Мотоцикл

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мотоциклист)
Италијански мотоцикл Дукати 748

Мотоцикл (исто така наречен мотор) — моторно возило со две тркала. Мотоциклите значително се разликуваат во зависност од задачата за кои тие се наменети, како на пример: долги патувања, навигација во густо населен градски сообраќај, спортски и тркачки примени, или употреба за во теренски услови.

Мотоцикли се еден од најповолните форми на моторен транспорт во многу делови на светот, а за голем дел од населението во светот, тие, исто така, се најчест тип на моторно возило. Постојат околу 200 милиони мотори (вклучувајќи мотопеди, скутери и други мотори) кои се во употреба низ целиот свет, просечно околу 33 мотори на 1000 луѓе. Ова се споредува со околу 590 милиони автомобили, или околу 91 за 1000 луѓе.

Поголемиот дел од мотоциклите, т.е., 58%, се во земјите во развој во Азија, додека една третина од автомобилите во светот (195 милиони) се концентрирани во САД и Јапонија. Во Индија и Кина, има вкупно 6 милиони автомобили а 71 милиони мотоцикли.

Мотоциклот во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Мотори“ — песна на босанската рок-група Дивље јагоде од 1982 година.[1]
  • „Возење мотоцикл“ (англиски: Motor Biking) — песна на британскиот рок-музичар Крис Спединг (Chris Spedding) од 1975 година.[2]
  • „Мотоциклист“ (англиски: Motorist) — песна на американската рок-група Џобокс (Jawbox) од 1994 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]