Тенис на Летните олимписки игри 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тенис на Летните олимписки игри 2012
Датум:   28 јули – 5 август
Издание:   16-то
Локација:   Ол Ингланд Клуб, Вимблдон
Подлога:   Трева
Шампиони
Мажи поединечно
 Енди Мареј (GBR)
Жени поединечно
 Серена Вилијамс (USA)
Машки двојки
 Мајк Брајан и Боб Брајан (USA)
Женски двојки
 Серена Вилијамс и Венус Вилијамс (USA)
Мешани двојки
 Макс Мирњи и Викторија Азаренка (BLR)
Тенис на Летните олимписки игри
 < 2008 2016 > 

Тенискиот турнир на Летните олимписки игри 2012 во Лондон беше одржан на Ол Ингланд Клубот во Вимблдон, од 28 јули до 5 август. Ова било прв пат тенискиот турнир да биде одигран на тревна подлога од кога е додаден тенисот на официјалната програма на Летните олимписки игри.[1] Вкупно 190 играчи се натпреварувале во пет дисциплини: поединечно и во двојки во машка и женска конкуренција и мешани двојки.

Ниту еден од бранителите во поединечна конкуренција не учествувал, бидејќи Елена Дементиева се пензионирала од професионалниот тенис во 2010[2], а Рафаел Надал го откажал учеството на игрите поради повреда.[3] Во финалето во машка конкуренција, Енди Мареј го освоил златниот медал победувајќи го Рожер Федерер, а во женска конкуренција Серена Вилијамс била подобра од Марија Шарапова, а заедно со нејзината сестра Венус Вилијамс го одбранила и златото во двојки. Во машки двојки, златниот медал го освоиле Браќата Брајан.

Серена Вилијамс станала втората тенисерка во светот, која освоила златен Гренд Слем во кариерата откако го освоила златниот медал, и прва тенисерка во светот, која освоила златен гренд слем и во поединечна конкуренција и во игра на двојки.[4]

Турнир[уреди | уреди извор]

Натпреварот помеѓу Жо-Вилфред Цонга и Томаш Белучи во рамките на првото коло од машкиот турнир

На овие Летни олимписки игри, тенисот по четиринаесетти пат бил дел од официјалната програма на игрите (не вклучувајќи ги игрите во 1968 и 1984, кога тенисот бил демонстративен спорт), и по седми пат од 1988, кога службено бил вратен во програмата на игрите. Мешаните двојки се вратиле на програмата на игрите за прв пат по 1924 година.[5][6]

Лондонскиот турнир беше игран на познатиот Ол Ингланд Клуб, само три недели по завршувањето на Вимблдон. За разлика од гренд слемот, тенисерите не биле обврзани да носат исклучиво бела опрема која е традиционална и задолжителна на Вимблдонскиот Гренд слем, туку тие настапиле во боите на своите држави. Терените исто така биле обележани со службени олимписки обележја. Натпреварите се играле на 12 терени.[7]

Олимпискиот турнир бил заеднички организиран од страна на ИТФ, МОК и Ол Ингланд Клубот. Сите дисциплини во двете категории биле дел од календарот на АТП и ВТА за 2012 година.[8]

Бодови за АТП и ВТА листa[уреди | уреди извор]

Врз основа на пласманот на турнирот, тенисерите ќе го добијат следниот број на поени според АТП и ВТА листата:

Конкуренција Златен медал Сребрен медал Бронзен медал Четврто место Четвртфинале Трето коло Второ коло Прво коло
Мажи поединечно 750 450 340 270 135 70 35 5
Жени поединечно 685 470 340 260 175 95 55 1

Систем на квалификации[уреди | уреди извор]

Во поединечна конкуренција, директен пласман на игрите обезбедиле најдобрите 56 тенисери и тенисерки на АТП и ВТА листата заклучно со 11 јуни 2012 година. Меѓутоа, секој НОК имал право да пријави најмногу 4 тенисери и 4 тенисерки во поединечна конкуренција, што значи дека играчите кои биле во најдобрите 56 но не и во првите 4 на листите на своите држави немале право на настап, а нивните места ги заземале играчите под 56-то место на ранг листите кои биле претставници на држави кои немале 4 претставници. Играчите можеле да учествуваат доколку имале доволен број на настапи во Дејвис Купот или Фед Купот во две од следнииве години: 2009, 2010, 2011, 2012, и една од години морала да биде 2011 или 2012.[9]За преостанатите осум места, ИТФ доделила шест специјални покани (вајлд карти) на државите со најдобар ранкинг (кои немаат 4 квалификувани играчи од АТП и ВТА листите) и последните две места биле обезбедени за играчи од мали земји.

Во конкуренција на двојки, дваесет и четири парови директно се пласирале според ранкингот заклучно со 11 јуни 2012, а секоја држава имала право да пријави по два пара. Играчите кои се наоѓале во најдобрите 10 на ранг листите имале право на настап, само доколку обезбедат партнер за настап на игрите без разлика на ранкингот. Преостанатите осум пара биле одредени од страна на ИТФ. Мешаните двојки биле одредени во текот на игрите.[10][11]

Формат на натпреварување[уреди | уреди извор]

Во поединечна конкуренција се натпреваруваат вкупно 64 тенисери и тенисерки а турнирот се одвива во шест елиминациони рунди. Во конкуренција на двојки учествуваат по 32 пара и турнирот се одвива во пет елиминациони рунди, а мешаните парови (16 пара) се распоредени во четири рунди.[12] За разлика од останатите професионални тениски турнири, играчите (паровите) кои се поразени во полуфиналето се борат за бронзен медал.

