Љупка Арсова - Џундева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Љупка Арсова - Џундева (11 јули 1934, Скопје), театарска, филмска и телевизиска актерка. Во ансамблот на Драмата при Македонскиот народен театар Љупка Џундева се вработува во 1951 година. Припаѓа на генерацијата актери кои ја завршија Државната театарска школа во Скопје. Во овој театар работи до пензионирањето во 1990 година[1].

Добитник е на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, потоа на Наградата за артистичко остварување доделена од Југословенската радио-телевизија, Орден на трудот со златен венец и Орден на трудот со сребрен венец.

Основни биографски податоци[уреди | уреди извор]

Деството го поминала во близина на градскиот парк каде што и живеела. Основно образование има завршено во Скопје, во 1948 година се запишала на Државната средна театарска школа во Скопје. По завршувањето на Државната средна тетарска школа во 1951 година Љупка Арсоава Џундева веднаш била примена како артистка во Македонскиот народен театар. За разлика од поголемиот број нејзини колеги и колешки му останува верна на својот театарски колектив каде работи се до нејзиното пензионирање т.е 1990 година. Подеднакво има настапуваново дела од домашна-македонска продукција и југословенска драматургија, во светска драмска класика и во сценски реализации од најпознати современи автори. Била член на театарскиот совет и на Уметничкиот совет на Драмата на МНТ. Играла во првиот македонски филм „Фросина“, во првата македонска комедија „Мирно лето“ , во филмот „Македонска крвава свадба“ и во многу други театарски претстави, тв драми, монодрами и радиодрами. Има отстварено голем број гостувања во поранешна Југославија, Италија, Словачка, Русија, Бугарија и други земји. Ги има добиено наградите: Награда за животно дело „11 Октомври“,награда за животно дело „Војдан Чернодрински“,награда „13 Ноември“ на град Скопје, орден на трудот со сребрен венец, орден на трудот со златен венец како и други помали награди и признанија. Иако е во пензија од 1990 година се уште е активна на театарската сцена.

Актерско дело[уреди | уреди извор]

Уште во почетокот на својата уметничка кариера Љупка Арсова Џундева се наметнала на публиката и кај драмската критика со својата специфичност, ретко убава дикција, со својот убав глас, со својот младешки шарм и свежина. Таа подеднакво успешно настапувала и во дела од македонско-југословенска (домашна) драматургија и во светска дрмска класика. Таа своите први големи актерски резултати ги освтарила во класичниот, западноевропскиот и американскиот репертоар во кино Вардар, кои тогаш биле малку застапени. Подоцна дури во седумдесетите години од XX век почнала да настапува во пиеси од домашни писатели каде што нејзината глума добила најсилни акценти, најсвежи пулсации и најбујни текови. Игарјќи во праизведби на текстови од македонските драматичари таа ги истакнала и своите коични акерски способности. Во секој случај Љупка Арсова Џундева била вредна и амбициозна артистка чии квалитети не биле искорстени до крај.

Првата позначајна ролја како професионална артистка ја остварила во комедијта Гоголевиот „ревизор”(реж.Димитар Ќостаров), подоцна глумела и во класичните комедии „Волпоне” од Бен Џонсон (реж.Д.Ѓостаров) и „Игра на љубовта и случајот” од Пјер Мариво (реж.Димитрие Османли). Во 1968година има играно во пиесата „Без вина виновни” за која Иван Мазнов(во Нова Македонија 26-IX-1968) има изјавено: „Љупка Џундева доживеа најуспешно артистичко остварување на сцената на Македонскиот Народен Театар”, исто така голем успех имала и нејзината креација во комедијата „Венецијанските близнаци” од Карло Голдони во режија на Вукан Диневски. Во 1970г. се појавува во драмите на Чехов „Три сестри” (реж. Илија Миличин), а веднаш потоа и во „Венецијанскиот трговец “од Шекспир(реж.Хуго Клајн од Белград). Во овие две драми ги толува улогите на Наталија, односно Порција и Нерсија во алтернатива на Вукосава Донева. Иван Мазов (во Нова Македонија 22-XI-1970г) е категоричен во тврдењето дека: „подобра Порција е онаа на Љупка Арсова Џундева која беше поуверлива како лик на жена што знае искрено да сака”. Неколку година подоцна повторно со појавила во дело на Шекспир - „Како што милувате” (реж.Д.Ќостаров), глимејки ја како Росалинда. Убави уметнички трансформации Љупка Арсова Џундева имала во драматизациите на прозните дела на Фјодор Достоевски - „Фома”(реж. Д.Ќостров) и „Бесови”(реж. Ил. Милчин). Љупка Арсова Џундева исто така се јавува во уште некои дела на Шекспир и Чехов како што се „Крал Лир”(реж. В. Диневски) каде ја имала улогата на Регана која била жедна за љубов и „Иванов” (реж. Бр. Ставрев)каде ја глумела Зинаида Славишка со акценти на дискретна игра. Љупка Арсова Џундева во споменатите дела и во некои други од светската литература била артистка која секогаш знаела да го извлече максимумот, да биде во срцевината на збиднувањата и да биде висинско јадро на изведбите.

