Марко Антониј
Марко Антониј | |
---|---|
Биста на Антониј од ерата на Флавија | |
Роден(а) | 14 јануари 83 г.пр. н.е. Рим, Римска Република |
Починал(а) | 1 август 83 г.пр. н.е. (возраст 53) Александрија, Птоломејски Египет |
Причина за смрт | Самоубиство |
Почивалиште | Непознато (најверојатно во Египет) |
Националност | Рим |
Марко Антониј (латински: Marcus Antonius; 14 Јануари - 1 август 30 година пр. н.е.) ― староримски државник и генерал кој одиграл клучна улога во преминувањето на Римската Република во автократско Римско Царство. Бил член на Вториот триумвират и трикратен римски конзул.
Антониј бил роднина и поддржувач на Јулиј Цезар и служел како еден од неговите генерали за време на освојувањето на Галија и Граѓанската војна. Антониј бил назначен за администратор на Италија, додека Цезар ги елиминирал политичките противници во Грција, Северна Африка и Шпанија. По убиството на Цезар во 44 година пр. н.е., Антониј ги здружил силите со Марко Емилиј Лепид, уште еден од генералите на Цезар, и Октавијан, правнук и посвоен син на Цезар, и формирале тричлена диктатура позната како Втор триумвират. Триумвирите, во битката кај Филипи во 42 година пр. н.е., ги поразиле убијците на Цезар (т.н. Либератори), и меѓу себе ја поделиле власта во Републиката. На Антониј му биле доделени источните римски провинции, меѓу кои и клиентското кралство Египет, со кое тогаш владеела Клеопатра VII Филопатор и добил команда во војната на Рим против Партија.
Триумвирите имале лоши меѓусебни односи зошто секој од нив се стремел да стекне поголема политичка моќ. Во 40 година пр. н.е. откако Антониј се оженил со сестрата на Октавијан, Октавија, била спречена граѓанска војна меѓу Антониј и Октавијан. И покрај овој брак, Антониј ја продолжил љубовната врска со Клеопатра, која му родила три деца, што дополнително ги заострувало односите меѓу Антониј и Октавијан. Лепид бил исклучен од Триумвиратот во 36 година пр. н.е., а во 33 година пр. н.е. несогласувањата меѓу Антониј и Октавијан предизвикале раскол. Кулминација на нивното непријателство била граѓанската војна од 31 година пр. н.е., кога Римскиот сенат, по наредба на Октавијан, ѝ објавил војна на Клеопатра и го прогласил Антониј за предавник. Истата година, Антониј ја загубил битката кај Акциум. Антониј и Клеопатра побегнале во Египет каде што откако повторно биле поразени во битката кај Александрија, извршиле самоубиство.
По смртта на Антониј, Октавијан станал неприкосновен господар на Рим. Во 27 година пр. н.е., Октавијан ја добил титулата Август , што ја означува последната фаза во трансформацијата на Римската Република во царство, а Октавијан станал бил прв римски цар.
Детство и младост
[уреди | уреди извор]Марко Антониј е роден во Рим на 14 јануари 83 година пр. н.е.[1][2] Негов татко бил Марко Антониј Кретик, син на познатиот оратор Марко Антониј кој бил убиен за време на чистките на Гај Мариј во зимата 87-86 г. пр. н.е.[3] Неговата мајка Јулија, била трета братучетка на Јулиј Цезар.
Според Плутарх, Антониј своите тинејџерски години ги поминал во талкање низ Рим, коцкање и пиење и често се впуштал во скандалозни љубовни афери.[4] Неговиот современик и непријател, Цицерон, го обвинил дека имал хомосексуална врска со Гај Скрибониј Курио.[5] Ваквите клевети во тоа време во Римската Република биле начин за да се понижат и дискредитираат политичките противници.[6][7] Има малку веродостојни информации за неговата политичка активност како млад човек, но познато е дека соработувал со Публиј Клодиј Палчер и неговата улична банда.[8] Тој, исто така, можеби бил вклучен во култот на Луперкал бидејќи подоцна во животот го нарекувале свештеник од овој ред.[9] На дваесетгодишна возраст, Антониј веќе бил презадолжен. Надевајќи се дека ќе ги избегне своите доверители, во 58 година пр. н.е. Антониј побегнал во Грција, каде што во Атина студирал филозофија и реторика.
Рана кариера
[уреди | уреди извор]Во 57 година пр. н.е., Антониј станал началник на коњаницата кај проконзулот за Сирија, Аул Габиниј.[10] Со ова започнала неговата воена кариера.[11]
Антониј го придружувал Габиниј во походите во Јудеја. Антониј по важните победи во Александрион и Махерон, за прв пат бил воено одликуван.[12]
Следната година, во 55 година пр. н.е., Габиниј интервенирал во политичките работи во Птоломејски Египет. Во 58 година пр. н.е. со бунт предводен од неговата ќерка Береника IV бил соборен Фараонот Птоломеј XII Авлет и бил принуден да бара азил во Рим. Габиниј, спротивно на наредбите од сенатот, се обидел да го врати Птоломеј на неговиот престол. Откако Птоломеј XII бил вратен како клиентски крал на Рим, Габиниј во Александрија поставил гарнизон од две илјади римски војници кои требало да ја чуваат власта на Птоломеј. Поради поддршката, Рим имал значителна моќ врз кралството, особено изразена преку контрола на приходите и приносите од земјоделските култури.[13] Антониј подоцна изјавил дека таму првпат се сретнал со тогаш 14-годишната ќерка на Птоломеј XII, Клеопатра.[14]
За време на неговата воена служба, Антониј се оженил со својата братучетка Антонија Хибрида Минор. Во бракот им се родило девојче, Антонија. Не е познато дали ова бил прв брак на Антониј.
Во служба на Цезар
[уреди | уреди извор]Галски војни
[уреди | уреди извор]Во 54 година пр. н.е. Антониј станал дел од воениот персонал на Цезар, и го придружувал во освојувањете на Галија. Како генерал Антониј покажал одлично воено водство. Со Цезар развиле пријателски односи кои биле зачувани до убиството на Цезар во 44 година пр. н.е. Цезаровото влијание на Антониј му овозможило брз политички напредок. Во 52 пр. н.е., Цезар го испратил Антониј во Рим за формално да ја започне својата политичка кариера, при што како член на Популарите бил избран за квестор. Антониј се вратил во Галија и во битката кај Алесија против галскиот поглавар Верцингеторикс командувал со коњаницата на Цезар. По едногодишна служба, Цезар го унапредил Антониј во легат и му дал команда на две легии (приближно 7.500 војници).[15]
По завршувањето на Галските војни, во 50 година пр. н.е. Антониј бил пратен во Рим за да дејствува како заштитник на Цезар против Помпеј и другите Оптимати. Со поддршка на Цезар, кој како Понтифекс Максимус бил врховен римски религиозен водач, Антониј бил примен во свештеничкиот колегиум Авгури, важна свештеничка служба кој ја толкувал волјата на боговите преку интерпретација на летањето на птиците. Во 49 година пр. н.е. Антониј бил избран за еден од десетте народни трибуни. Од оваа позиција, Антониј со вето за непосакувани постапки можел да го заштити Цезар од неговите политички непријатели.
Граѓанска војна
[уреди | уреди извор]Несогласувањата меѓу Цезар и Помпеј кон почетокот на 49 година пр. н.е. преминале во отворена конфронтација. Конзулите за таа година, Гај Клаудиј Марцел Мајор и Луциј Корнелиј Лентул Крус, биле цврсти Оптимати против Цезар.[16] Помпеј, иако останал во Рим, бил гувернер за Шпанија и командувал со неколку легии. Откако во јануари ја презел функцијата, Антониј веднаш свикал состанок на Сенатот за да се реши конфликтот: тој предложил Цезар и Помпеј да ги напуштат своите командни позиции и да им се врати статусот на обични граѓани.[17] Неговиот предлог го прифатиле мнозинството од сенаторите, но конзулите и Като жестоко се спротивставиле. Антониј тогаш дал нов предлог: Цезар да задржи само две од неговите осум легии и гувернернирањето со Илирик ако во отсуство му се дозволи да се кандидира за конзул. Ова го гарантирал неговиот имунитет од понатамошни тужби: му било потребно да стане конзул за да не биде гонет од Помпеј. Иако Помпеј се задоволил од отстапката, Катон и Лентул одбиле да се повлечат, а Лентул дури и насилно го избркал Антониј од состанокот на Сенатот. Антониј плашејќи се за својот живот избегал од Рим, и се вратил во логорот на Цезар на брегот на реката Рубикон.
Неколку дена по протерувањето на Антониј, на 7 јануари 49 година пр. н.е., сенатот повторно се состанал. Под раководство на Катон и со премолчена поддршка на Помпеј, Сенатот донел декрет со кој на Цезар му се одзема командата и му наредува да се врати во Рим за да му се суди за воени злосторства. Сенатот изјавил и дека ако Цезар веднаш не ја распушти својата војска, го прогласува за предавник и јавен непријател.[18] Три дена подоцна, на 10 јануари, Цезар го преминал Рубикон, и ја започнал Граѓанската војна.[19] За време на маршот кон југ, Цезар го поставил Антониј како негов заменик командант.
