Ники Минаж
Ники Минаџ | |
---|---|
Животописни податоци | |
Роден(а) | 8 декември 1982, Сент Џејм, Тринидад и Тобаго |
Потекло | Тринидад и Тобаго |
Жанрови | поп, хип-хоп |
Издавачи | Young Money Entertainment, Cash Money, Universal Motown; |
Оника Тања Мараџ (родена на 8 декември 1982) подобро позната со нејзиното сценско име Ники Минаж, е рап пејачка со тринидадско- американско потекло и Р&Б пејач- текстописец. Во август 2009 година, Минаџ потпиша договор со Young Money Entertainment со дистрибуција на Universal Motown. Во нејзината рана кариератаа објавила три снимки, Playtime Is Over, Sucka Free , и Beam Me Upp Scotty. Минаж беше откриена од еден млад американски рап пејач, Лил Вејн и откако објави 3 снимки таа потпиша договор со Young Money Entertainment. Откако го потпиша договорот , Минаџ почна да работи на нејзниот прв деби албум , насловен Pink Friday, кој беше позициониран на местото број два на US Billboard 200. Минаџ влезе во историја та како прв изведувач со дури седум песни на Billboard Hot 100. Минаџ уште еднаш влезе во историјата откако нејзиниот втор сингл “Your Love” го достигна првото место на Billboard Hot Rap Songs, така Минаџ стана првата пејачка од 2002 година, која се позиционирала на врвот на оваа топ листа непридружувана. Еден месец по објавувањето на Pink Friday, овој албум доби платинска сертификација во Соединетите држави.
Животопис
[уреди | уреди извор]Минаж е родена на 8 декември, 1984 година во Сент Џејмс, Тринидад и Тобаго, нејзините родители се со индијанско и афро-тринидадско потекло. Таа живеела во Сент Џејмс до својата петта година, бидејќи нејзините родители се труделе да најдат место за живеење во Квинс, административна единица на Њујорк во тоа време. Нејзината мајка, кога имала можност одела да ја посети и конечно кога Минаџ имала само пет години нејзината мајка ја земала со себе за да се преселат во Квинс. Според Минаџ, нејзиниот татко бил алкохоличар, наркоман и еднаш дури се обидел да ја убие нејзината мајка подметнувајќи пожар во куќата каде што живееле. Таа одела во основното училиште Елизабет Блеквел каде што свирела на кларинет. Матурирала во средното училиште Ла Гвардија. Во училиштето специализирано за музика и визуелни и сценски уметности, Минаџ била дел од драмската програма. Таа планирала и да пее во Ла Гвардија, но го изгубила гласот на денот на аудицијата.
Музичка кариера
[уреди | уреди извор]2007- 09 : Почетоци на кариера и снимки
[уреди | уреди извор]Минаџ својата прва снимка ја објави во 2007 година кога го објави Playtime Is Over, со помош на една непозната музичка куќа. Подоцна таа објави и друга снимка во јули, 2008 година насловена Sucka Free , од Be. Во април, 2009, Минаџ ја објави третата снимка и се појави во списанието XXL. Во 2008 година таа ја доби наградата за најдобра пејачка на годината на Андерграунд Музичките награди. Минаџ ја објави Beam me up Scotty, друга снимка, која беше доста емитувана на BET и на MTV.
2010- денес : Pink Friday
[уреди | уреди извор]После една борба меѓу големи музички куќи, Young Money Entertainment на 31 декември 2009 изјави дека Минаџ потпишала еден 360 договор со оваа музичка куќа, според кој договор таа ги задржува и ги поседува сите 360 права- вклучувајќи ги и рекламите, спонзорствата, промотивните кампањи, турнеите и објавувањата. Во едно интервју за 95.8 Capital Fm, Ријана изјави дека откако тие две соработуваа во “Raining Mеn” од нејзиниот албум Loud, можно е пак да се здружаат за уште една соработка но сега за албумот на Минаџ, Pink Friday. Исто така и хип-хоп пејачот Кање Вест ја потврди соработката за овој албум. Во август, 2010 на Ustream.tv Минаж откри за нејзините обожаватели дека албумот ќе биде насловен Pink Friday, изјавувајќи, „ За да се продолжи традицијата на Black Friday, ќе го промениме оваа година во чест на албумот на Ники Минаџ и тој ден да го именуваме Pink Friday, и да го насловам мојто албум Pink Friday.!„ После стандардното беше објавено и делукс издание на албумот. Ники Минаж ја објави обвивката за нејзиниот албум, на 15 октомври 2010 година. Деби албумот на Минаж, Pink Friday беше објавен во ноември 2010 година. Синглот “Massive Attack” беше издаден во април. Во август Минаџ го објави, “Your Love”, како прв официјален сингл од нејзиниот деби албум. Синглот се позиционраше на местото број 14 на Billboard Hot 100, на местото број седум на Hot R&B/ Hip Hop Songs листата и на врвот на Rap Songs листата. Минаџ стана првата пејачка која била дел од MTV’s Annual Hottest MC List. Минаџ објави ден заеднички сингл со фронтменот на Блек Ајд Пис, Will. I. am, насловен “Check it out” , кој е најуспешниот сингл на Минаџ во Европа.“Right thru me”, беше објавен во септември 2010 година, песна напишана од Стивен Хакер, Џо Сатриани, Ендрју Тилк, Б. Еванс и самата Минаџ. “Moment for life” е нејзин четврт објавен сингл. Во овој сингл таа настапува заедно со канадскиот рап пејач Дрејк. Иако песната не беше успешна на Billboard Hot 100, во Hot Rap Songs се позиционираше на десетто место. Албумот на Минаџ доби платинска сертификација во Соединетите Држави еден месец по објавувањето.