Како во класичниот драмски репертоар така и во текстови од соремената модерна литература Љупка Арсова Џундева се истакнува многу рано. Таа ја има улогата на Мејџ во драмата „Пикник” од Вилијам Инџ(реж. Д. Ќостатов)за која Ив. Мазов ке забележи(во Нова Македонија) „Љупка Арсова Џундева оствари пријатен лик на девојка што ја открива својата убавина во малограѓанска средина и вистината на своите чуства”. Овој успех веднаш потоа го надминува во претставата на пиесата „Големиот нож” од Клифорд Одест(реж. Кр.Стојанов) како Бони Билс. Според критичарот Јован Костовски иснесено во списанието „Современост”бр.3 мај 1960 „Љ.А. Џундева во Одетсовата пиеса реализира ретко убаво артистичко остварување, ако не и најубавото во нејзината кариера”, Коле Чашуле пак во списанието „Разгледи”бр8, април 1960г. Отишол уште подалеку тврдејки дека „Кони Билс на Џундева е секако над она што го дал писателот како материјал и тоа може да биде успех само на артистката и режијата” и дека оаа ролја „може д се најде на врвот на досегашната артистичка работа”. Поголем артерски резултат доживеала во „Крвави Свадби” до Фредерико Гарсија каде ја имала улогата на Совршеничката, за која Благој Иванов во „Разгледи” бр.10, 1962г. констатирл дека „ова артистичко остварување е најдоброто што сме имале можност да го видиме од досегашнитенастапи на Љупка А. Џундева ” и дека „сосема успеа да ја дофати драмата на ликот што го толкуваше да го предаде со многу искрена доживеаност”. Од светските современи дела Љупка А. Џундева уште има глумено и во „Коломба” од Жан Ануј (реж. Д. Ќостаров), „Зајдисонце” од Исак Бабељ(реж. Бр. Ставрев)каде ја глуми Дарја.

Многу е подолг списокот на улоги на Љупка А. Џундева во преатави работени врз текстови од македонската и југословенската драматургија, меѓутоа во овој домен Љ.А. Џундева до повпечатливи успеси не доаѓа веднаш како во светскиот репертоар. Таа успесите од домашниот репертоар ги чекала околу една и пол деценија. Првите неколку драми во кои Љ.А.Џундева почнува да бележи позначајни резлтати се: пиесите на Томе Аросвски - „ Матурска вечер“ (реж.Др. Ставрев) и „Чекор до есента”(реж.Д. Ќостаров), како и во „Печалбари” од Антон Панов(реж. Петре Прличко).

Покрај веке споменатата драма „Печалбари” Љ. А. Џундева има учествувано во уште неколку битови драми настанати помеѓу двете светски војни. Последна битова драма во која има настапено е „Атина” од Ристо Крле (реж.Бр. Ставрев) што била реализирана во 1987г. Значајни улоги и остварувања Љ. А. Џундева имала во пиесите на Бранко Пендовски-„Под пирамидата”, (реж.Ил.Милчин), „Потоп” и „Студенти ” (идвете во режија на Бр. Ставрев).