Брзото напредување на Цезар го изненадило Помпеј, кој заедно со другите водечки Оптимати побегнал во Грција. Откако влегол во Рим, Цезар наместо да го гони Помпеј тргнал кон Шпанија за да ги победи тамошните приврзаници на Помпеј. Во меѓувреме, Антониј, со чин промагистрат - и покрај тоа што никогаш не служел како претор - бил поставен за гувернер на Италија и командант на тамошната војска, а Марко Емилиј Лепид, еден од штабните офицери на Цезар, раководел со привремената администрација во Рим.[20][21] Иако Антониј им се допаднал на неговите војници, многу други граѓани го презирале поради незаинтересираноста за тешкотиите со кои се соочиле поради граѓанската војна.[22]
Кон крајот на 49 година година пр. н.е., Цезар од контролата на Оптиматите ги презел Италија, Шпанија, Сицилија и Сардинија. На почетокот од 48 пр. н.е., се подготвил со седум легии да отплови за Грција и да се соочи со Помпеј. Цезар одбраната на Илирик им ја доверил на Гај Антониј, помладиот брат на Антониј, и на Публиј Корнелиј Долабела. Меѓутоа, тие биле поразени од Помпеј по што ја презел контролата врз Јадранско Море, а двете легии со кои командувале пребегнале на страната на Помпеј. Без нивната флота, на Цезар му недостасувале бродови за своите седум легии да ги пренесе во Грција. Се одлучил да отплови со само две легии, а другите пет ги ставил под команда на Антониј во Брундизиум со инструкции да му се придружат веднаш штом можат. На почетокот од 48 година пр. н.е., Луциј Скрибониј Либо станал командант на флотата од Помпеј, која се состоела од околу педесет галии.[23][24] За да го блокира Антониј, ја прераспоредил флотата кај Бриндизиум. Меѓутоа, Антониј со измама успеал да ја нападне и зароби дел од флотата на Либо.[23][25] По заминувањето на Либо, Антониј во март 48 пр. н.е. му се придружил на Цезар во Грција.
За време на грчкиот поход, Плутарх запишал дека Антониј бил главен Цезаров генерал.[26] Антониј му се придружил на Цезар на западниот брег од Балканскиот Полуостров и ја опсадил побројната војска на Помпеј во Диракиум. Во јули, Цезар наредил ноќен напад врз логорот на Помпеј, но побројната војска на Помпеј го одбила нападот. Но, Помпеј не наредил контранапад врз логорот на Цезар, и му дозволил на Цезар непречено да се повлече во Тесалија, а Помпеј тргнал во негова потера.
Војската на Цезар се подготвила за битка со војската на Помпеј и зазела одбранбена позиција во рамнината кај Фарсал. Во битката кај Фарсал на 9 август 48 пр. н.е., Цезар командувал со десното крило наспроти Помпеј, а Антониј командувал со левото, што укажува на статусот на Антониј како главен генерал на Цезар.[26] Битката завршила со решавачка победа за Цезар. По поразот на Помпеј, поголемиот дел од сенаторите преминале на страна на Цезар, а тоа го направиле и многу војници кои се бореле на страна на Помпеј. Помпеј побегнал во Птоломејски Египет, но фараонот Птоломеј XIII Теос Филопатор се плашел од одмазда од Цезар и наредил Помпеј да биде убиен по неговото пристигнување.
Гувернер на Италија
[уреди | уреди извор]Наместо да го гони Помпеј и другите Оптимати, Цезар се вратил во Рим и бил назначен за диктатор, а Антониј за негов коњанички магистер (латински: <i>Magister Equitum</i>) и втор по команда.[27] Цезар за втор пат бил избран за конзул во 47 година пр. н.е., но по единаесет дена поднел оставка од оваа функција.[28] Цезар потоа отпловил за Египет, каде што од власт го симнал Птоломеј XIII во корист на неговата сестра Клеопатра. Младата Клеопатра станала љубовница на Цезар и му родила син Цезарион.
Додека Цезар бил во Египет, Антониј останал во Рим за да управува со Италија и да воспостави ред.[29] Меѓутоа, Антониј брзо се соочил со политички тешкотии и се покажал непопуларен. Главната негови политички предизвик бил простувањето на долговите. Еден од трибуните за 47 пр. н.е., предложил закон со кој би биле поништени сите неподмирени долгови. Антониј од политички и од лични причини се спротивставил на законот: верувал дека Цезар нема да го поддржи тоа и се сомневал дека Долабела ја завел неговата сопруга Антонија Хибрида Минор. Кога Долабела насилно се обидел да го донесе законот и го зазел Римскиот форум, Антониј ги насрнал своите војници врз насобраната маса, кои убиле стотици луѓе.[30] Нестабилноста го принудила Цезар во октомври 47 година пр. н.е. да се врати во Италија.[29]
Однесувањето на Антониј во аферата со Долабела предизвикала заладување на неговиот однос со Цезар. Насилната реакција на Антониј предизвикала Рим да западне во состојба на анархија. Цезар се обидел да ги подобри односите со Долабела; во 46 година пр. н.е. Цезар трет пат бил избран за конзул, но му предложил сенатот конзулството да го пренесе на Долабела. По протестот на Антониј, Цезар од срам го повлекол предлогот. Подоцна, Цезар ја искористил својата титула диктатор и директно го прогласил Долабела за конзул.[31] Антониј повторно протестирал и, во својство на Авгур, изјавил дека предзнаците се неповолни и Цезар повторно се повлекол.[32] Цезар на крајот го помилувал Антониј за неговата улога во немирите и го поставил како еден од неговите генерали во неговите походи против преостанатиот отпор на Оптиматите.[26] Но, на Антониј му биле одземени сите службени позиции и во 46 година година пр. н.е. и 45 пр. н.е. не добил дополнителни назначувања. Наместо Антониј, во 46 пр. н.е. Цезар за свој конзуларен колега го назначил Марко Емилиј Лепид за негов конзуларен колега. За време на походот на Цезар во Северна Африка, Антониј останал во Рим како обичен приватен граѓанин. Откако победнички се вратил од Северна Африка, Цезар бил назначен за диктатор во следните десет години и во Рим ги довел Клеопатра и нивниот син. Антониј повторно останал во Рим, додека Цезар, во 45 пр. н.е., отпловил за Шпанија за да го порази последното противење на неговото владеење. Кога Цезар се вратил кон крајот на 45 година пр. н.е., граѓанската војна била завршена.
По скандалот со Долабела, Антониј се развел од втората сопруга и брзо се оженил со Фулвија. Фулвија претходно била во брак со Публиј Клодиј Пулхер и со Гај Скрибониј Курио, и останала вдовица по смртта на Курио во битката кај Баграда во 49 година пр. н.е. Иако Антониј и Фулвија формално се венчале во 47 година пр. н.е., Цицерон наведува дека тие биле во врска најмалку од 58 година пр. н.е.[33][34] Од бракот имал две деца: Марко Антониј Антил (роден 47 година пр. н.е.) и Јул Антониј (роден 45 година пр. н.е.).
Атентат на Цезар
[уреди | уреди извор]Мартовски Иди
[уреди | уреди извор]Без оглед на несогласувањата меѓу Марко Антонија и Цезар, Антониј му останал верен на Цезар. Антониј повторно му се придружил Цезар во Нарбон во 45 пр. н.е., а целосно се помириле во 44 пр. н.е. кога Антониј бил избран за конзул покрај Цезар. Цезар планирал нова инвазија на Партија и сакал да го остави Антониј во Италија за да управува со Рим во негово име. Антониј ја отфрлил понудата од Гај Требониј, еден од Цезаровите генерали, да се приклучи во заговор за атентат на Цезар.[35][36]
Набргу откако заедно ја презеле функцијата, на 15 февруари 44 пр. н.е. бил одржан фестивалот Луперкалија. Фестивалот се одржувал во чест на Лупа, волчицата која ги цицала малите сирачиња Ромул и Рем, основачите на Рим.[37] За време на фестивалот народот во Рим бил длабоко поделен. Цезар донел многу уставни реформи со кои сите политички овластувања се ставаат во негови раце. Исто така, на 1 јануари 44 година пр. н.е., Цезар бил именуван за доживотен диктатор, со што стекнал неограничена моќ. Политичките ривали на Цезар се плашеле дека овие реформи се негов обид Републиката да ја претвори во отворена монархија. За време на фестивалот, Антониј јавно му понуди на Цезар дијадема, која Цезар ја фрли. Кога Антониј ја ставил дијадемата во неговиот скут, Цезар наредил дијадемата да се стави во храмот на Јупитер Оптимус Максимус. Настанот пренел моќна порака: дијадемата била симбол на кралот. Со тоа што ја одбил, Цезар покажал дека нема намера да се прогласи за крал на Рим. Не е јасен мотивот на Антониј за таквите постапки и не е познато дали дејствувал по претходно одобрение од Цезар или самостојно.[38]
Група сенатори решиле да го убијат Цезар за да го спречат да воспостави монархија. Главни меѓу нив биле Марко Јуниј Брут и Гај Касиј Лонгин. Цицерон, иако лично не бил вклучен во заговорот, подоцна тврдел дека постапките на Антониј му пресудиле на Цезар бидејќи очигледното покажување на надмоќта на Цезар ги мотивирало заговорниците да дејствуваат.[39] Првично, заговорниците планирале да го елиминираат не само Цезар, туку и многу негови поддржувачи, вклучувајќи го и Антониј, но Брут го одбил предлогот, ограничувајќи го заговорот само на Цезар.[40]
Според Плутарх, кога Цезар пристигнал во сенатот група од петмина заговорници за само неколку минути го избоделе Цезар, еден по еден. Цезар се обидел да се извлече, но, облеан од крв, се сопнал и паднал. Според римскиот историчар Евтропиј, во атентатот учествувале околу 60 или повеќе мажи. Цезар бил избоден 23 пати и починал од загуба на крв поради повеќекратните убоди.[41]
Водач на Цезаристите
[уреди | уреди извор]Во превирањата поради атентатот, Антониј избегал од Рим облечен како роб, исплашен дека по Цезар ќе почнат да ги убиваат неговите поддржувачи. Откако тоа не се случило, тој се вратил во Рим. Заговорниците, кои себеси се нарекле „Liberatores“ („Ослободители“), за своја безбедност се забарикадирале на ритчето Капитол. Заговорниците верувале дека со смртта на Цезар ќе ја зачуваат Републиката, но Цезар бил многу популарен кај римската средна и ниска класа, кои се разбесниле кога дознале дека мала група аристократи го убила нивниот водач.