Музички стил и имиџ
[уреди | уреди извор]Имиџ
[уреди | уреди извор]Во едно интервју за Vibe, Минаџ зборуваше за нејзиниот сексуален имиџ, изјавувајќи, „ кога пораснав видов дека жените праваат некои работи, и мислев дека и јас треба да го направам истото. Рап пејачките од моето време многу зборуваа за секс... и мислев дека за да го имам истиот успех што го имаа тие јас морав да го направам истото. Но всушност и не морав. Во едно интервју за Interview, Минаџ уште еднаш зборуваше за нејзиниот секлуален имиџ изјавувајќи, „ Многу свесно ја однесов одлуката, да ја намалам разголеноста, сакам луќето, пред сè младите девојки да знаат дека во животот, ништо нема да се основа врз сексипилност. Морате да имате нешто друго што оди со ова.
Алтер Его
[уреди | уреди извор]Минаџ од мала била опкружена од проблеми и караници помеѓу нејзините родители. За да избега од проблемите на реалниот живот таа создавала лажни карактери и го живеела својот живот преку нив. Во едно интервју за New York, таа изјавила „ за да се оддалечам од сите тие караници, си замислував дека сум некоја нова личност. “Cookie” беше мојот прв лажен идентитет - кој остана со мене подолго време. После продолжив на “Harajuku Barbie”, па “Nicki Minaj”. Фантазијата беше моја реалност. За нејзиниот деби албум, создала еден нов алтер –его, “Roman Zolanski”. Таа вели дека во песната “Bottoms Up” не рапува таа туку Роман Золански, и тврди дека Роман е нејзината близначка Роман ја споредувале и со алтер –его-то на Еминем Слим Шејди, затоа во песната “Roman’s Revenge” од Pink Friday, Минаџ и Еминем соработуваат користејќи ги нивните алтер – ега. Во песната, рапува Ники. Минаџ кажува дека во нејзиниот деби албум, обожавателите ќе „можаат„ да ги сретнат Ники, Роман и Оника.
Влијанија
[уреди | уреди извор]Минаџ изјавувала дека има неколку уметници што имале влијание врз нејзиниот музички стил како : Лил Вејн, Лорин Хил, Џадакис, Наташа Бедингфилд, Фокси Браун, Лил Ким и Миси Елиот.
Личниот живот
[уреди | уреди извор]Иако некои интервјуа и песни, укажуваат на тоа дека Минаџ е бисексуалка, таа вели дека не е во врска и нема секс со жени, но во едно интервју исто така има додадено, “Но ниту пак сум во врска со некој маж„. Во едно интервју таа изјавила, „ Јас ги прифаќам сите луѓе, и тие кои имаат различен стил на живот и не им велам дека се лоши луѓе. И мислам дека девојките се убави, дека се сексипилни и тие имаат потреба д го слушаат ова, и ако нема некој друг кој би им го кажал ова бидејќи го мисли ова, тогаш јас ќе им го кажам. Но има чувство дека сакаат да ме дефинираат, а јас не го сакам ова. Во едно интервју во Out , tаа го повтори тоа деkа не и се допаѓа да ја етикетираат, велејќи, „ Поентата е дека, сите не се црно-бели. Има многу нијанси во средина, и морате да ги пуштите луѓето да се чувствуваат удобно да кажаат тоа што сакаат да го кажаат кога сакаат да го кажат.
