Прејди на содржината

Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс“ (англиски: Grow a pair: 9 1/2 fairy tales about sex) — збирка раскази на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Книгата ги содржи следниве раскази:[1]

  • Девојката и грмушката со пениси
  • Трите големи курови
  • Вештерката
  • Келнерот и перачката
  • Принцезата и пенисот
  • Во друг дел од шумата
  • Едноставниот Ханс
  • Најголемиот љубовник во светот
  • Записник од состанокот меѓу госпоѓата Дарси Хурлбат, Хортенсија Шејкли, Рејмонд Матс и доктор Максмен, вклучувајќи го и повикот по Скајп до госпоѓата Густи Словак
  • Набави си муда
  • Поговор: ... Во лисица

За делото

[уреди | уреди извор]

Модерните бајки на Волш се сличуваат во светот на чудесните еротски можности, каде желбата е водечка енергија, а срамот е непозната емоција. Во неверојатно смешните, апсурдни и понекогаш мрачни бајки, сè е исполнето со магијата на сексот. Сепак, под надреалната површина на книгата, во нејзиното пулсирачко срце, лежи остроумно истражување на бројните пермутации и комплексности на желбата. Збирката добила бројни позитивни критики. Така, писателката Дубравка Угрешиќ ја оценила со зборовите: „Оваа исклучителна, лесна, смешна книгичка е одлично четиво!“; а Марина Ворнер во „Гардијан“ ја оценила како „надреална, непристојна и безобразно инвентивна“.[2]

Изданија на македонски јазик

[уреди | уреди извор]

Збирката е објавена на македонски јазик во 2019 година како 134. книга во едицијата „Магма“ на издавачката куќа „Темплум“. Преводот го извршила Ивана Галапчева, а авторка на илустрациите е Симона Манчева. Книгата, со обем од 67 страници и со димензии од 17 сантиметри, била испечатена во печатницата „Алма“ во тираж од 100 примероци. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-487118-7.[3]

  1. Џоана Волш, Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс. Скопје: Темплум, 2019.
  2. Џоана Волш, Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс. Скопје: Темплум, 2019, стр. 67.
  3. Џоана Волш, Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс. Скопје: Темплум, 2019, стр. 2.