Проскрипција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џон Еверт Милес, Проскрибираниот Ројалист, 1651 (1853)

Проскрипција (латински: proscriptio) е поим користен за јавна идентификација и официјална осуда на непријатели на државата. Во Оксфордскиот англиски речник овој термин е дефиниран како „декретот за осуда на смрт или протерување“, политички употребуван збор најчесто користен за да се одобри државно убиство или протерување. Проскрипцијата претставува масовна елиминација на политичките противници или пак личните противници. Терминот е, исто така, користен за да се изрази политичкото насилство во Аргентина против приврзаниците на Хуан Доминго Перон.

Проскрипцијата во 82 г. п.н.е[уреди | уреди извор]

Еден од раните примери на масовната проскрипција се одвивал во 82 г. п.н.е кога Луциј Корнелиј Сула бил назначен за диктатор rei publicae constituendae („диктатор за реконституцијата на републуката“). Сула го принудил сенатот да напише листа од луѓе кои тој ги сметал за противници на републиката и го објавил списокот во римскиот форум. Секој чие име се нашло на листата му било одземено државјанството и бил лишен од сите заштити на законот; била давана парична награда на секој информатор кој ќе пренесел информација која водела до убиство на непријателите на Сула. Ниту едно едно лице не можело да наследи имот или пари од човек на листата, а ни жена мажена за некој од истите не смеела да се премажи. Многу жртви на проскрипцијата биле обезглавени и нивните глави, на копје, биле прикажувани во форумот.

Проскрипцијата во 43 г. п.н.е[уреди | уреди извор]

Проскрипцијата била повторно употребувана од страна на вториот триумвират во ноември, 43 г. п.н.е, и повторно за да се елеминираат политичките непријатели и да се наполни касата на финансискиот оддел. На некои од проскрибираните непријатели на државата им биле одземени имотите, но биле заштитени од смртта од нивните пријатели во триумвиратот (на пример Луциј Јулиј Цезар и братот на Лепид). Повеќето и не биле толку среќни, односно, за нив, смртта дошла пред време. Некои од познатите луѓе кои биле жртва на оваа проскрипција се ораторот Цицерон, неговиот брат Квинт Тулиј Цицерон (еден од легатите на Јулиј Цезар) и Марк Фавониј.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Касиј Дион, Римска историја, XLVII, на uchicago.edu, проверено на 29 мај, 2009