Антониј, како единствен конзул, набргу презел акција и ја запленил државната каса. Калпурнија, вдовицата на Цезар, му ги предала личните документи од Цезар и старателството над неговиот голем имот, со што јасно го означила за наследник на Цезар и водач на Цезарската фракција.[42] Цезаровиот началник на коњицата Марко Емилиј Лепид на 16 март со преку 6.000 војници влегол во Рим за да го врати редот и за да ги заштити Цезаристите. Лепид сакал да јуриша на Капитол, но Антониј претпочитал мирно решение бидејќи мнозинството од Ослободителите и од поддржувачите на Цезар претпочитале спогодба, а не граѓанска војна.[43] На 17 март, Антониј договорил состанок на Сенатот за да разговара за компромис, кој, поради присуството на ветераните на Цезар во градот, бил брзо постигнат. Атентаторите на Цезар ќе бидат помилувани за нивните злосторства, а за возврат ќе бидат ратификувани сите акти на Цезар.[44] Антониј, исто така, се согласил неговиот ривал Долабела да биде назначен за негов конзуларен колега кој ќе го замени Цезар.[45] Затоа што немале ниту војници, ни пари, ни поддршка од народот, Ослободителите биле принудени да го прифатат предлогот од Антониј. Овој компромис бил голем успех за Антониј, кој успеал истовремено да ги смири ветераните од Цезар, да го помири мнозинството во сенатот и да се постави нивен партнер и заштитник на Ослободителите.[46]
На 19 март, бил отворен и прочитан тестаментот на Цезар. Во него, Цезар постхумно го посвоил својот правнук Гај Октавиј и го именувал за свој главен наследник. Тогаш тој имал само деветнаесет години и бил стациониран со војската на Цезар во Македонија. Иако не бил главен наследник, Антониј сепак добил дел.[47]
По постигнувањето на компромис, како знак на добра волја, Брут, спротивно на советот од Касиј и Цицерон, се согласил на Цезар да му биде овозможен јавен погреб. Погребот на Цезар бил одржан на 20 март. Антониј, бил избран да го каже посмртниот говор. Тој ги навел добрите дела на Цезар и јавно го прочитал тестаментот, во кој детално била опишана оставштината што Цезар ја дава на римскиот народ. Тогаш Антониј ја зел крвавата тога од телото на Цезар и ја предал на толпата. Насобраниот народ почнал да се бунтува. Неколку згради во Форумот и некои куќи од заговорниците биле изгорени до темел. Во паника, многу заговорници избегале од Италија.[48] Под изговор дека не можел да ја гарантира нивната безбедност, Антониј ги ослободил Брут и Касиј од нивните судски должности во Рим и им ја доделил одговорноста за набавка на пченица за Рим од Сицилија и Азија. Таквата задача, освен што била недостојна за нивниот ранг во општеството, би ги оддалечила од Рим и би ја префрлила моќта во рацете на Антониј. Тие го одбиле тоа, и заминале за Грција. Исто така, Клеопатра го напуштила Рим и се вратила во Египет.
И покрај одредбите од тестаментот од Цезар, Антониј за себе присвоил дел од богатството на Цезар што законски му припаѓало на Октавијан. Антониј, за да ја консолидира својата моќ, го донел Лекс Антонија, закон со кој формално се укинува диктатурата. Исто така, донел многу закони за кои тврдел дека ги нашол во записите на Цезар, меѓу кои бил и законот за земјишни грантови за воените ветерани. Антониј, дал поддршка Лепид да за да го наследи Цезар како понтифекс максимус. За да го зацврсти сојузот со Лепид, ќерката на Антониј, Антонија Прима, се свршила со синот на Лепид, кој исто така се викал Лепид. Антониј себеси се претставил како вистински наследник на Цезар, во голема мера игнорирајќи го Октавијан.[49]
Прв конфликт со Октавијан
[уреди | уреди извор]Октавијан о мајп ристигнал во Рим за да го побара своето наследство. Сенаторите сè повеќе гледале кон Антониј како кон нов тиранин. Антониј ја изгубил поддршката од многу Римјани и поддржувачи на Цезар откако се спротивставил на предлогот Цезар да се подигне на статус на божество.[50] Откако Антониј одбил да му го отстапи огромното богатство од Цезар, Октавијан се задолжил за кон римскиот народ и воените ветерани да ја исполни волјата на Цезар наведена во тестаментот, како и за да плати сопствени телохранители.[51] Со ова ја стекнал поддршката од симпатизерите на Цезар, кои се надевале дека ќе го искористат како средство за елиминирање на Антониј.[52] Сенатот, а најмногу Цицерон, го сметале Антониј како поголема опасност од нив двајцата. Летото 44 пр. н.е., Антониј западнал во тешка позиција поради компромисот со Ослободителите по убиството на Цезар. Тој требало да ги осуди Ослободителите како убијци задоволи сенатот или да продолжи да го поддржува компромисот и да наследството на Цезар да му го предаде на Октавијан со што би ја зајакнувал неговата позицијата. И покрај сето тоа, наклонетоста на римскиот народ се префрлала кон Октавијан поради неговиот статус како син на Цезар.[53][54]
Октавијан, во септември 44 година пр. н.е., го поддржал главниот сенатор Марко Тулиј Цицерон во низа говори да го нападне Антониј во кој бил прикажан како закана за републиканскиот поредок.[55][56] Растел ризикот од граѓанска војна меѓу Антониј и Октавијан. Во ноември 44 година пр. н.е. две легии од Антониј преминале на страна на Октавијан. Тогаш Октавијан како приватен граѓанин немал законско овластување да командува со војските на Републиката. Во 43 година пр. н.е., Сенатот, по обичај, по истекот на нивните конзуларни мандати им ги доделил на управување на Антониј и на Долабела провинциите Македонија и Сирија, соодветно. Меѓутоа, Антониј истакнал дека претпочита да управува со Цисалпска Галија, која му била доверена на Децим Јуниј Брут Албин, еден од убијците на Цезар.[57][58] Кога Децим одбил да ја предаде својата провинција, Антониј во декември 44 пр. н.е. со своја војска се упатил на север.[59] Сенатот, предводен од Цицерон, ги осудил постапките на Антониј и го прогласил за државен непријател.
Откако на 1 јануари 43 пр. н.е., сенатот ја ратификувал вонредната команда на Октавијан, тој заедно со конзулите Хиртиј и Панса бил испратен да го порази Антониј и неговите пет легии.[60][61] Антониј бил поразен во битката кај Мутина во април 43 пр. н.е., и бил принуден да се повлече во Трансалпска Галија. Двата конзули биле убиени, а Октавијан продолжил сам да командува со нивната војска од околу осум легии.[62][63]
Втор триумвират
[уреди | уреди извор]Основање на сојузот
[уреди | уреди извор]По поразот на Антониј, сенатот, за да го елиминира Октавијан и остатокот од Цезарската партија, командата со републичките легии му ја доверил на Децим. На Секст Помпеј, син на стариот непријател на Цезар, Помпеј Векики, му била доверена командата со републичката флота од неговата база во Сицилија, а на Брут и Касиј им било доделено управувањето со Македонија и Сирија, соодветно. Меѓутоа, војниците од осумте легии под команда на Октавијан, составени претежно од Цезарови војници, одбиле да бидат префрлени под команда кај еден од убијците на Цезар, и му дозволиле на Октавијан да ја задржи својата команда. Во меѓувреме, Антониј ја вратил својата моќ со здружување на силите со Марко Емилиј Лепид, кој бил назначен за гувернер на Нарбонска Галија и Блиска Шпанија.[64] Антониј го пратил Лепид во Рим за да посредува за помирување. Лепид одржувал пријателски односи со сенатот и со Секст Помпеј. Неговите легии им се придружиле на легиите на Антониј, со што тој добил контрола врз седумнаесет легии, најголема војска на Западот.[65]
Кон средината на мај, Октавијан започнал тајни преговори за формирање сојуз со Антониј за да обезбеди обединета Цезарска партија против Ослободителите. Октавијан во јули 43 пр. н.е. испратил емисари во Рим кои побарале тој да биде назначен за конзул и да се укине декретот со кој Антониј се прогласува за јавен непријател.[66] Откако сенатот го одбил тоа, Октавијан со своите осум легии тргнал кон Рим и во август 43 пр. н.е. ја презел контролата врз градот. Октавијан се самопрогласил за конзул, ги наградил своите војници, а потоа започнал да ги гони убијците на Цезар. Сите заговорници и Секст Помпеј биле осудени „во отсуство“ и биле прогласени за јавни непријатели. Потоа, Октавијан отишол во Цисалпска Галија за да се сретне со Антониј.
