Давор Здравковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Давор Здравковски
Здравковски во 2018 година
Лични податоци
Роден на 20 март 1998(1998-03-20)(26 г.)
Роден во Скопје, Македонија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Мадервел Мадервел
Број 17
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2015–2017 Македонија Ѓорче Петров Македонија Ѓ.П. 33 (1)
2017–2023 АЕЛ Лимасол АЕЛ Лимасол 134 (1)
2023– Мадервел Мадервел 2 (0)
Репрезентација
Македонија под 17 г. 1 (0)
2015–2016 Македонија под 19 г. 7 (5)
2015–2020 Македонија под 21 г. 27 (2)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 3 септември 2023
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2020

Давор Здравковски (роден на 20 март 1998 г.) — македонски фудбалер кој игра во Мадервел како играч од средниот ред.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Скопје, Здравковски бил дел од младинската екипа на Македонија Ѓорче Петров, а во летото 2015 година го забележал својот прв настап за првиот тим на клубот во Втората македонска фудбалска лига. На крајот на сезоната, Македонија Ѓорче Петров изборила пласман во Првата македонска фудбалска лига. Во својата премиерна сезона во Првата македонска фудбалска лига, Здравковски се изборил за местото во почетниот состав и одиграл вкупно 33 натпревари за својот клуб.

Во август 2017 година тој потпишал тригодишен договор со кипарскиот прволигаш АЕЛ Лимасол.[1] Два месеци подоцна, на 26 октомври 2017 година, тој го забележал својот прв настап за клубот, влегувајќи од клупата на натпреварот од првата кипарска лига против Олимпијакос Никозија.[2] На 5 февруари 2021 година, Здравковски го постигнал својот прв гол за својот клуб во победата од 1–0 над Пафос.[3]

Здравковски се приклучил на шкотскиот премиерлигаш Мадервел во јули 2023 година.[4]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Здравковски ги поминал сите возрасни категории во националниот дрес и бил регуларен член на репрезентацијата под 19 години за која постигнал пет гола на седум настапи, како и на репрезентацијата под 21 година за која забележал 27 настапи и постигнал два гола.

Здравковски за прв пат добил репрезентативен повик за сениорскиот тим на Македонија од страна на селекторот Благоја Милевски во март 2023 година, за квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2024 против репрезентацијата на Малта.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. proplayersagency.com
  2. Здравковски дебитираше за АЕЛ Лимасол во триумфот над Олимпијакос! ekipa.mk; 21 октомври 2017
  3. Здравковски со својот првенец донесе победа за АЕЛ Лимасол (ВИДЕО)ekipa.mk; 7 февруари 2021
  4. „Davor Zdravkovski: Motherwell say Macedonian's 'unknown' quantity makes him 'exciting' signing“. BBC Sport. 21 јули 2023. Посетено на 22 јули 2023.
  5. Здравковски: Сон на секое дете е да заигра за сопствената репрезентација gol.mk; 20 март 2023

Надворешни врски[уреди | уреди извор]