„Мисионерската поза“ насликана од Едуард-Анри Аврил
Полов однос, полово општење или секс (од лат.sexus, „пол“) означува чин помеѓу две или повеќе личности или животни (од различен или од ист пол) при што доаѓа до стимулација на половиот орган на барем еден учесник. Оваа широка дефиниција за половиот однос ги опфаќа вагинално-пенилниот, оралниот и аналниот секс, како и взаемна мастурбација. Во најширока смисла на зборот, сексот претставува вагинално-пенилен однос при кој доаѓа до оплодување и размножување.
Во средниот век, сексуалните односи биле сметани за грев и биле дозволени само за размножување, но никако заради „љубовно уживање“. Оттука, од верниците се барало да се покаат за своите сексуални односи, а во „покајничките книги“ биле предвидени строги казни не само за телесните задоволства, туку и за самата помисла на блуд.[1] Според германскиот филозофФридрих Ниче, секое презирање на сексуалниот живот и неговото означување со поимот „нечист“ претставува злосторство кон животот и „вистински грев против светиот дух на животот“.[2]
Сексот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]