Горно Врбени

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Екши - Су)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горно Врбени
Горно Врбени is located in Грција
Горно Врбени
Горно Врбени (Грешка во скриптата: Нема модул наречен „Location map/old“.)
Овласт Западна Македонија
Округ Лерин
Општина Суровичево
Надморска височина 595
Географска широчина 40° 40' 59"
Географска должина 21° 37' 0"


Училиштето во Горно Врбени

Горно Врбени или Екши Су е село во Егејска Македонија, во Леринскиот округ и во општината Суровичево, денес во Република Грција. Селото се наоѓа на 35 километри оддалеченост од градот Лерин или 5 километри од општинскиот центар Суровичево и е населено со македонско население.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Селото се нарекува Горно Врбени бидејќи постои уште едно село со истиот назив наречено Долно Врбени. Името на селото официјално е променето во 1936 година и го добива новиот назив за грчка употреба - „Ξινό Νερό“ или Ксино Неро што во превод значи минерална вода. Исто така, за време на Отоманската Империја селото се нарекувало „Ekşi Su“ или Екши Су, што во превод повторно значи минерална вода.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 34 километри југоисточна оддалеченост од Лерин и на 5 километри западно од општинскиот центар Суровичево. Горно Врбени се наоѓа помеѓу планините Ниџе и Мала Река. Врбени коешто поради киселата вода го нарекуваат Екши Су е сместено во подножјето на Килит – Дервент и крстосницата на патиштата СолунКостур и БитолаСерфиџе.

Историja[уреди | уреди извор]

Според записите на Ѓорче Петров од крајот на XIX век, селото кое тој го запишал како Долно Врбени било едно од големите села на Рудничката нахија, кое што имало околу 350 куќи, направени од камен и покриени со ќерамиди. Населението, со исклучок на десетина ромски куќи, било чисто македонско. Во осумдесетите години на XIX век, односно 13 години пред посетата на Ѓорче Петров целокупното население се откажало од Грчката патријаршија, но после 5-6 години околу 20 куќи одново минале под грчкото духовенство. Во селото имало две егзархиски училишта – машко и женско и едно гркоманско, а имало и три цркви од кои во една богослужат гркоманите.

Економија[уреди | уреди извор]

Селото Горно Врбени располага со извори на минерална вода, кои пак се едни од трите главни извори на минерална вода во Грција. За потребите на производството на минералната вода во селото има и фабрика за полнење на шишиња со минерална вода. Кон крајот на XIX век селаните се занимавале со земјоделство и произведувале пченица, ’рж, јачмен, вино, ракија и семиња од разни зеленчуци, а мнозина од нив оделе во туѓина во Цариград каде што се занимавале со градинарство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Горно Врбени има околу 1.500 жители. Сите се Македонци, кои одлично го зачувале македонскиот јазик. [1]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Образование[уреди | уреди извор]

Горно Врбени има околу 1.500 жители, сите се Македонци. Во селото има едно училиште, но во него никогаш не се прозборело ниту се напишало еден збор на македонски јазик. Училиштето го изградиле македонски мајстори, од битолското село Смилево во 1903 година. Изградбата завршила во 1908-та, пред на тие простори да дојдат Грците. Било запалено, па реновирано во 1912 година. Денес, учениците учат само на грчки јазик.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Секоја година при крајот на месец февруари во Горно Врбени се одржува карневал во кој учествуваат учесници од сите краеви на Егејска Македонија. Покрај карневалот, во селото има оформено и фудбалски клуб под името Анагениси создаден во 1926.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]