Сите натпревари се играат во два добиени сета, освен машкото финале во поединечна конкуренција кое се игра во пет сета. Тај-брејк системот се користи во сите сетови освен во одлучувачкиот сет, кој се игра на два гема разлиика. Исклучок се машаните парови, кои третиот сет го играат до 10 добиени поени.

Распоред[уреди | уреди извор]

Датум 28 јули 29 јули 30 јули 31 јули 1 август 2 август 3 август 4 август 5 август
Почеток 11:30 11:30 11:30 11:30 11:30 11:30 12:00 12:00 12:00
Мажи поединечно Прво коло Прво коло
Второ коло
Второ коло Трето коло Четвртфинале Полуфинале Бронзен медал
Финале
Жени поединечно Прво коло Прво коло
Второ коло
Второ коло Трето коло Четвртфинале Полуфинале Бронзен медал
Финале
Машки двојки Прво коло Прво коло
Второ коло
Второ коло Второ коло Четвртфинале Полуфинале Бронзен медал
Финале
Женски двојки Прво коло Прво коло
Второ коло
Второ коло Второ коло
Четвртфинале
Четвртфинале Полуфинале Полуфинале Бронзен медал
Финале
Мешани двојки Прво коло Прво коло Четвртфинале Четвртфинале
Полуфинале
Бронзен медал
Финале

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Дисциплини[уреди | уреди извор]

Дисциплини Злато Сребро Бронза
Мажи поединечно Енди Мареј
 Велика Британија
Рожер Федерер
 Швајцарија
Хуан Мартин дел Потро
 Аргентина
Машки двојки Боб Брајан
и Мајк Брајан
 САД
Микаел Лодра
и Жо-Вилфред Цонга
 Франција
Жулиен Бенето
и Ришар Гаске
 Франција
Жени поединечно Серена Вилијамс
 САД
Марија Шарапова
 Русија
Викторија Азаренка
 Белорусија
Женски двојки Серена Вилијамс
и Венус Вилијамс
 САД
Андреа Хлавачкова
и Луси Храдецка
 Чешка
Марија Кириленко
и Надија Петрова
 Русија
Мешани двојки Викторија Азаренка
и Макс Мирњи
 Белорусија
Лора Робсон
и Енди Мареј
 Велика Британија
Лиза Рејмонд
и Мајк Брајан
 САД

Табела на медали[уреди | уреди извор]

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  САД (USA) 3 0 1 4
2  Велика Британија (GBR) 1 1 0 2
3  Белорусија (BLR) 1 0 1 2
4  Франција (FRA) 0 1 1 2
 Русија (RUS) 0 1 1 2
6  Чешка (CZE) 0 1 0 1
 Швајцарија (SUI) 0 1 0 1
8  Аргентина (ARG) 0 0 1 1
Вкупно 5 5 5 15

Играчи со вајлд карта[уреди | уреди извор]

Мажи поединечно[уреди | уреди извор]

Следниве тенисери добиле покана за настап од ИТФ:[13]

Жени поединечно[уреди | уреди извор]

Следниве тенисерки добиле покана за настап од ИТФ:[13]

Следниве тенисерки добиле специјална покана од Трипатритната Комисија на ИТФ:[14]

Машки двојки[уреди | уреди извор]

Следниве машки парови добиле покана за настап од ИТФ:[13]

Женски двојки[уреди | уреди извор]

Следниве женски парови добиле покана за настап од ИТФ:[13]

Мешани двојки[уреди | уреди извор]

Следниве мешани парови добиле покана за настап од ИТФ:[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Olympic Tennis“. UK Media Limited. 
  2. „Elena Dementieva retiring from tour“. ESPN Sport. конс. 8 август 2012. 
  3. „London 2012: Rafael Nadal withdraws from Olympics“. BBC Sport. конс. 8 август 2012. 
  4. Wine, Steven. „Serena Williams Wins Gold Medal In Olympic Singles Tennis, Beats Maria Sharapova In Final“, Huffington Post, 4 август 2012 (посет. 7 март 2013 г).
  5. „IOC approves new events for London 2012“. МОК. 10 декември 2009. конс. 10 декември 2009. 
  6. „Tennis at the 1924 Paris Summer Games: Mixed Doubles“. sports-reference.com. конс. 28 април 2011. 
  7. Wimbledon outlines plans for 2012“, „BBC News“, 13 август 2010.
  8. „Tennis“. London 2012 Organization Committee. Архивирано од изворникот на 2012-05-24. конс. 2 авггуст 2008. 
  9. „Olympic qualification details announced“. itftennis.com. Меѓународна тениска федерација. 20 јуни 2011. конс. 14 јуни 2011. 
  10. http://2012.itftennis.com/media/80030/80030.pdf
  11. „ITF and ATP announce Olympic ranking point agreement“ (PDF). АТП и ИТФ. Меѓународна тениска федерација. 1 јуни 2011. конс. 14 јуни 2011. 
  12. „Men's Doubles Main Draw: 1st Round“. ИТФ. конс. 2008-08-21. 
  13. 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 ITF (26 June 2012). „ITF announces entries for Olympic Tennis Event“. United Kingdom: ITF. конс. 26 June 2012. 
  14. First entrants set for Games tennis“, ESPN Inc., 18 април 2012 (посет. 25 април 2012 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]