Во ноември 43 година пр. н.е., Октавијан, Лепид и Антониј се сретнале во близина на Бононија.[67] По дводневни разговори, групата се согласила да воспостави диктатура од три лица која ќе управува со Републиката во период од пет години, позната како „Триумвират за обновување на Републиката“ (латински: „Triumviri Rei publicae Constituendae“). Тие меѓусебе ја поделиле командата со војските и римските провинции: Антониј ја добил Галија, Лепид Шпанија, а Октавијан (како помлад партнер) Африка. Тие заедно управувале со Италија. Триумвиратот требало да воспостави своја контрола врз останатите римски провинции; Брут и Касиј имале контрола врз источното Средоземје, а Секст Помпеј ги држел средоземните острови.[68] Триумвиратот бил формално основан на 27 ноември 43 година пр. н.е., со нов закон, Лекс тиција. Октавијан и Антониј го зајакнале сојузот преку бракот на Октавијан со поќерката на Антониј, Клаудија.
Цел на Триумвиратот била одмазда за смртта на Цезар. Пред да ги нападнат Брут и Касиј на Исток, Триумвирите издале проскрипција против нивните непријатели во Рим. На јавни списоци биле објавувани непријателите, им биле одземани државјанствата и биле прогласени за одметници. Со законот биле погубени две илјади римски витези и една третина од сенатот, меѓу кои бил и Цицерон (погубен на 7 декември). Конфискациите придоле за дополнителни приходи во Државната каса, која била испразнета по Цезаровата граѓанска војна од претходната деценија; кога тоа се покажало како недоволно за финансирање на војната против Брут и Касиј, триумвирите наметнале нови даноци, особено на богатите. На сенаторите кои се заколнале на верност кон Триумвиратот им беше дозволено да ги задржат своите позиции, а другите побегнале кај Секст Помпеј; на 1 јануари 42 пр. н.е., сенатот официјално го прогласил Цезар за божество и ја потврдил позицијата на Антониј како првосвештеник.
Војна против Ослободителите
[уреди | уреди извор]Летото 42 пр. н.е., Октавијан и Антониј со деветнаесет легии (приближно 100.000-на пешадија поддржана од коњаница и нередовни помошни единици) отпловиле за Македонија за да се соочат со Ослободителите,[69] а Рим го оставиле под управа на Лепид. Војската на ослободителите исто така била сочинета од деветнаесет легии; но за разлика од легиите на Антониј и Октавијан не биле добро подготвени.[69]
Брут и Касиј се позиционирале на височинка од двете страни на Виа Игнација западно од градот Филипи. На југ имало непроодно мочуриште, а на север непропустливи ридови. Имале доволно време да ја зацврстат својата позиција со бедем и ров. Брут својот логор го поставил на север, а Касиј го зафатил јужниот дел од Виа Игнација. Откако пристигнал Антониј, својата војска ја распоредил на југ од Виа Игнација, а Октавијан своите легии ги поставил северно од патот. Антониј неколку пати повикал на битка, но не ги намамил ослободителите да ја напуштат својата одбранбена позиција. Така, Антониј се обидел тајно да стигне до позицијата на ослободителите преку мочуриштата на југ. На 3 октомври 42 пр. н.е. имало жестока битка. Антониј командувал со војската на Триумвират, затоа што тој ден Октавијан бил болен. Антониј директно командувал со десното крило спроти Касиј. Октавијан од здравствени причини останал во логорот, а неговите поручници зазеле позиција на левото крило спроти Брут. Во првата битка кај Филипи, Антониј го поразил Касиј и го заробил неговиот логор. Брут ги збришал трупите на Октавијан и продрел во логорот на Триумвирите, но не можел да го зароби болниот Октавијан. Тактички, битката завршила со нерешен резултат, но поради лошата комуникација Касиј сметал дека се целосно поразени во битката и извршил самоубиство за да не биде заробен.
Брут ја презел целокупната команда со Ослободителната војска и претпочитал војна на исцрпување, а не отворен конфликт. Неговите офицери, сепак, биле незадоволни од ваквата одбранбена тактика и неговите цезарски ветерани се заканувале дека ќе пребегаат на другата страна. Ова го принудило Брут да се бори во втората битка кај Филипи на 23 октомври. Во битката Антониј ги уништил силите на Брут. Брут извршил самоубиство еден ден по поразот, а остатокот од неговата војска се заколнала на верност на Триумвират. Во двете битки загинале преку педесет илјади Римјани. Антониј се однесувал благо кон поразените, но Октавијан бил суров со своите затвореници, па дури и го обезглавил трупот на Брут.[70][71][72]
Со Битките кај Филипи завршила граѓанската војна. По поразот на Ослободителите, Секст Помпеј и неговата флота биле единствена пречка за Триумвиратот да воспостави целосна контрола над Републиката.
Господар на Римскиот Исток
[уреди | уреди извор]Поделба на Републиката
[уреди | уреди извор]Откако се вратиле во Рим, Триумвиратот меѓу себе повторно ги поделиле римските провинции. Антониј добил најголема територија; управувал со сите источни провинции, а на Запад ја задржал Галија. Октавијан ја добил Шпанија, која му била одземена на Лепид. Територијата со која управувал Лепид се свела само на Африка, и станало јасно дека има треторазредна улога во Триумвират.
Истокот требало да се реорганизира по владеењето на Ослободителите во претходните години. Освен тоа, Рим со Партиската империја се борел за превласт на Блискиот Исток. Како владетел на Истокот, Антониј, ја надгледувал планираната инвазија на Цезар на Партија за да се одмазди за поразот на Марко Лициниј Крас во битката кај Кара во 53 година пр. н.е.
Во 42 година пр. н.е., Римскиот Исток бил составен од неколку директно контролирани провинции и клиентски царства. Провинциите ги опфаќале Македонија, Азија, Битинија, Киликија, Кипар, Сирија и Киренајка. Приближно половина од источната територија била контролирана од клиентски царства на Рим. Вакви кралства биле:
- Одриска Тракија во Источна Европа
- Босфорско Кралство долж северниот брег на Црно Море
- Галатија, Понт, Кападокија, Ерменија и неколку помали кралства во Мала Азија
- Јудеја, Комагена и Набатејско Кралство на Блискиот Исток
- Птоломејски Египет во Африка
Активности на Исток
[уреди | уреди извор]Антониј зимата 42 година пр. н.е. ја поминал во Атина, каде што ја поддржал грчката култура за да ја придобие верноста на жителите. Тој присуствувал на религиозни фестивали и церемонии.[73] Во 41 година пр. н.е., преку Егејско Море стигнал во Анадолија, а својот пријател Луциј Марциј Цензор го поставил за управител на Македонија и Ахаја. По пристигнувањето во Ефес, Антониј бил обожуван како богот Дионис.[74] Тој ги помилувал сите римски благородници кои живееле на Исток кои ги поддржувале Оптиматите, освен убијците на Цезар.
Од Ефес, Антониј ја консолидирал римската хегемонија на Исток. Иако кралот Дејотар од Галатија по убиството на Цезар ги поддржал Брут и Касиј, Антониј му дозволил да ја задржи својата позиција. Тој исто така го потврдил Ариарат X за крал на Кападокија. Под влијание на убавината и шармот на Глафира, вдовицата на Архелај (поранешен првосвештеник од Комана), Антониј го симнал од власт Ариарат и го назначи синот на Глафира, Архелај, да владее со Кападокија.[75]
Во октомври 41 година пр. н.е, Антониј побарал Клеопатра да се сретне со него во Тарсус во Киликија. Клеопатра во Тарсус пристигнала на нејзиниот прекрасен брод, и за да го зацврсти сојузот го поканила Антониј на голем банкет. Како најмоќен источен вазал на Рим, Египет бил многу важен во планираната воена инвазија на Рим врз Партското Царство. На барање на Клеопатра, Антониј наредил да се погуби Арсиноја, која иако марширала на триумфалната парада на Цезар во 46 година пр. н.е.[76] добила светилиште во Артемидиниот храм во Ефес. Антониј и Клеопатра зимата 41 година пр. н.е. ја поминале заедно во Александрија. Во 40 година пр. н.е. Клеопатра на Антониј му родила близнаци Александар Хелиос и Клеопатра Селена II, и трето дете во 36 година пр. н.е. Птоломеј Филаделф. Антониј, исто така, во 40 година пр. н.е. на Клеопатра како подарок за нејзината лојалност кон Рим ѝ го подарил Кипар.[77]
Според некои антички автори, Антониј водел безгрижен и разуздан живот во Александрија.[78][79] Откако дознал дека Партската Империја на почетокот од 40 година пр. н.е. ја нападнала територијата на Рим, Антониј го напуштил Египет и заминал за Сирија за да спречи инвазија. Но, по краток престој во Тир, бил принуден со својата војска да замине во Италија поради војната на Октавијан против жената и братот на Антониј.
Граѓанската војна на Фулвија
[уреди | уреди извор]Сенаторите, на чело со Фулвија, сопругата на Антониј, биле непријателски настроени кон Октавијан во врска со конфискацијата на земјиштето. Според античкиот историчар Касиј Дион, Фулвија била најмоќна жена во Рим во тоа време.[80] Според Дион, иако Публиј Сервилиус Ватија и Луциј Антониј биле конзули за 41 година пр. н.е., вистинската моќ ја имала Фулвија. Како свекрва на Октавијан и сопруга на Антониј, сенатот не преземал ништо без нејзино одобрение.[81] Со помош на братот на Антониј, конзулот за 41 година пр. н.е. Луциј Антониј, Фулвија го поттикнала сенатот да се спротивстави на политиката на Октавијан.
