Ибрахим Муртезани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ибрахим Муртезани
Ibrahim Murtezani
ПрекариБраха
Род ОНА
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001

Ибрахим Муртезани (албански: Ibrahim Murtezani; Арачиново, Скопско) е поранешен член на ОНА.

Во времето на македонскиот конфликт во 2001 година, учествувал како командант на ОНА и дејствувал во реонот на селото Арачиново и во кумановско-липковскиот дел на Македонија[1]..

Претходно бил активен член на ОВК, а по завршувањето на Косовската војна, бил вмешан во повеќе нелегални работи.

Во 2006 година бил уапсен и осуден на три години затвор. Пред, за време и после воениот конфликт во 2001, тој како тежок зависник на опојни дроги бил многу агресивен додека бил под дејство на наркотици. Од овие причини неговиот углед во редовите на терористичката ОНА бил нарушен, а со тоа и самата паравоена организација.[2][3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бела Книга- Теророзмот на т.н. Ослободителна национална армија“, Министерство за Внатрешни работи, стр. 85
  2. Николовски, Дејан. „Албански наркобосови водат војна за да ги заштитат лабораториите за дрога“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-02-20.
  3. „Мафията финансира балканските войни -Албански наркотрафиканти от Шкодра, Прищина и Скопие държат каналите на дрогата към Западна Европа“ (бугарски). Стандарт. 25 јуни 2001. Посетено на 2011-02-20.