Александар Шапиќ
| Александар Шапиќ | |
|---|---|
| Градоначалник на Белград | |
| На должноста | |
| Стапил/ -а 20 јуни 2022 | |
| Претходник | Ненад Миленковиќ |
| Претседател на демократска партија на Србија, во белградскиот огранок. | |
| На должноста 2011 – 8 јуни 2013 | |
| Претходник | Драган Ѓилас |
| Наследник | Балша Божовиќ |
| Лични податоци | |
| Роден(а) | 1 јуни 1978 Белград, СФР Југославија |
| Националност | Србин |
| Партија | Независен политичар (2014–present) Демократска партија на Србија (2006–2014) |
| Деца | 2 |
| Установа | Мегатренд Универзитет |
| Занимање | Политичар |
| Професија | Ватерполист, тренер |
Александар Шапиќ (роден на 1 јуни 1978 година) е српски политичар и поранешен професионален ватерполист. Во моментот ја извршува функцијата градоначаник на Белград.
Тој официјално беше прогласен за најдобар стрелец во поранешна Југославија и сѐ уште се смета за еден од најдобрите играчи во ватерполо историјата. Од 2012 година, тој е претседател на општината Нов Белград. Во јули 2017 година, тој и официјално бил избран за најдобар играч во историјата на ватерполото, од страна на светската федерација на спортови[1].
Образование
[уреди | уреди извор]Дипломирал на Факултетот за Менаџмент во 2003 година, магистрирал во 2009 година, додека својата докторска дисертација ја одбранил во 2012 година, во полето на индустрискиот менаџмент.[2]
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]Тој бил асистент на градоначалникот од 2009 до 2012 година. Исто така тој бил избран за претседател на општина Нов Белград во 2012 година и повторно бил ре-избран во 2016 година. Тој е сѐ уште претседател на најголемата општина во Белград.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Svetska federacija sporta odlučila: Aleksandar Šapić je najbolji vaterpolista u istoriji - Story“. story.rs (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-08-02. Посетено на 2017-07-30.
- ↑ „Aleksandar Šapić“. Istinomer. Посетено на 2 June 2017.
- ↑ „Predsednik opštine“. Gradska opština Novi Beograd. Посетено на 2 June 2017.(српски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Александар Шапиќ“ на Ризницата ? |
- Serbian Olympic Committee (српски) (англиски)
- VATERPOLO: Šapić "osušio" kapicu Архивирано на 29 јануари 2013 г., MTS Mondo, 12 May 2009.
- Александар Шапиќ на Твитер
| Награди | ||
|---|---|---|
| Претходник |
Најдобар играч Светското првенство во ватерполо 2005 2005 |
Наследник |