Конфликтот меѓу Октавијан и Фулвија предизвикал големи политички и социјални немири низ цела Италија. Немирите ескалирале во отворена војна откако Октавијан се развел од Клаудија, ќерка на Фулвија од нејзиниот прв сопруг. Фулвија, навредена од ова и поддржана од Луциј, собрала војска за да се бори за правата на Антониј против Октавијан. Според античкиот историчар Апијан, главна причина за војната на Фулвија била нејзината љубомора за аферите на Антониј со Клеопатра во Египет и намерата да го врати Антониј во Рим.[82] Меѓутоа, Луциј и Фулвија се коцкале со политички и воени дејствија против Октавијан и Лепид, бидејќи римската војска сѐ уште зависела од Триумвирите за нивните плати.[83] Луциј и Фулвија, поддржани од нивната војска, тргнале кон Рим и му ветиле на народот крај на Триумвиратот а Антониј требало да биде единствен владетел. Но, откако Октавијан со својата војска се вратил во градот, Луциј и Фулвија биле принудени да се повлечат во Перусија во Етрурија. Октавијан го опседнал градот, а Луциј чекал помош од легиите на Антониј во Галија.[81][84] Далеку на Исток и засрамен од постапките на Фулвија, Антониј не им дал никакви упатства на своите легии.[85] Без засилување, Луциј и Фулвија биле принудени да се предадат во февруари 40 година пр. н.е. Октавијан го помилувал Луциј, па дури и му дал команда во Шпанија како негов главен поручник. Фулвија била принудена да побегне во Грција. По завршувањето на војната, Октавијан сам ја контролирал цела Италија. По смртта на гувернерот на Галија, Октавијан ги презел неговите тамошни легии и дополнително ја зајакнал својата контрола врз Западот.[86]
И покрај тоа што Партиското Царство ги нападнало источните римски територии, граѓанската војна на Фулвија го принудила Антониј да го напушти Истокот и да се врати во Рим. Антониј го опседнал Брундизиум. Но, оваа војна била неодржлива затоа што нивните центуриони, кои станале важни политички личности, одбиле да се борат поради нивната заедничка служба под Цезар. Легиите под нивна команда го следеле нивниот пример.[87][88] Во меѓувреме, во Сикион, Фулвија починала од ненадејна и непозната болест.[89] По смртта на Фулвија триумвирите потпишале нов договор за поделба на моќта во септември 40 година пр. н.е. Рим бил повторно поделен, при што Антониј ги добил источните провинции, Октавијан западните провинции, а Лепид бил симнат на очевидно пониска позиција како гувернер на Африка. Овој договор, познат како Договор од Брундизиум, го засилил Триумвиратот и му дозволил на Антониј да започне да се подготвува за долгоочекуваниот поход на Цезар против Партиското Царство. Како симбол на новиот сојуз, во октомври 40 година пр. н.е., Антониј се оженил со Октавија, сестра на Октавијан.
Партиска војна
[уреди | уреди извор]Римско-партиски односи
[уреди | уреди извор]Подемот на Партиското Царство во 3 век пр. н.е. и ширењето на Рим во источниот Медитеран во текот на 2 век пр. н.е. ги довеле двете сили во директен контакт. Влијанието врз тампон државата, Кралството Ерменија, кое се наоѓало на североисток од Римска Сирија, било централно прашање во римско-партискиот конфликт. Во 95 година пр. н.е., Тигран Велики, сојузник на Партијците, станал крал. Тигран подоцна му помогнал на Митрадат од Понт во војната против Рим, но во 66 г. пр. н.е. бил решително поразен од Помпеј.[90] Потоа, додека неговиот син Артавасдес бил заложник во Рим, Тигран, до неговата смрт во 55 година пр. н.е., владеел со Ерменија како сојузник на Рим. Рим потоа го ослободил Артавасдес кој станал крал на Ерменија.
Во 53 година пр. н.е., римскиот гувернер на Сирија, Марко Лициниј Крас, ја преминал реката Еуфрат и го нападнал партискиот шах Ородес II. Артаваздес II му понудил на Крас речиси четириесет илјади негови војници ако Крас ја нападне Партија преку Ерменија.[91] Крас одбил, и се одлучил директно да ја нападне Партија преку Еуфрат. Походот на Крас бил катастрофален. Неговата војска била поразена во битката кај Кара од бројчано инфериорната партиска војска. По поразот на Крас, Ерменија ѝ станала лојална на Партија, а сестрата на Артавасдес II се омажила за синот на Ородес, Пакор.[92]
Во 44 година пр. н.е., Јулиј Цезар изразил намера да ја нападне Партија. Тој сакал да ги казни Партијците што му помагале на Помпеј во неодамнешната граѓанска војна, да се одмазди за поразот на Крас кај Кара, а исто така да ја достигне славата на Александар Велики. Но, Цезар бил убиен пред тој да го започне својот поход. По убиството на Цезар за гувернер на Сирија бил поставен Публиј Корнелиус Долабела. Републиканците во нивната борба против Октавијан и Антониј ги придобиле партијците на своја страна. И покрај внатрешните превирања во Рим во тоа време, Партијците не го искористиле вакуумот на моќта на Исток поради колебливоста на Ород II.
Летото 41 година пр. н.е., Антониј, за да ја потврди власта на Рим на Исток, ја освоил Палмира која се наоѓала на римско-партиската граница.[93] Антониј зимата 41 година пр. н.е. ја поминал во Александрија со Клеопатра, и оставил само две легии да ја бранат сириската граница од партиските напади.
Партска инвазија
[уреди | уреди извор]Партската војска, предводена од најстариот син на Ород II, Пакор, ја нападнала Сирија на почетокот од 40 година пр. н.е. Партската војска потпомогната од римските републиканци, по почетниот успех во Сирија, се разделиле во два правци: Пакор се упатил кон Хасмонејска Јудеја, а републиканецот Лабиен ги преминал Таурските Планини и се упатил кон Киликија. Лабиен со мал отпор ја освоил јужна Анадолија. Римскиот гувернер на Азија, Луциј Мунатиј Планк, бил принуден да ја напушти провинцијата, и со тоа му дозволил на Лабиен да ги регрутира римските војници стационирани таму. Од своја страна, Пакор напредувал на југ до Феникија и Палестина. Во Хасмонејска Јудеја, прогонетиот принц Антигон се здружил со Партијците. Кога неговиот брат, римскиот крал Хиркан II одбил да ја прифати партиската власт, тој бил сменет, а Антигон станал крал на Јудеја. Пакор освоил голем дел од сириската и палестинската територија, а исто така бил окупиран и голем дел од феникискиот брег. Градот Тир останал последна голема римска испостава во регионот.[94]
Антониј, кој тогаш бил во Египет со Клеопатра, не одговорил веднаш на партскиот напад. Иако од Александрија се упатил кон Тир кон почетокот на 40 година пр. н.е., кога дознал за граѓанската војна меѓу неговата сопруга и Октавијан, бил принуден со својата војска да се врати во Италија за таму да ја обезбеди својата позиција.[94] Антониј го испратил Публиј Вентидиј Бас да го надгледува напредувањето на Партијците. Пролетта 39 година пр. н.е., Вентидиј го изненадил Лабиен во близина на Таурските Планини, и го победил кај Киликиските Порти. Вентидиј наредил Лабиен да биде погубен како предавник, а римските војници под негова команда повторно биле ставени под контрола на Антониј. Потоа поразил партиска војска на границата меѓу Киликија и Сирија. Дејствијата на Вентидиј привремено го запреле партиското напредување и Рим повторно воспоставил власт на Исток, а Пакор бил принуден да се врати во Партија.[95]
Пролетта 38 година пр. н.е., Партијците ја продолжиле својата офанзива. Партијците без отпор напредувале кон градот Гиндар во Кирестика каде што ги чекала војската на Вентидиј. Во битката кај Кирестика, Вентидиј им нанел огромен пораз на Партите, а Пакор починал. Севкупно, римската војска со трите последователни победи на Вентидиј победила во војната, а Партијците биле принудени преку Еуфрат да се вратат во својата татковина.[96] По смртта на Пакор, Партското Царство било во хаос. Шахот Ород II, обземен од тага за смртта на неговиот син, го назначил својот помлад син Фраат IV за свој наследник. Сепак, Фраат IV го убил Ород II кон крајот на 38 година пр. н.е., и го наследил на престолот.[97][98]
Вентидиј се плашел од гневот на Антониј ако ја нападне партиската територија, затоа што би му ја украл славата; па затоа ги нападнал и ги покорил источните кралства, кои се побуниле против римската власт по катастрофалниот пораз на Крас кај Кара.[99] Таков бунтовник бил кралот Антиох од Комагена. Антиох се обидел да склучи мир со Вентидиј, но Вентидиј му рекол директно да му пријде на Антониј. По склучувањето на мирот, Антониј го испратил Вентидиј во Рим каде што славел триумф, прв Римјанин кој триумфирал над Партијците.
Војна со Секст Помпеј
[уреди | уреди извор]Кога Антониј и другите Триумвири го ратификувале Договорот од Брундизи за повторна меѓусебна поделба на римската држава, Секст Помпеј, син на Помпеј Велики, бил запоставен. Од своето упориште на Сицилија, тој продолжил со своите пиратски активности низ Италија и ја блокирал испораката на жито во Рим. Населението во Рим за гладот го обвинило Триумвиратот и почнало со симпатии да гледа кон Помпеј. Триумвирите биле принудени да се сретнат со Секст на почетокот од 39 година пр. н.е.[100]
Октавијан сакал воено да ја оконча блокадата на Италија, но Антониј се залагал за мир на Запад за да може со легиите на Триумвиратот да го започне планираниот поход против Партија. Триумвирите го одбиле барањето на Секст тој да биде трет триумвир на местото од Лепид, но за возврат му дале други отстапки. Според условите од Договорот од Мисенум, на Секст му било дозволено да ја задржи контролата врз Сицилија и Сардинија, му биле дадени и провинциите Корзика и Грција. Исто така, му била ветена идна позиција во Свештеничкиот колеџ на Аугурите и конзулство за 35 година пр. н.е. За возврат, Секст се согласил да ја прекине поморската блокада на Италија, да го снабдува Рим со жито и да ја запре пиратеријата на римските трговски бродови.[101] Сепак, најважна одредба од Договорот била крајот на проскрипцијата што Тримумвиратот ја започнал кон крајот на 43 година пр. н.е. Многу сенатори, за да избегнат смрт, побегнале во Сицилија и побарале заштита од Секст. Откако бил обезбеден мир на Запад, Антониј планирал да ѝ се одмазди на Партија со инвазија на нејзината територија. Според договорот со Октавијан, Антониј добил дополнителни војски за неговиот поход. Антониј со Октавија заминал за Грција во 39 година пр. н.е.
