Дејан Бодирога

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дејан Бодирога
Dejan Bodiroga 2006.jpg
Бодирога играјќи за Лотоматика Рома во 2006 година.
Personal information
Born 2 март 1973 (1973-03-02) (воз. 45 г.)
Клек, Зрењанин, Србија, Југославија
Nationality Србин
Listed height 2.05 м (6 ст 9 ин)
Listed weight 110 kg (243 lb)
Career information
NBA draft 1995 / Round: 2 / Pick: 51-ви overall
Selected by the Сакраменто Кингс
Playing career 1989–2007
Position Крило (кошарка)
Number 4, 10, 15
Career history
1989–1990 КК Пролетер Зрењанин
1990–1992 КК Задар
1992–1994 Стефанел Трст
1994–1996 Стефанел Милано
1996–1998 Реал мадрид
1998–2002 Панатинаикос
2002–2005 Барселона
2005–2007 Лотоматика Рома
Career highlights and awards

Дејан Бодирога ( роден на 2 март 1973 година) е пензиониран српски кошаркар. Висок 2.05 m (6 ft. 8¾ in.) и тежок 110 kg (243 lbs.), тој вооглавно играл на позицијата напаѓачко ниско крило,[1] но исто така играл и како класичен поентер.

Како икона на Евролигата во почетокот на 2000-тите, Бодирога се покажал како симбол на извонредност со подигање последователни трофеи на Евролига со КК Панатинаикос и КК Барселона, и наградата најдобар играч на Фајнал форот на Евролигата ја има добиено два пати. Меѓу многуте почести, Бодирога бил именуван во 50 најголеми допринесувачи на Евролига и на Евролигата за периодот од 2001-10 година.

Бодирога ја предводел Српската кошаркарска репрезентација, како и репрезентацијата на СР Југославија во освојувањето на Светското првенство во 1998 и 2002 година, а со тоа и ја имал добиено наградата за МВП играч на првенството на првиот шампионат. Освен тоа, има освоено три златни медали на европските првенства во кошарка во Атина 1995, Шпанија 1997 и Турција 2001 година, како и бронза на Евробаскетот во Франција 1999 година, и на Летната олимпијада 1996 година во Атланта.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bodiroga: 2.05 m 110 kg, Ciao.es; accessed 21 October 2016,