. На следната Олимпијада неговиот тим го освоила златото на Олимписките игри 2000 година во Сиднеј. Тие во финалниот натпревар ја победиле Русија (3-0).[4] Повторно, во 2010 година, со Србија неговиот тим освоил бронзен медал. Кариерата на Никола не била завршена по Пекинг бидејќи и помогнал на Србија да ја освои бронзата на Светското првенство ФИВБ во Италија во 2010 година, каде што беше прогласен за најдобар сетер на турнирот.

Кариера како тренер[уреди | уреди извор]

Во мај 2014 година, тој станал главен тренер на италијанскиот клуб Сер Сејфти Перуџа.[5] На 3 февруари 2015 година, Грбиќ бил означен за нов селектор на машката одбојкарска репрезентација на Србија.[6] [7] Во следната година Србија со моќно присуство освоил златен медал во2016 година во Светската Лига. Србија ги загубила своите пет претходни настапи во финалето на Светската лига, вклучувајќи три порази од Бразил.

Спортски достигнувања[уреди | уреди извор]

Како играч[уреди | уреди извор]

  • ЦЕВ Лигата на шампионите
    • Gold medal europe.svg 2008/2009 – со Трентино Волеј
  • ЦЕВ Куп на европски шампиони
    • Gold medal europe.svg 1999/2000 – со Сисли Тревизо
  • Куп на ЦЕВ
    • Simple gold cup.svg 1997/1998 – со Алпитур Трако Кунео
    • Simple gold cup.svg 2005/2006 – со Копра Берни Пјаченца
    • Simple gold cup.svg 2009/2010 – со Бре Банка Ланути Кунео
  • Државни првенства
    • 1991/1992 годинаSimple gold cup.svg Купот на Србија и Црна Гора, со Војводина Нови Сад
    • 1991/1992 годинаGold medal with cup.svg Првенство на Србија и Црна Гора, со Војводина Нови Сад
    • 1992/1993 годинаGold medal with cup.svg Првенство на Србија и Црна Гора, со Војводина Нови Сад
    • 1993/1994 годинаSimple gold cup.svg Купот на Србија и Црна Гора, со Војводина Нови Сад
    • 1993/1994 годинаGold medal with cup.svg Првенство на Србија и Црна Гора, со Војводина Нови Сад
    • 1998/1999 годинаSimple gold cup.svg Куп на Италија, со ТНТ Алпитур Кунео
    • 1999/2000 годинаSimple gold cup.svg Купот на Италија, со Сисли Тревизо
    • 2007/2008 годинаGold medal with cup.svg Италијанско првенство, со Трентино
    • 2009/2010 годинаGold medal with cup.svg Италијанско првенство, со Бре Банка Ланути Кунео
    • 2010/2011 годинаSimple gold cup.svg Италијански Суперкуп, со Бре Банка Ланути Кунео
    • 2010/2011 годинаSimple gold cup.svgКуп на Италија, со Бре Банка Ланути Кунео
    • 2013/2014 годинаGold medal with cup.svg Руско првенство, со Зенит Казан

Како тренер[уреди | уреди извор]

  • ЦЕВ Лигата на шампионите
    • Gold medal europe.svg2020/2021 – со ЗАКСА Кеџиерзин-Козеле
  • Државни првенства
    • 2019/2020 годинаSimple gold cup.svg Полски Суперкуп, со ЗАКСА Кеџиерзин-Козеле
    • 2020/2021 годинаSimple gold cup.svg Полски Суперкуп, со ЗАКСА Кеџиерзин-Козеле
    • 2020/2021 годинаSimple gold cup.svg Полски куп, со ЗАКСА Кеџиерзин-Козеле

Индивидуални награди[уреди | уреди извор]

  • 1997: ЦЕВ Европско првенство – најдобар сетер
  • 1997: Спортист на годината од Олимпискиот комитет на Србија
  • 2000: Италијанско првенство – најдобар играч
  • 2000: Италијанско првенство – најдобар странски играч
  • 2001: ЦЕВ Европско првенство – најдобар сетер
  • 2003: ЦЕВ Европско првенство – најдобар сетер
  • 2003: Светско првенство на ФИВБ – најдобар сетер
  • 2005: ЦЕВ Европско првенство – најдобар сетер
  • 2006: Куп на топ тимови на ЦЕВ – најдобар сетер
  • 2009: Светска лига на ФИВБ – најдобар сетер
  • 2010: Италијанско првенство – најдобар сетер
  • 2010: Куп на Италија – најдобар играч
  • 2010: ЦЕВ куп – најдобар сетер
  • 2010: Светско првенство на ФИВБ – најдобар сетер
  • 2014: ЦЕВ – Врвен лидер на тимот

 

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Nowi trenerzy siatkarskich reprezentacji Polski“. pzps.pl (полски). 12 January 2022. Посетено на 13 January 2022.
  2. „POL M: Serbia national team head coach Grbić takes charge of Zaksa“. worldofvolley.com. 20 May 2019. Посетено на 8 March 2021.
  3. „Grbic Excited To Start Work With Serbian Team“. fivb.com. 17 March 2015. Посетено на 8 March 2021.
  4. „Yugoslavia Rolls Russia for First Gold“. latimes.com. 1 October 2000. Посетено на 8 March 2021.
  5. „Pallavolo, è Nikola Grbic il nuovo allenatore della Sir Safety Perugia“. umbria24.it (италијански). 9 May 2014. Посетено на 8 March 2021.
  6. „Pravi čovek za pravo mesto: Nikola Grbić selektor odbojkaša Srbije!“. sport.blic.rs (српски). 3 February 2015. Посетено на 8 March 2021.
  7. „Nikola Grbic è il nuovo coach della Serbia. Le congratulazioni del presidente Sirci“. lnx.tifogrifo.com (италијански). 3 February 2015. Посетено на 8 March 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]