Но, мирот со Секст бил краткотраен. Кога Секст побарал контрола над Грција според договорот, Антониј побарал со даночните приходи од покраината да се покриваат трошоците за партискиот поход. Секст одбил.[102] Во меѓувреме, адмиралот на Секст му станал лојален на Октавијан и со тоа му дал контрола врз Корзика, Сардинија, три легии од Секст и голема морнарица. По ова Секст повторно вовел трговска блокада на Италија, и со тоа го спречил Октавијан да му ги испрати ветените трупи на Антониј за партискиот поход. Поради одложувањето Антониј му се налутил на Октавијан. Според Договорот од Таренто, Антониј на Октавијан требало да му обезбеди голема поморска сила за војна против Секст, а Октавијан ветил дека ќе регрутира нови легии за да ја поддржи инвазијата на Партија.[103] Бидејќи мандатот на Триумвиратот требало да истече на крајот од 38 година пр. н.е., двајцата еднострано го продолжиле мандатот на уште пет години до 33 година пр. н.е.; без да побараат одобрение од сенатот или од народните собранија. По потпишувањето на Договорот, Антониј се вратил на Исток, а Октавија ја оставил во Италија.
Освојување на Јудеја
[уреди | уреди извор]Откако Публиј Вентидиј Бас триумфално се вратил во Рим по победата против Партијците, Антониј за нов гувернер на Сирија и Киликија на почетокот од 38 година пр. н.е. го назначил Гај Сосиј. Антониј, кој сè уште преговарал со Октавијан на Запад, му наредил на Сосиј да го собори Антигон, кој по неодамнешната партска инвазија бил поставен за владетел на Хасмонејска Јудеја, и за римски клиентски крал во регионот да го постави Ирод. Во 40 година пр. н.е., римскиот сенат го прогласил Ирод за „крал на Евреите“ затоа што Ирод бил лојален поддржувач на Хиркан II, претходниот клиентски крал на Рим.[104]
Сосиј, кон крајот на 38 година пр. н.е. го зазел градот-остров Арвад на брегот на Феникија. Следната година, Римјаните го опколиле Ерусалим. По четириесетдневната опсада, римските војници упаднале во градот, каде што и покрај молбите на Ирод да се воздржат, дејствувале без милост, ограбувајќи и убивајќи ги сите што им се наоѓале на патот, што го поттикнало Ирод да се пожали на Антониј.[105] Ирод го поткупил Сосиј и неговите војници за да не го уништат градот и тој да стане „цар на пустина“.[106] Антигон му се предал на Сосиј и бил испратен кај Антониј на триумфалната поворка во Рим. Меѓутоа, Ирод, кој сметал дека Антигон може да добие поддршка во Рим, го поткупил Антониј да го погуби Антигон. Антониј, сфатил дека Антигон секогаш ќе биде закана за Ирод, наредил да му ја отсечат главата во Антиохија. Откако го обезбедил престолот, Ирод владеел со Иродијанското Кралство до неговата смрт во 4 година пр. н.е., и ќе биде верен клиентски крал на Рим.
Партски поход
[уреди | уреди извор]По обновувањето на Триумвиратот во 38 година пр. н.е., Антониј се вратил во Атина. Откако партскиот крал Ород II бил убиен од страна на неговиот син Фраат IV, кој потоа го зазел партскиот престол, кон крајот на 38 година пр. н.е., Антониј се подготвувал за напад на Партија.
Меѓутоа, Антониј сфатил дека Октавијан нема намера да му ги испрати ветените легии според Тарентскиот договор. За да собере војска, Антониј се упатил кон главниот вазал на Рим на Исток: неговата љубовница Клеопатра. Поддршката на Клеопатра за неговиот партски поход му овозможило на Антониј да ја собере најголемата војска на Рим на Исток дотогаш. Здружената римско-египетска војска на Антониј броела околу 100.000 војници, односно 60.000 војници во шеснаесет легии, 10.000 коњаници од Шпанија и Галија, и дополнителни 30.000 помошници.[107] Големината на неговата војска укажала на намерата на Антониј да ја освои Партија, или барем да ја добие нејзината покорност со заземање на партиската престолнина Екбатана. Позадината на Антониј била заштитена од клиентските царства на Рим во Анадолија, Сирија и Јудеја, а клиентските кралства Кападокија, Понт и Комаген му обезбедувале залихи долж маршот.
Прва цел на Антониј во инвазијата било Кралството Ерменија. Ерменија била сојузник на Рим уште од поразот на Тигран Велики од страна на Помпеј Велики во 66 година пр. н.е. за време на Третата Митридатска војна. Меѓутоа, по поразот на Марко Лициниј Крас во битката кај Кара во 53 година пр. н.е., поради ослабената позиција на Рим на Исток, Ерменија била принудена да склучи сојуз со Партија. Антониј го испратил Публиј Канидиј Крас во Ерменија, при што Артавасдес II се предал без противење. Канидиј потоа го нападнал Јужен Кавказ, и ја покорил Иберија. Таму, Канидиј го принудил иберискиот крал Фарнаваз II заедно да се борат против Зобер, кралот на соседна Албанија. Кралството било покорено и било сведено на римски протекторат.
Откако ги зазел Ерменија и Кавказ, Антониј се упатил на југ, и преминал во партската провинција Медија Атропатен. Иако Антониј сакал битка, Партијците не сакале да се вклучат, дозволувајќи му на Антониј да маршира длабоко во партска територија. Кон средината на август 36 година пр. н.е. Антониј ја оставил својата логистика под грижа на две легии (приближно 10.000 војници), која потоа била нападната и целосно уништена од партската војска. Иако ерменскиот крал Артавасдес II и неговата коњаница биле присутни за време на масакрот, тие не интервенирале. И покрај заседата, Антониј продолжил со походот. Сепак, Антониј кон средината на октомври по неуспешната двомесечна опсада на главниот град на провинцијата бил принуден да се повлече.
При повлекувањето деморализираната војска на Антониј се соочувала со тешкотии при снабдувањето на планинскиот терен во текот на зимата, а постојано била напаѓана од партската војска. Според Плутарх, меѓу Партијците и Римјаните кои се повлекувале кон Ерменија, за само еден месец загинале околу 20.000 пешадијци и 4.000 коњаници. Откако стигнал во Ерменија, Антониј веднаш заминал за Сирија за таму да ги заштити своите интереси, притоа губејќи дополнителни 8.000 војници по пат. Севкупно, две петтини од неговата првична војска (околу 80.000 луѓе) загинале за време на неговата неуспешна кампања.[108]
Антониј и Клеопатра
[уреди | уреди извор]Во меѓувреме, во Рим, Триумвиратот повеќе го немало. Октавијан го принудил Лепид да поднесе оставка откако Октавијан се обидел да ја преземе контролата над Сицилија по поразот од Секст. Сега единствен на власт, Октавијан сакал да ја привлече републиканската аристократија на своја страна. За да ја зајакне власта се оженил со Ливија и почнал да го напаѓа Антониј. Тој тврдел дека Антониј бил човек со низок морал што ја оставил својата верна сопруга сама во Рим со децата за да биде со промискуитетната кралица на Египет. Антониј бил обвинуван за сè, но најмногу за здружување со вазалите, непростливо злосторство за гордите Римјани. Неколку пати Антониј бил повикан во Рим, но останал во Александрија со Клеопатра.[109]
Антониј со египетски пари повторно ја нападнал Ерменија; овој пат успешно. На улиците на Александрија се славел лажен римски триумф. За финалето цел град требало да слушне многу важна политичка изјава. Опкружен со Клеопатра и нејзините деца, Антониј го прекинал сојузот со Октавијан.
Тој на неговите деца им дал кралства: Александар Хелиос бил именуван за крал на Ерменија, Медија и Партија (територии кои во најголем дел не биле под контрола на Рим), неговата близначка Клеопатра Селена ги добила Киренајка и Либија, а младиот Птоломеј Филаделф бил награден со Сирија и Киликија. Клеопатра била прогласена за кралица на кралевите и за кралица на Египет, која ќе владее заедно со Цезарион (Птоломеј XV Цезар, син на Клеопатра од Јулиј Цезар). Цезарион бил прогласен за легитимен син и наследник на Цезар. Овие прогласи биле познати како Донации од Александрија и предизвикале нарушување на односите на Антониј со Рим.
Распределбата на државите на децата од Клеопатра не претставувало непосредна закана за политичката позиција на Октавијан. За него многу поопасно било признавањето на Цезарион како легитимен наследник на Цезар. Октавијан својата моќ ја црпел од неговото посвојување од Цезар, со што ја добил потребната популарност и лојалност од легиите. Октавијан не можел да прифати неговата позиција да биде загрозена од дете на најбогатата жена во светот. Мандатот на Триумвиратот истекол на последниот ден од 33 година пр. н.е. и не бил обновен. Започнувала уште една граѓанска војна.
