Виктор Габер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Виктор Габер (Скопје, 8 декември 1948) — македонски дипломат од кариера, филателист и публицист[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Габер е роден во Скопје на 8 декември 1948 година. Основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал во 1973, а магистрирал во 1979 година на Правниот факултет во Скопје. Работел како втор (1980 – 1981), и прв секретар во Амбасадата на СФРЈ во Атина (19811984); прв советник за политички прашања во Амбасадата на СФРЈ во Тирана (19891993); потсекретар во МНР на Македонија (19931996); шеф на дипломатската мисија на Македонија во Италија, од каде ја покрива и АРЕ и шеф на постојаната мисија на Македонија кај ФАО, ИФАД и Светската програма за храна (19962000); вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Австралија (2004–2008)[2]; претседател на Дипломатскикот клуб - Скопје од 2009.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Односот на Грција кон македонското национално малцинство по Првата светска војна, 1985;
  • За Македонската дипломатија, 2002
  • Премрежјата на македонскиот интелектуалец, 2003;
  • Колатерална штета, 2006;
  • Recognition and Denail, 2008;
  • Името Македонија-историја, право, политика, 2010[3];
  • Крсопатите на Венко Марковски, 2012;
  • Дипломатија и политика, 2013;
  • Скопје на поштенски марки – историја и мотиви, на македонски и англиски во соавторство со Климе Поповски, 2018;[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Архива на Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2007
  2. „Амбасадорот Виктор Габер си замина од Австралија“. /www.informator.ws. 22 декември 2008. Посетено на 2010-04-17.
  3. „Промоција на книга од Виктор Габер“. Утрински Весник. 30/03/10. Посетено на 2010-04-17. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  4. Скопје на поштенски марки, монографија на Поповски и Габер