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Pink Friday (2010)
- Pink Friday: Roman Reloaded (2012)
- The Pinkprint (2014)
- Queen (2018)
Видеографија
[уреди | уреди извор]Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Up Out My Face | 2010 | Ник Канон |
Massive Attack | 2010 | Хјуп Вилијамс |
Your Love | 2010 | Director X |
Check It Out | 2010 | Рич Ли |
Knockout | 2010 | Џеф Панзер,Двејн Картер |
Right Thru Me | 2010 | Дајан Мартел |
I Ain't Thru | 2010 | Бени Бум |
Moment 4 Life | 2010 | Крис Робинсон |
Super Bass | 2011 | Санаа Хамри |
Fly | 2011 | Санаа Хамри |
Dance (A$$) (Remix) | 2011 | Mike Waxx, Mike Carson |
Y.U. Mad | 2011 | Џил Грин |
Stupid Hoe | 2012 | Хјуп Вилијамс |
Turn Me On | 2012 | Sanji Senaka |
Give Me All Your Luvin | 2012 | MegaForce |
Beez in the Trap | 2012 | Бени Бум |
Starships | 2012 | Ентони Мандлер |
Right by My Side | 2012 | Бени Бум |
Pound the Alarm | 2012 | Бени Бум |
Out of My Mind | 2012 | Бени Бум |
Get Low | 2012 | Бени Бум |
Am Your Leader | 2012 | Колин Тили |
Come on a Cone | 2012 | Гриз Ли |
The Boys | 2012 | Колин Тили |
Va Va Voom | 2012 | Хјуп Вилијамс |
Freedom | 2012 | Колин Тили |
Freaks | 2013 | Еиф Ривера |
Somebody Else | 2013 | Alexandre Moors |
High School | 2013 | Бени Бум |
Lookin Ass | 2014 | Набил |
Pills n Potions | 2014 | Дајан Мартел |
Anaconda | 2014 | Колин Тили |
Bang Bang | 2014 | Хана Лукс Дејвис |
No Love | 2014 | Бени Бум |
So Bad | 2014 | Antwan Smith |
Only | 2014 | Хана Лукс Дејвис |
Feeling Myself | 2015 | Алек Кешишиан |
All Eyes On You | 2015 | Бени Бум |
The Night Is Still Young | 2015 | Хана Лукс Дејвис |
Make Love | 2017 | Еиф Ривера |
Light My Body Up | 2017 | Бени Бум |
Rake It Up | 2017 | Бени Бум |
You da Baddest | 2017 | Бени Бум |
No Frauds | 2017 | Бени Бум |
Regret in Your Tears | 2017 | Мерт/Маркус |
MotorSport | 2017 | Бредли,Пабло,Куаво |
She For Keeps | 2018 | Дапс,Куаво |
Barbie Tingz | 2018 | Џовани Бианко,Ники Минаж |
Chun-Li | 2018 | Стивен Клеин |
Big Bank | 2018 | Taj Stansberr |
Goodbye | 2018 | Jason Derulo, David Strbik,Jeremy Strong |
FEFE | 2018 | TrifeDrew,William Asher |
Bed | 2018 | Хјуп Вилијамс |
Dip | 2018 | Tyga,Arrad Rahgoshay |
Ganja Burn | 2018 | Мерт/Маркус |
Barbie Dreams | 2018 | Хјуп Вилијамс |
Good Form | 2018 | Колин Тили |
Hard White | 2019 | Мајк Хо |
Megatron | 2019 | Мајк Хо |
Tusa | 2019 | Мајк Хо |
Trollz | 2020 | CanonF8,David Wept & 6ix9ine |
What That Speed Bout?! | 2020 | Edgar Esteves,Austin McCraken |
Do We Have A Problem? | 2022 | Бени Бум |
Blick Blick! | 2022 | |
We Go Up | 2022 | |
Love In The Way | 2022 | |
Super Freaky Girl | 2022 | |
Likkle Miss Remix | 2022 | |
Princess Diana | 2023 | |
Alone | 2023 | |
Red Ruby Da Sleeze | 2023 | |
Barbie World | 2023 |
Награди и номинации
[уреди | уреди извор]Минаж има добиено неколку награди и тоа: за најдобар женски изведувач на Андерграунд Музичките награди за 2008 година; најдобар женски хип-хоп изведувач на БЕТ наградите 2010 година, најдобар нов изведувач на БЕТ наградите за 2010 година; и многу други важни награди и номинации.
|