Емануел Сведенборг
Емануел Сведенборг | |
---|---|
Miscellanea de rebus naturalibus, 1911 | |
Период | Филозофија на XVIII век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Теозофија, мистицизам инспиратор на Сведенборгијанизмот |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
|
Емануел Сведенборг (швед. Emanuel Swedenborg), (роден како Емануел Сведберг; 8 февруари 1688[1]–29 март 1772) — шведски научник, филозоф, мистик[2] и теолог.
Сведенборг имал плодна кариера како пронаоѓач и научник. На педесет и шестгодишна возраст, ја започнал својата духовна фаза, во која имал чудни соништа и визии. Ова кулминирало со духовно будење, а самиот изјавил дека е одреден од Бога да ја напише небесната доктрина за реформа на христијанството. Тврдел дека Господ му ги отворил очите, и дека од тогаш слободно можел да оди во рајот и пеколот, и да разговара со ангели, демони, и други духови. Во последните 28 години од својот живот, напишал и објавил 18 теолошки трудови, од кои најпознато е делото „Рај и пекол“ (1758),[3] како и неколку непубликувани теолошки трудови.
Сведенборг го отфрлил општото објаснување за тројството како за три личности, за кое рекол дека не е учење што потекнува во раното христијанство. Наместо тоа, во своите теолошки записи објаснил дека Светото тројство е една личност, во еден Бог, Господ Исус Христос. Тој исто така ја отфрлил доктрината за спасение само преку вербата, сметајќи дека за спасение се потребни и вера и милосрдноста, а не едното без другото. Целта на вербата, според Сведенборг, е да го води човекот низ животот преку вистините, во кои спаѓа милосрдноста.
Сведенборг избвршил влијание врз повеќемина писатели, меѓу кои: Вилијам Блејк, Елизабет Барет Браунинг, Аугуст Стриндберг, Ралф Валдо Емерсон, Шарл Бодлер, Балзак, Вилијам Батлер Јејтс и Карл Јунг.
Но, еден од најистакнатите шведски автори, Јохан Хенрик Келгрен го нарекувал Сведенборг „будала“.[4] Во Шведска, во 1768 година се одржало судење за ерес против записите на Сведенборг, и против двајца кои ги промовирале неговите идеи. Со кралски декрет во 1770 година е прогласено дека делата на Сведенборг се „чиста заблуда“ и дека не треба да се учат, иако неговиот систем на теолошките мисли не е прегледан.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 29 јануари според јулијанскиот календар. Според грегоријанскиот календар, тоа е 8 февруари
- ↑ Наречен е мистик во многу извори, вклучувајќи ја и интернет-верзијата на Енциклопедија Британика, Swedenborg, Emanuel, како и во „Енциклопедија на религиите“, издание од 1987.
- ↑ Bergquist, Preface (p. 15-16)
- ↑ Јохан Хенрик Келгрен и неговата често цитирана сатирична поема, насловена како Man äger ej snille för det man är galen („Не си генијален само затоа што си луд“) во 1787 г. Вид.: Jonsson, Inge, Swedenborg och Linné, in Delblanc & Lönnroth (1999).
- ↑ Jonsson, Inge, Swedenborg och Linné, in Delblanc & Lönnroth (1999), pp.453-463
Оваа статија за филозоф е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
- Никулци за филозофи
- Шведски теолози
- Шведски филозофи
- Филозофи од 18 век
- Христијански мистици
- Западни мистици
- Спиритуални писатели
- Родени во 1688 година
- Починати во 1772 година
- Членови на Кралската шведска академија на науките
- Луѓе од Стокхолм
- Лутеранци
- Апсолвенти на Упсалскиот универзитет
- Просветителски филозофи