Во текот на 33 и 32 година пр. н.е., на политичката сцена во Рим се водела пропагандна војна, со меѓусебни обвинувања меѓу страните. Антониј (во Египет) се развел од Октавија и го обвинил Октавијан дека ја узурпирал власта и дека ги фалсификувал документите за посвојување од Цезар. Октавијан одговорил со обвиненија за предавство: за незаконско држење на провинции кои требало со ждрепка да им се дадат на други луѓе, според римската традиција, и за започнување војни против други народи (Ерменија и Партија) без согласност од сенатот.
Антониј исто така бил одговорен за егзекуцијата на Секст Помпеј без судење. Во 32 година пр. н.е., сенатот го лишил од неговите овластувања и објавил војна против Клеопатра - не Антониј, бидејќи Октавијан не сакал да биде вмешан во меѓународно крвопролевање во Рим. Октавијан и другите римски сенатори сметале дека ако ја претстават Клеопатра како негативец тие ќе ја имаат поддршката од Римјаните за војна. Пропагандата против Клеопатра Римјаните ја објавувале од времето на Јулиј Цезар. Октавијан, откако дознал за тестаментот на Антониј, светољубиво го опустошил Вестиниот храм. Тестаментот, за кој некои денешни историчари сметаат дека е делумно фалсификуван не е на тој начин опишан во античките извори. Октавијан ги објавил одредбите од тестаментот со кој децата на Антониј и Клеопатра биле именувани за наследници и желбата на Антониј да биде погребан во Александрија. Ова било искористено како политичко оружје во Рим за објавување војна на Клеопатра и на Египет како целина.[110] Двајцата конзули, Гнеј Домитиј Ахенобарбиј и Гај Сосиј, и една третина од сенатот го напуштиле Рим за да се соочат со Антониј и Клеопатра во Грција.
Во 31 година пр. н.е. започнала војната. Генералот на Октавијан Марко Випсаниј Агрипа го зазел грчкиот град и поморското пристаниште Метоне, лојални на Антониј. Огромната популарност на Октавијан кај легиите му овозможило провинциите Киренаика и Грција да застанат на негова страна. На 2 септември се одржала поморската битка кај Акциум. Морнарицата на Антониј и Клеопатра била разбиена, и тие со 60 бродови биле принудени да избегаат во Египет.
Смрт
[уреди | уреди извор]Октавијан, кој бил блиску до апсолутна власт, во август, 30 година пр. н.е. го нападнал Египет. Немајќи каде, Антониј се самоубил со својот меч откако го излажале дека Клеопатра веќе го направила истото. Кога дознал дека Клеопатра е сè уште жива, пријателите го донеле до Клеопатриниот мавзолеј во кој таа се криела, а тој починал на нејзините раце.
На Клеопатра, откако претходно била заробена од Октавијан, ѝ било дозволено обредно да го погреба Антониј. Откако увидела дека Октавијан во Рим ќе ја однесе како триумф, Клеопатра неколку пати се обидела да си го одземе животот и конечно успеала кон средината на август. Октавијан го наредил убиството на Цезарион и Антилиј, но го поштедил Јул, како и децата на Антониј од Клеопатра, кои парадирале низ улиците на Рим.
Последици и наследство
[уреди | уреди извор]Синот на Цицерон, Малиот Цицерон, пред Сенатот ја објавил смртта на Антониј.[113] На Антониј му биле одземени почести, а неговите статуи биле отстранети.[114] Малиот Цицерон, исто така, донел декрет со кој се забранува членовите на лозата на Антониј да го носат името Марко.[115]
По смртта на Антониј, Октавијан станал неоспорен владетел на Рим. Во следните години, Октавијан, кој по 27 година пр. н.е. бил познат како Август, за себе успеал да ги акумулира сите административни, политички и воени функции. По смртта на Август во 14 година н.е., неговите политички овластувања преминале на неговиот посвоен син Тибериј; започнало времето на Римското Царство.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Plutarch, Life of Antony 86.5.
- ↑ Suerbaum 1980, 327–34.
- ↑ Huzar 1978, p. 14
- ↑ Scullard 1980, p. 154
- ↑ Eyben 1993, p. 236
- ↑ „In ancient Rome, political discourse was sometimes like an internet fight“. ZME Science (англиски). 24 August 2018. Посетено на 10 December 2019.
- ↑ History, Mindy Weisberger 2018-09-02T12:12:50Z (2 September 2018). „Think Politics Today Is Ugly? Politicians in Ancient Rome Were Insulting, Too“. livescience.com (англиски). Посетено на 10 December 2019.
- ↑ Eyben 1993, p. 58
- ↑ Huzar 1978, p. 25
- ↑ Weigall, 1931, p. 102
- ↑ Jallet-Huant, 2009, p. 25
- ↑ Plutarch, Antony, 3
- ↑ Siani-Davis, 1997, 388
- ↑ Roller, 2010, pp. 24-25.
- ↑ Jallet-Huant, 2009, p. 33
- ↑ Caesar, B.G. 8.50
- ↑ Plutarch, Antony, 6
- ↑ Caesar, B.C. i.5
- ↑ Plutarch, Pompey, 56.4
- ↑ Hinard, 2000, p. 786
- ↑ Jallet-Huant, 2009, pp. 39–40
- ↑ Plutarch, Antony, 8
- ↑ 23,0 23,1 Broughton, p. 281
- ↑ Holmes, p. 127
- ↑ Holmes, p. 128
- ↑ 26,0 26,1 26,2 Plutarch, Antony, 10
- ↑ Plutarch, Caesar 37.2
- ↑ Jehne, 1987, pp. 15–38
- ↑ 29,0 29,1 Hinard, 2000, pp. 796, 798
- ↑ Plutarch: Antony, c. 9, in Plutarch, Roman Lives ISBN 978-0-19-282502-5
- ↑ Dio 43.51.8.
- ↑ Plutarch, Antony, 11.3, less clear from Dio.
- ↑ Cicero.Phil.2.48.
- ↑ Cicero.Phil.2.99.
- ↑ Broughton, p. 299
- ↑ Bringmann, p. 272
- ↑ Ovid, Fasti: Lupercalia
- ↑ Plutarch, Antony, 12
- ↑ Cicero, 2nd Philippic, 34
- ↑ Velleius Paterculus, 2.58.5; Plutarch, Brutus, 18.2–6.
- ↑ Suetonius, Julius, c. 82.
- ↑ David, 2000, p. 246
- ↑ Jallet-Huant, 2009, p. 64
- ↑ Plutarch, Antony, 14
- ↑ Bramstedt, 2004, p. 143
- ↑ Hinard, 2000, 827
- ↑ Hinard, 2000, p. 832
- ↑ Eck (2003), p. 10
- ↑ Hinard, 2000, p. 248
- ↑ Eck, 2003, p. 11.
- ↑ Boatwright, Mary (2012). The Romans From Village to Empire. New York: Oxford University Press. стр. 272–73. ISBN 9780199730575.
- ↑ Syme, 1939, pp. 114–20.
- ↑ Dio Cassius, Roman History, XLV, 11
- ↑ Bleicken, 1998, p. 58
- ↑ Chisholm, 1981, p. 26.
- ↑ Rowell, 1962, p. 30
- ↑ Eck 2003, pp. 11–12.
- ↑ Rowell, 1962, p. 21
- ↑ Rowell, 1962, p. 24
- ↑ Eck, 2003, p. 12
- ↑ Syme, 1939, p. 167
- ↑ Syme, 1939, pp. 173–74
- ↑ Scullard, 1982, p. 157.
- ↑ Syme, 1939, pp. 176–86.
- ↑ Hinard, 2000, pp. 839–40
- ↑ Rowell, 1962, pp. 26–27
- ↑ Eck, 2003, p. 15
- ↑ Hinard, 2000, pp. 841–42
- ↑ 69,0 69,1 Appian, The Civil Wars, Book 14, CVIII
- ↑ Jallet-Huant, 2009, pp. 144–53
- ↑ Hindard, 2000, pp. 850–51
- ↑ Cosme, 2009, pp. 56–57
- ↑ Hinard 2000, p. 854
- ↑ Lepelley, 1998, p. 435
- ↑ Cassius Dio, Roman History, 49.32; Appian, Civil Wars, 5.7; Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology, vol. I, p. 263 ("Archelaus", Nos. 3, 4), vol. II, p. 272 ("Glaphyra").
- ↑ Dio, 43.19.2–3; Appian, 2.101.420
- ↑ Mitford, pp. 1289–97.
- ↑ Plutarch, Antony, 28–30
- ↑ Cassius Dio, Roman History, l. 48.
- ↑ „M. Tullius Cicero, Orations, The fourteen orations against Marcus Antonius (Philippics), THE SECOND SPEECH OF M. T. CICERO AGAINST MARCUS ANTONIUS. CALLED ALSO THE SECOND PHILIPPIC., section 48“. www.perseus.tufts.edu.
- ↑ 81,0 81,1 „Cassius Dio – Book 48“. penelope.uchicago.edu.
- ↑ „Appian, The Civil Wars, BOOK V, CHAPTER III, section 19“. www.perseus.tufts.edu.
- ↑ Eck, p. 19
- ↑ „Appian, The Civil Wars, BOOK V, CHAPTER IV, section 32“. www.perseus.tufts.edu.
- ↑ David, 2000, p. 254
- ↑ Southern, 2001, p. 78
- ↑ Eck, 2003, p. 21.
- ↑ Eder, 2005, p. 19
- ↑ „Plutarch, Antony, chapter 30, section 3“. www.perseus.tufts.edu.