Љупка Арсова Џундева со забележителен успех играла во три од четири драмски дела на Живко Чинго. Така Мирко Милорадовиќ во „Политика” од 29.0.1974 проследувајки го госувањето на драмата на МНТ на Дубровничките летни игри со „Ѕидот водата” ке бде побуден да уочи дека ролјата на Џундева „иако пишувано еднонасочно, е игра на цврсто, безобѕирно и во таа безобѕирност-слоевито”. Се разбира и македонската театарска критика не изостануваше во пофалбите чиј настап на Џундева во „Ѕидот водата”се сметаше за еден од двата стожера во изведбата покрај оној на Кирил Кортошев. Ласкави беа оценките за Љ. А. Џундева за интерпретацијата на ликот Ана Лукова во „Кенгурски скок”. Скокот што таа го направи беше значаен по тоа што откри „повеке бои” по гледањето на претставата на Драмата на МНТ во Нови Сад изнесен во Политиката од 20.IV.1979г. Во групата артисти од постарата генерација што се истакнува во праизведбата на Чинговите „Макавејски Празници”, Јован Киролов ја става и Џундева, што значи дека нејзината глума посебно во драмите на Чинго наидува на убав одглас не сака во македонската тековна театарска критика туку и од страна на најеминентните пера во Југославија.

Во среиштето на интересирањето на Љ. А. Џундева беа и таканаречените мали сценски форми, а нејзиниот афинитет за говорење стихови само ја дополнува смислата на разновидниот ангажман на оваа мош не љубоптна драмска уметница. Во својот репертоар таа вклучи и два монодрамски текстови од Ката руменова - „Мајка Костуричанка” и „Мирка Гингова” на кои Љ. А. Џундева знаеше да им вдахне вистински живот па пред гледачите како картијади израснуваше непокорот на страдалната македонска мајка од Егејска Македонија. Во творечката биографија на Љ. А. Џундева ке биде забележано дека играла во првиот македонски уметнички филм - Фросина. Нејзината улога Љуба ја донесе со себе убавината на еден младешки занос, себенаоѓање и себепотврдување. Следен филмски настап имаше во првата македонска филмска комедија „Мирно лето” – 1961г., играше во филмот „Македонска крвава свадба”- во улога на Гина. И тука за жал беше ставена точка на филмската кариера на оваа артистка која можешеи требаше да биде многу повеке ангажирана зошто на македонскиот игран филм му даде само еден мал дел од својата фотогеничност и заљубеност во филмот.

За разлика од филмот многу пообемно и поевидентно беше креативното присуство на Љ. А. Џундева во доменот на радио-телавизиското творештво. Добитник е на наградата за артистичко остварување за улога во радио-драмата „Не гледајте во ангелите” од Т.Арсовски. Кога наградите би биле мерило за одреден квалитет на еден драмски уметник, тогаш за многу театарски творци не би имало многу што да се каже како што е и случајот со Љ. А. Џундева која едноставно немаше многу среќа со добивањето официјални признанија, која не играше за награди, туку настојуваше да и служи на целината на претставата.

Нејзе единствено градот во кој неуморно и самопрегорно создава и сѐ уште твори и оддолжи со признание на град Скопје „13 Ноември” го доби не за одделно актерско остврување туку за целокупен актерски опус и тоа дури 1983год. по тридецениско стрпливо градење на својот уметнички профил.

Позначајни драми во кои има настапувано Љупка Арсова-Џундева[уреди | уреди извор]

  • Валпоне -Коломба
  • Игра на љубовта и случајот -Силвија
  • Три Сестри -Наталија
  • Венецијанси Трговец -Порција
  • Како што миувате -Розалинда
  • Фома -Настасја Еграфона
  • Бесови -Лизабета Николаевна
  • Крал Лир -Регана
  • Иванов -Зинаида Савишка
  • Пикник -Мејџ
  • Големиот Нож -Бони Билс
  • Крвави свадби -Совршеничката
  • Зајдисонце -Дарја
  • Мтурска вечер -Ирина
  • Печалбари -Симка
  • Чекор до есента -Балерината Маја
  • Фарса за храбриот Науме -Доилката
  • Атина -Саветка
  • Кенгурски скок -Ана Сукова
  • Габи -Магда
  • Соблазна во Шентфлоријанската долина -Кметица
  • Војана тајна -Ика

Позначајни филмови во кои има настапувано Љупка Арсова-Џундева[уреди | уреди извор]

Филм -Улога

  • Фросина -Љуба
  • Мирно лето -Мира
  • Македонска Крвава свадба -Гина
  • Рдр Не гледајте во ангелите -Т. Арсовски

Наводи[уреди | уреди извор]