Андреас Бек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Германија Андреас Бек
Andreas Beck.jpg
Лични податоци
Роден на 13 март 1987 (1987-03-13) (32 г.)
Роден во Кемерово, СССР
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Бешикташ Бешикташ
Број 32
Младинска кариера
Штутгарт Штутгарт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2007 Штутгарт II Штутгарт II 23 (1)
2006-2008 Штутгарт Штутгарт 27 (1)
2008-2015 Хофенхајм Хофенхајм 216 (3)
2015- Бешикташ Бешикташ 46 (0)
Репрезентација
2006-2007 Германија Германија 18 3 (0)
2007 Германија Германија 19 3 (0)
2007 Германија Германија 20 1 (0)
2006-2009 Германија Германија 21 27 (2)
2012- Германија Германија 9 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 15 февруари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 15 февруари 2012

Андреас Бек (роден на 13 март 1987 година) е германски, одбранбен фудбалер кој игра за Бешикташ. Неговата редовна позиција е десен бек.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Роден во Кемерово, Русија, Бек бил добро згрижен како дете, но сепак имал тешко детство. Кога тој бил на возраст од три години, неговото семејство емигрирало во Германија. "Никогаш нема да заборавам дека првично ние живеевме во караван." [1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Штутгарт[уреди | уреди извор]

Бек ја започнал својата фудбалска кариера во ДЈК Васералфинген пред на возраст од 14, тој да се пресели во Штутгарт како негов прв клуб. Во 2005 година, Бек потпишал професионален договор со клубот. Следната година, Бек го направи своето деби во Бундеслигата за Штутгарт на 11 февруари 2006 година против Арминија Билефелд.[2] Пет дена подоцна, тој го направил своето европско деби појавувајќи се како замена во натпревар од Купот на УЕФА против Мидлзборо. Тој го постигнал својот прв гол за Штутгарт на 27 октомври 2007 година против Баер Леверкузен што резултирало со победа на Штутгарт од 1-0.[3]

Хофенхајм[уреди | уреди извор]

Откако не успеал да обезбеди постојано место во почетните единаесет на Штутгарт, Бек одлучил да го напушти клубот за да погледне кон нов предизвик и на крајот се преселил во Хофенхајм за вредност од околу 3.000.000 € на 4 јули 2008.[4] Бек го направи своето деби за Хофенхајм во натпревар од Германскиот куп кога Хофенхајм забелажал победа од 1-0 над Чемницер на 10 август 2008 година. Бек го направи своето лига-деби за Хофенхајм во победата од 3-0 над Енерџи Котбус на 16 август 2008 година. Веднаш по неговото доаѓање во клубот, Бек се воспоставил како еден од клучните играчи на тимот и добил многу повеќе време за играње во клубот отколку во Штутгарт. Во неговата прва сезона, Бек направил 30 лигашки настапи и имал две асистенции. Само Тобијас Вајс и Демба Ба биле на теренот во повеќе натпревари во текот на сезоната.

Во сезоната 2010-11, Бек бил најавен како нов капитен на клубот, наследувајќи го Пер Нилсон, кој го напуштил Хофенхајм и му се приклучил на Нирнберг. Тој го одиграл својот прв натпревар како капитен на 14 август 2011 година кога клубот забележал победа 4-0 над Ханза Рошток во првиот круг на Германскиот куп.

"Јас сум среќен за тоа што ми беше дадена оваа одговорност. Но, мојот приоритет останува да работам за успехот на клубот и ништо друго.".

— Бек, за тоа да се биде капитен. [5]

Во летото 2010 година, италијанскиот Јувентус покажал интерест да го доведе Бек во својте редови. Нивната понуда била прифатена од страна на Хофенхајм, но новиот тренер на Јувентус, Антонио Конте, решил сепак да го "земе" десниот бек на Лацио Стефан Лихтштајнер. Така Бек останал во Хофенхајм и го продолжил договорот со клубот до 2014 година. Во сезоната 2011-12, Бек го постигнал својот прв гол за Хофенхајм на 28 април 2012 во поразот од Нирнберг.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

На 21 февруари 2007 година, тој го одигра својот прв натпревар за Германската репрезентација под 21-на година против Италија, откако претходно одиграл три натпревари за репрезентацијата под 19 години и под 18 години на DFB.

Поради неговите добри перформанси во Хофенхајм, Бек бил повикан на 5 февруари 2009 година за сениорската репрезентација и го направи своето деби против Норвешка во Диселдорф.

Бек бил вклучен и на прелиминарниот список од 30 играчи за Светското првенство 2010, но во конечните 23-ца играчи избрани од страна на Јоаким Лев се најдоа Денис Аого и Холгер Бадштубер, кој играат на неговата позиција. Откако беше изоставен од тимот за Светското првенство 2010, Бек верува дека неговото исклучување од тимот ќе му помогне да го забрза својот развој како личност и фудбалер.

Настапи и голови за националната селекција[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Германија Штутгарт[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. en/liga/news/2009/index.php?f=140695.php „Andreas Beck: The Low-key guy“. конс. 17 февруари, 2012 година.  Unknown parameter |издавач= ignored (помош);
  2. „Spiele von Andreas Beck 2005/2006“ (German). Fussballdaten.de. Архивирано од изворникот на 1 October 2007. конс. 13 November 2007. 
  3. „Andreas Beck“ (German). Transfermarkt.de. конс. 23 August 2010. 
  4. „Hoffenheim sign Andreas Beck“. VfB.de. конс. 4 July 2008. 
  5. Beck announced as new Hoffenheim captain“, 1899 Hoffenheim Official Website, 14 август 2010 (посет. 1 февруари 2013 г).