Купидон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бог на еротската љубов

Купидон (латински: cupido) - бог на еротиката и љубовта кај старите Римјани.

Митологија[уреди | уреди извор]

Купидон е познат и како Амор, а сличен е на богот Ерос од грчката митологија. Тој бил замислен како немирно момче со крилја кое ја следи божицата Венера или Викторија,[1] а претставен е со златен тоболец, со лак и стрела[2]. Овие стрели поттикнувале желба.[2] Неговите стрели се наречени „стрели на страста“, но некои имале и моќ да ги одвратат луѓето од оние кои се во нив вљубени.[3]

Потеклото на Купидон се разликува во различни извори. Само Цицерон споменува три можни потекла: дека тој е син на Меркур и Дијана, потоа Меркур и Венера, но и Марс) и Венера. Платон спомнува две од тие опции, дека Ерос во грчката митологија најчесто е споменуван како син на Хаос, односно дека настанал од него.[1][4]

Со поврзување на различни митови, Апулеј во 2 век п.н.е. ја направил познатата приказна за љубовта на Купидон и Психа.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд.
  2. 2,0 2,1 -{Answers.com: Cupid}-, Приступљено 10. 4. 2013.
  3. Артур Котерел и Рејчел Сторм. 2004. Свеобухватна енциклопедија митологије. АЛНАРИ д. о. о. Београд. ISBN 86-7710-033-4
  4. -{NationMaster: Encyclopedia > Cupid}-

Поврзано[уреди | уреди извор]