Урош Предиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 7 декември 1857
Орловат, кај Зрењанин
Починал 11 февруари 1953
Белград
Националност Србин
Занимање сликар
Татко Петар


Урош Предиќ (српски: Урош Предић), (Орловат, 7 јануари 1857 - Белград, 11 февруари 1953) – еден од најголемите српски сликари реалисти. Предиќ најмногу останал запаметен по неговите рани дела во кои го прикажал „стварниот“ живот на обичните луѓе. Подоцна дал голем придонес во црковното сликарство и портретите.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Орловат како најмлад син на свештеникот Петар Предиќ. [1] Тука учел основно училиште, а потоа германско училиште во Црепаја. Од 1869 до 1876 година студирал седмокласна гимназија во Панчево (панчевачка реалка која подоцно го добила неговото име). Како многу надарен, ја добил стипендијата на Матица српска и во 1876 година отишол на виенската сликарска академија.

Завршил Уметничка академија во Виена во 1880 година во класата на професорот Грипенкерл (Christian Griepenkerl), истакнат виенски сликар кој имал големо влијание на Предиќ. Во текот на студиите ја добил Гунделовата награда за сликање со масло на машки модел. Во 1882 година работел во приватното атеље на професорот Грипенкерл, а во периодот 1883-1885, бил асистент на Уметничката академија во Виена. Во тоа време, по упатства на професорот Грипенкерл и познатиот архитект Ханзен, изработил 13 слики со митолошка содржина за парламентот во Виена. Заради семејни обврски во 1885 година се враќа во татковината. Прв и единствен пат се обидел да се ожени во 1889 година со шеснаесетгодишната Ана Накарада (1873-1938), ќерка на пензионираниот оберлајтнант Ѓуро Накарада (1830-1899), но татко ѝ не и дозволил да се омажи за 32-годишниот Предиќ. [2] Во Орловат изработува серија слики од животот на своите соселани. Потоа од 1886 до 1889 престојува во Белград, 1890-1893 во Нови Сад и Стар Бечеј. Во периодот 1894-1909 живее во Орловат, а од 1909 до смртта во Белград. Своите слики самостојно ги изложува во 1888, 1910, 1920, 1949 во Белград, 1890, 1949 во Нови Сад, 1890 во Сремски Карловци, 1890 во Панчево и Вршац. Во неговиот сликарски опус најзастапени се потретитете, иконографијата, историските композиции, поретко пределите, и само еден акт.

Тој е еден од основачите на друштвото Лада во 1904 година и бил негов долгогодишен претседател. На 26 јануари 1909 година избран е за дописен член на Српската кралска академија, а на 3 февруари 1910 година за редовен член. Тој е исто така и еден од основачите на ‘’Здружението на ликовни уметници на Белград’’ во 1919 година и прв негов претседател.

Во обидот да постигне што поуверлива сличност со ликот на нарачателот и настојувајќи на препознатливоста, Предиќ станал хроничар на граѓанското општество на своето време. Во 1885 година во Панчево почнал со сликање на портрети по нарачка, понекогаш со помош на фотографии. Најчесто изработувал репрезентативни портрети, глави или бисти. Од сцените, познати дела му се Весели браќа, Сираче (на мајчиниот гроб), потоа историски дела се Херцеговски бегалци и На Студенац. Една од најпознатите негови слики е Косовка девојка. Ги насликал портретите на претседателите на академијата: Сима Лозаниќ, Стојан Новаковиќ (1920), Јован Жујовиќ (1921), Јован Цвииќ (1923), Ѓорѓе Вајферт (1927) Слободан Јовановиќ (1930), Богдан Гавриловиќ (1935) и Александар Белиќ (1940). Потоа портретите Михаило Петровиќ (1943), Ксенија Атанасијевиќ (1917), Бранислав Петронијевиќ (1911), итн. Неговите слики Херцеговски бегалци и Сираче на мајчиниот гроб ги откупил Михајло Пупин на изложбата во Париз во 1889 година и му ги поклонил на Народниот музеј во Белград. [3] Урош Предиќ го насликал преубавиот иконостас на бечејската православна црква и иконостасот во капелата на бечејскиот велепоседник Богдан Дунѓерски. [4] Освен тоа насликал повеќе иконостаси заради што се оценува како последен значаен српски иконописец. Кај Предиќ посебен квалитет има цртежот, што е посебно воочливо во неговите сочувани блокови за скицирање. Во својот долг творечки живот им останал верен на правилата на старите мајстори и истрајал на истакнување на цртежот и јасноста на композицијата, покажувајќи отпор спрема тежнеењата на младите уметници кои се школувале во Минхен и Париз. Умрел во Белград во 1953 година, во својата 96 година, како најстар српски сликар. Согласно неговата желба погребан е во Орловат. [5] И во длабоката старост бил полн со работна енергија и ведрина. Неколку месеци пред смртта се качил на столица да реди некои слики во своето атеље, паднал и притоа се повредил (ја скршил ногата), од што не закрепнал и набрзо умрел.

Заоставштина[уреди | уреди извор]

Во Народниот музеј во Зрењанин се наоѓа соба на Урош Предиќ во рамките на стална изложба. Во нивното депо се наоѓаат 900 негови цртежи, записи и лични работи. [6]

За животот и делото на Урош Предиќ објавени се повеќе книги меѓу кои:

  • Миодраг Јовановиќ: Урош Предиќ; Нови Сад 1998
  • Саво Поповиќ: Урош Предиќ, непрочитаниот аманет; Белград 2013
  • Радоје Драшковиќ: Чичко Урош; Ново Милошево 2013


Галерија[уреди | уреди извор]

Портрети[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]