- ↑ Scullard, 1984, p. 106
- ↑ Plutarch. Life of Crassus. 19.1–3.
- ↑ Plutarch, Crassus 19; 22; 33.
- ↑ Hinard, 2000, p. 857
- ↑ 94,0 94,1 Hinard, 2000, p. 858
- ↑ Hinard, 2000, p. 877
- ↑ Dando-Collins, 2008, pp. 36–39
- ↑ Cassius Dio, Roman History, Book 49, 23
- ↑ Hinard, 2000, pp. 879, 883
- ↑ Plutarch, Antony, Chapter 34
- ↑ Appian, The Civil Wars, Book 5, 69
- ↑ Ward, Allen M., et al. A History of the Roman People. Englewood Cliffs: Prentice Hall, 2003.
- ↑ Appian, The Civil Wars, Book 5, 77
- ↑ Appian, The Civil Wars, Book 5, 95
- ↑ Armstrong, p. 126
- ↑ Rocca, 2008, pp. 45–47
- ↑ Josephus, The Jewish Wars, 1:355
- ↑ Huzar, Eleanor Goltz (1978). Mark Antony, a biography. University of Minnesota Press. стр. 176. ISBN 9780816608638.
- ↑ Plutarch. Antony. стр. 50.1.
- ↑ Boatwright, Mary (2012). The Romans From Village to Empire. New York: Oxford University Press. стр. 269–271. ISBN 978-0199735075.
- ↑ Supporting authenticity: Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil) Against authenticity: Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil) Dio. 50.20.7.
- ↑ Roller (2010), 175.
- ↑ Walker (2008), 35, 42–44.
- ↑ Dio 51.19.4.
- ↑ Plut. Ant. 49.4; Dio 51.19.3.
- ↑ Plut. Ant. 49.4; Dio 51.19.4.
Примарни извори
[уреди | уреди извор]- Дио Касиус xli.–liii
- Апијан, Бел. Граѓански i.–v.
- Цезар, Commentarii de Bello Gallico и Commentarii de Bello Civili
- Цицерон, писма и Филипики
- Плутарх, Напоредни животописи
- [1]Напоредни животописи од Плутарх: „Антониј“ ~ Архива на интернет класици ( МИТ )
- [2]Напоредни животописи на Плутарх: „Помпеј“ ~ Интернет класици Архива ( МИТ )
- [3]Напоредни животописи на Плутарх: „Животот на Антониј“ - издание на класичната библиотека на Лоеб, 1920 година
- [4]Напоредни животописи на Плутарх: „Споредба на Димитриј и Антониј“ ~ Интернет класици Архива (МИТ)
- Јосиф Флајс, Еврејска војна
- Velleius Paterculus, Римска историја, II.60–87.
Секундарни извори
[уреди | уреди извор]- Armstrong, Karen (1996). Jerusalem – One City. Three Faiths. New York: Ballatine Books. ISBN 978-0-345-39168-1.
- Babcock, C.L. (1965). „The early career of Fulvia“. American Journal of Philology. 86.
- le Bohec, Yann (2001). Cesar chef de guerre: Cesar stratege et tacticien [Caesar the Warlord: Strategy and Tactics of the Roman Republic]. Rocher. ISBN 978-2-268-03881-0.
- Borgies, Loïc (2016). Le conflit propagandiste entre Octavien et Marc Antoine. De l'usage politique de la uituperatio entre 44 et 30 a. C. n. Brussels: Latomus. ISBN 978-90-429-3459-7.
- Bradford, Ernle (2000). Classical Biography: Cleopatra. Toronto: The Penguin Groups.
- Brambach, Joachim (2004). Kleopatra. Herrscherin und Geliebte [Cleopatra: Ruler and Mistress]. Diederichs. ISBN 978-3-424-01239-2.
- Bringman, Klaus (2007). A History of the Roman Republic.
- Broughton, Thomas Robert Shannon (1952). The Magistrates of the Roman Republic, Vol. II. American Philological Association.
- Charlesworth, M. P.; Tarn, W. W. (1965). Octavian, Antony, and Cleopatra. Cambridge: Cambridge University Press.
- Cosme, Pierre (2009). Auguste [Augustus]. Perrin. ISBN 978-2-262-03020-9.
- Dando-Collins, Stephen (2008). Mark Antony's Heroes. John Wiley and Sons. ISBN 978-0-4702-2453-3.
- David, Jean-Michel (2000). La République romaine de la deuxième guerre punique à la bataille d'Actium [The Roman Republic of the Second Punic War to the Battle of Actium]. Ed. du Seuil. ISBN 978-2-020-23959-2.
- Davis, Paul K. (1999). 100 Decisive Battles from Ancient Times to the Present: The World's Major Battles and How They Shaped History. Oxford: Oxford University Press.
- De Ruggiero, Paolo (2013). Mark Antony: A Plain Blunt Man. Barnsley, South Yorkshire: Pen and Sword. ISBN 978-1-783-46270-4.
- Eck, Werner (2003). The Age of Augustus. Translated by Deborah Lucas Schneider. Oxford: Blackwell Publishing. ISBN 978-0-631-22957-5.
- Eyben, Emiel (1993). Restless youth in ancient Rome. Psychology Press. ISBN 0-415-04366-2.
- France, Richard (1977). The Theatre of Orson Welles. Lewisburg, Pennsylvania: Bucknell University Press. ISBN 0-8387-1972-4.
- Fuller, J. F. C. (1965). Julius Caesar: Man, Soldier, and Tyrant. New Brunswick, NJ: Rutgers University Press.
- Goldsworthy, Adrian (2010). Antony and Cleopatra. Yale University Press. ISBN 978-0-300-16700-9.
- Gowing, Alain M. (1992). The Triumviral Narratives of Appian and Cassius Dio. Michigan Monographs in Classical Antiquity. Ann Arbor: University of Michigan Press. ISBN 978-0472102945.
- Gruen, Erich S. (1974). The Last Generation of the Roman Republic. Berkeley: University of California Press.
- Haskell, H. J. (1942). „This Was Cicero: Modern Politics in a Roman Toga“. Classical Journal. 38 (6).
- Hinard, Francois, уред. (2000). Histoire romaine des origines à Auguste [The History of Rome from its Origins to Augustus]. Fayard. ISBN 978-2-213-03194-1.
- Holland, Tom (2004). Rubicon: The Triumph and Tragedy of the Roman Republic. London: Abacus. ISBN 0-349-11563-X.
- Holmes, T. Rice (1923). The Roman Republic and the Founder of the Empire, Vol. III.
- Huzar, Eleanor G. (1978). Mark Antony: A Biography. Minneapolis: University of Minnesota Press. ISBN 0-8166-0863-6.
- Jallet-Huant, Monique (2009). Marc Antoine: généralissime, prince d'orient et acteur dans la chute de la république romaine [Mark Antony: Generalissimo, Oriental Prince, and Player in the Fall of the Roman Republic]. Presses de Valmy. ISBN 978-2-84772-070-9.
- Jehne, Martin (1987). Der Staat des Dicators Caesar [The State of the Dictator Caesar]. Bohlau. ISBN 978-3-412-06786-1.
- Jones, A.M.H. (1938). The Herods of Judaea. Oxford: Clarendon Press.
- Lepelley, Claude (1998). Rome et l'intégration de l'Empire, 44 avant J.C. – 260 après J.C., tome 2 : Approche régionnales du Haut-Empire [Rome and the Integration of the Empire, 44 BC – 260 AD, Volume 2: Regional Approaches of the Early Empire]. University of France Press. ISBN 978-2-130-48711-1.
- Lindsay, Jack (1936). Marc Antony, His World and His Contemporaries. London: G. Routledge & Sons.
- Martin, Jean-Pierre (2003). Histoire romaine [Roman History]. Armand Colin. ISBN 978-2-200-26587-8.
- Mitford, Terence (1980). Aufstieg und Niedergang der römischen Welt [Rise and Decline of the Roman World].
- Renucci, Pierre. Marc Antoine, un destin inachevé entre César et Cléopâtre(2014) ISBN 978-2-262-03778-9
- Rocca, Samuel (2008). The Forts of Judaea 168 BC – AD 73: From the Maccabees to the Fall of Masada. Oxford: Osprey Publishing. ISBN 978-1846031717.[мртва врска]
- Roller, Duane, W. (2010). Cleopatra: a biography. Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0195365535.
- Scullard, Howard Hayes (1984). From the Gracchi to Nero: A History of Rome from 133 BC to AD 68. London: Routledge. ISBN 0-415-02527-3.
- Siani-Davis, Mary (1997). „Ptolemy XII Auletes and the Romans“. Historia: Zeitschrift für Alte Geschichte.
- Suerbaum, Werner (1980). „Merkwürdige Geburtstage“. Chiron (10): 327–55.
- Southern, Pat (1998). Mark Antony. Stroud: Tempus Publishing. ISBN 0-7524-1406-2.
- Southern, Pat (2001). Augustus. London: Routledge. ISBN 0-4152-5855-3.
- Syme, Ronald (1939). The Roman Revolution. Oxford: Clarendon.
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Weigall, Arthur (1931). The Life and Times of Marc Antony. New York: G.P. Putnam and Sons.
- Woolf, Greg (2006). Et Tu Brute? – The Murder of Caesar and Political Assassination. Profile Books. ISBN 1-86197-741-7.
- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help) Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- MarkAntony.org Архивирано на {{{2}}}.
- Shakespeare's Funeral Oration of Mark Antony in English and Latin translation Архивирано на {{{2}}}.
- The Life of Marc Antony, in BTM Format
|