Прејди на содржината

Цицерон

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Марко Тулиј Цицерон)
Марко Тулиј Цицерон
Биста на Цицерон
Роден/а3 јануари 106 п.н.е.
ЗанимањеПолитичар, правник, оратор и филозоф
НационалностРимјанин
Предметполитика, право, филозофија, говорништво
Книжевно движењеЗлатно латинско доба
Значајни делаПолитика: За Квинктиј
Филозофија: За смислувањето

Марко Тулиј Цицерон или Кикерон (латински: Marcus Tullius Cicero, 3 јануари 106 п.н.е.7 декември 43 п.н.е.) — римски оратор, државник и филозоф. Важи за најголемиот говорник на сите времиња.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Цицерон се родил во Арпинум, а бил убиен во Формија, додека се криел од своите политички непријатели. Тејлор напишал (како што е цитирано во „Освртти“) „Не е претерано да се каже дека најбрилијантната ера на Римскиот јавен живот беше отворена од Цицерон и затворена со неговата смрт — тој стоеше зад својот живот (потекло) и ја следеше својата судбина до гроб.“

Неговото семејство, од родот Тулиј, било едно од земјопоседниците и благородниците во Арпинум и поседувало поголема слава и богатство од другите семејства во Арпинум. Во текот на животот, конзервативниот Цицерон одбивал да биде споредуван со тогаш по познатитот Мариј. Името „Цицерон“ произлегува од cicer, латински збор за „наут“. Плутарх објаснува дека името најпрвин било наменето за еден од предците на Цицерон кој имал засек на носот, кој бил сличен на оној кај наутот. Според Плутарх, Цицерон бил советуван да го смени ова неблагородно име кога влегол во политичкиот живот, но тој одбил.

Според Плутарх, Цицерон бил многу добар студент, а неговата ученост се расчула низ цел Рим. Тој особено ја сакал поезијата, иако не заостанувал и во другите дисциплини. Во 89 п.н.е-88 п.н.е, Цицерон служел кај Гнеј Помпеј Страбон и Луциј Корнелиј Сула во граѓанската војна, иако немал никаква желба за војување. Тој, исто така, сакал сè што е грчко, и во неговата последна желба напишал дека сака да биде погребан во Грција. Тој ги сакал старите филозофи од времето на Платон и ги сметал нивните идеи како провокации за мислење.

По својата природа, Цицерон бил многу срамежлив и кога излегувал на трибината за да држи говори, тој трепрел[1] повеќе отколку кога заповедал со легиите во воените походи. И тој самиот зборува за својот страв, пишувајќи: „На почетокот на говорот пребледувам и почнувам да се тресам со целото тело.“[2] Сепак, неговата срамежливост не била поврзана со скромноста, т.е. во Рим никој не бил толку нескромен како Цицерон.[3]

Цицерон служел како квестор во западна Сицилија во 75 п.н.е.. Тој напишал дека на Сицилија го видел надгробниот споменик на Архимед од Сиракуза, на кој бил изгравиран Архимедовото омилено откритие во геометрија: соодносот на волумените на впишана топка во најмал можен цилиндар е 2:3. Во тоа време го изградил и своето прво успешно обвинение во случајот против Гај Верес, поранешен гувернер на Сицилија. Сепак, и покрај неговите големи успеси како адвокат, Цицерон страдал поради недостаток на претставителни предци. Тој не бил ниту нобел-благородник ниту патрициј-слободен граѓанин и неговото семејство не била сметана за многу важна. Тој, исто така, бил попречуван и од фактот што последниот конзул кој бил избран, а не поседувал конзулски предци (т.е. последниот „Нов човек“, или Novus Homo) бил политички радикалниот и воинствен Мариј.

Цицерон бил венчан со Теренција, но потоа ја раскинал свршувачката, зашто таа не го сакала.[4] Цицерон имал син кој, според Сенека, „од таткото не наследил никакви други дарови, освен господскиот начин на живеење, а пиењето уште повеќе му ја уништила неговата природна слаба памет.“[5]

Opera omnia, 1566

Се знае дека постојат 88 говори, но од нив се зачувани само 58.

Судски говори

[уреди | уреди извор]

Политички говори

[уреди | уреди извор]
Рана кариера (пред прогонството)
Средна кариера (по прогонството)
Доцна кариера

Филозофија

[уреди | уреди извор]

Реторика

[уреди | уреди извор]

Други филозофски дела

[уреди | уреди извор]

Постојат повеќе од 800 писма на Цицерон за други личности, како и над 100 писма од други лица за него.

Значење и влијание

[уреди | уреди извор]

Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, Цицерон е првак во профинетоста на латинската проза и најзначаен писател во латинската книжевност.[6]

^ Everitt стр. 215

  1. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 31.
  2. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 118.
  3. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 305.
  4. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 151.
  5. „Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 119.
  6. Đ. Leopardi, Pesme i proza. Beograd: Rad, 1964, стр. 111-112.